Срамно е и грев е кога човек што нема вистинска љубов и вистинско покајание упорно тврди дека православните ќе се спасат, а другите ќе бидат осудени. Не можеме да кажуваме и да заклучуваме такви работи (дали некој ќе биде спасен или осуден), не само за здрав човек, туку и за оној што е болен и умира. Господ вели: „Ако видете дека некој е на смртна постела, не судете му, зашто не знаете како ќе му биде судено“.
Гревот е едно, а пеколот нешто друго. Не станува збор за иста работа. Исто така, спасението е едно, а небото (или Царството Небесно) нешто друго. Не е исто. Треба цврсто да веруваме дека без крштение, оној што не се облекол во Христовата светлина нема да го види Царството Божјо. Нам (православните) ни е дадено повеќе и затоа од нас ќе се бара повеќе.
Има една изрека кај светите Отци:
„Три работи ќе го изненадат спасениот човек на небото: прво, дека е на небото; второ, дека ги гледа оние што не очекувал да ги види, и трето, дека не ги гледа тие што очекувал да ги види таму“.
Преподобен Гаврил Ургебадзе
06.07.2024
fb Pravoslavie mk