Пред се', не се сметај за важен. Тоа во тебе ќе роди смирение.
Од смирението ќе се роди разум (искуство и добри мисли), а од разумот - вера.
Верата ќе роди надеж, надежта - љубов, а љубовта ќе роди уште поголема љубов,
големата љубов ќе роди непроменлива постојаност - цврстина во доброто.
А овие четири главни добродетели: правдата, мудроста, целомудрието и храброста се такви, така што, ако се здрави и ако ја имаат својата сила во душата, тогаш тие добро управуваат со трите нејзини дела: ги задржуваат чувствата од сè што е наредено. И тогаш умот, живеејќи во тишина, управува со другите сили според Божјите заповеди и ги одржува во послушност,
Понекогаш дејствувањето на молитвата ни се чини премногу споро, несразмерно со нашето кусотрајно постоење, и повикот јачи во градите: ’Побрзај!’
Се случува на нашиот повик да не ни возврати веднаш. Како плод на дрво, Бог нашата душа ја остава сонцето
Секоја твар е чувар на една мисла Божја; оттука секоја твар е мало Евангелие Божјо, бидејќи Го проповеда Бог, мислата Божја, бидејќи е неуморен гласник Божји. Неразорното јадро на секоја твар ја сочинува мислата Божја што е во неа, мислата на Божјата Мудрост, на Божјиот Логос. Оттука сѐ се стреми, сѐ гравитира кон Бог, кон Божјиот Логос, бидејќи со логосната суштина секое битие чезнее за Бог, копнее за Бог,
Цело време негувам некоја надеж дека човештвото еднаш веќе ќе се „умори“ од духот на непријателство и ќе посака вистински мир. Тогаш на сите ќе ни биде полесно; и ќе стане можно да се пишува или дури и да се сретнува „во живо“. А засега на луѓето сѐ уште повеќе им омиле мракот, непријателството, отколку светлината, љубовта и мирот (Јн. 3, 19).
Ти гледаш во тој пат: растенија, животни, вода, суша, луѓе и што ли не достојно за окото – ќе му се порадуваш и одминуваш. Понатаму, сретнуваш камења, пропасти, трња, скали, ѕверови и што ли уште не непријатно – ќе потажиш за тоа и го продолжуваш патот. Тоа е животот – тој нема задоволства постојани; ниту, пак, болки бескрајни.
И тоа е доволно.Тоа ќе биде тивка песна на срцето,која ќе ги помине небесата
и ќе дојде до самиот Бог.
Да си разјасниме самите на себе што за нас направил Господ
и ќе видиме колку ќе биде природен тој восклик.
Некој од светите луѓе реколː „Телото му станува пријател на гревот, кое се плаши од искушенија, се плаши да не дојде до крајност и да не биде лишено од својот живот“. Затоа Светиот Дух го тера да умре и на подвижникот му внушува да се предаде себеси на смрт. Зашто знае дека, ако не умре, нема да го победи гревот. Ако некој сака во него да живее Господ, тој го принудува своето тело да Му служи на Господа
Само со љубов и саможртва можеме да му помогнеме на другиот човек. Подобро е да се насмевнеш на другиот човек, отколку да извадиш меч. Мечот сече сè и ништо не остава, а насмевката може да направи сè. И таа насмевка може многу нешта да исправи. Ако се насмевнеме на човек, кој е многу притиснат, го спасуваме.
Само со љубов и саможртва можеме да му помогнеме на другиот човек. Подобро е да се насмевнеш на другиот човек, отколку да извадиш меч. Мечот сече сè и ништо не остава, а насмевката може да направи сè. И таа насмевка може многу нешта да исправи. Ако се насмевнеме на човек, кој е многу притиснат, го спасуваме.
Од апостолско време па до денес, сите оние кои навистина Го љубат Христа, ја почитуваат и онаа што Го родила, Го воспитувала и се грижела за Него кога Тој бил дете. Ако Бог Отецот ја избрал, Светиот Дух слегол врз неа, а Бог Синот се вселил во неа и ѝ бил послушен во Неговото детство и се погрижил за неа додека висел на крстот, тогаш, секој кој ја исповеда Света Троица
Таа е основа на пророците, почеток на Апостолите, потврдување на мачениците, основа на учителите.
Таа е слава на оние што се на земјата, радост на оние што се на Небесата, украс на сето создание.
Таа е почеток, извор и корен на надежта кој ни е подготвен за нас на Небесата, да се удостоиме сите да добиеме
Како што е напишано, некои велат дека во градот Рим за една година се случиле три напасти: реката Тибар се излеала и потопила еден дел од градот Рим, а другиот дел изгорел од пожар. Третата, пак, напаст била следнава: ќерката на императорот Август, бидејќи немажена, паднала во срамен грев и, откако се исплашила од смртна пресуда, се скрила и ја снемало. Август, пак, тагувајќи за сè ова, ги собрал сите свои болјари и народни старешини
Кога некој го прашал Старецот за тешкотиите за комуникаците во неговата работа, тој му го дао следниот совет:
„Никогаш не мислете лошо за другите. Со своја молитва, со свое обраќање кон Христа, благотворно делуваш на ближните. Размислувајќи лошо за луѓето, негативно влијае на нив. "
Мнозинството архиереи и свештеници повеќе се грижат за нивните скапоцени олтари, одежди и блескави раса, отколку за нивните дела. Не велам дека архиерејот или свештеникот треба да изгледа гнасен, нечист, парталав – далеку од тоа.
На Света Гора, недалеку од мојата калива, живее еден кипарски монах - старец Јосиф, по потекло од Карпасија. Старецот има 106 години и се грижи за себе. Дали е ова нешто што го гледате во светот денес? Некои сегашни пензионери не можат ни да одат, нозете им слабеат, самите се дебелеат од седење и стануваат бескорисни. И кога би биле зафатени со нешто, од тоа би добиле голема корист.
И не можеме а да не се запрашаме зошто Евангелието нè повикува да станеме како деца. Што поседуваат децата што ние не го поседуваме и зошто тие лесно можат да влезат во царството Божјо, а ние не можеме? Не најдов многу одговори на ова прашање, но еден од нив ми се појави во мислите - децата целосно им веруваат на своите родители,
Дрвото се познава по плодот; така што тие кои исповедаат дека се Христијани, ќе бидат препознаени по нивното однесување.
Бидејќи, сега не се бара просто исповедање, туку човекот да биде постојано во силата на верата се` до крајот...“