логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Обновено)

Блажениот Старец Нил од скитот на Светиот Нил Сорски

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата  (втор дел)

TVITER63

Понеделник:

Од валканите усни прими ја оваа молитва, Неосквернета, чиста и најчиста Дево, Богородице, и не презирај ги зборовите мои, О Радост моја, погледај на мене и сожали се, Мајко на мојот Создател. За време на мојот живот не ме напуштај, бидејќи Господарке, знаеш дека ја положив сета своја надеж на Тебе и сето мое тежнеење е кон Тебе. Заради ова, во време на мојата смрт, застани крај мене, Помошничке моја, не се засрамувај од мене. Затоа што знам, Дево, дека сум виновен за мноштво гревови, и бедникот, треперам. сеќавајќи се на тој час. Но, Ти Радост моја, покажи ми го Твоето присуство, и биди ми необично миостива, Посредничке на моето спасение. Спаси ме Господарке, од свирепоста на демоните, од грозното и страшно испитување на духовите на поднебесието, избави ме од нивата пакост, преобрази ја сета жал и тага во радост со Твоето просветлување и подари ми неповреден да ги поминам властите и началаствата на темнината и да стигнам да го прославам Христос Господ Кој седи на престолот на славата до Неговиот беспочетен Отец и пресветиот Дух. Амин.



Вторник:

О, Сесвета Господарке Богородице, Која си почествувана од ангелите и архангелите, херувимите и серафимите, и посвета од сите светии, Дево Мајко Божја! Спаси ме мене, Твојот понизен и грешен слуга, затоа што знаеш, семилосна Госпоѓо, дека освен Бога, сета своја надеж ја полагам на Тебе, и немам друг заклон на спасението освен Тебе, Предобра. Ти си мојата сила, Господарке, Ти си мојата моќ, Ти си ми радување во тагата, засолниште во искушенијата, исправање во падот, Ти си ми исто така и сета надеж за спасение, О Мајко на мојот Господ и Создател! Помогни ми, мене кој пловам низ длабочините на овој живот, страотно нападнат и загрозен од паѓање во грев. Подај ми рака на спасението, Помошничке моја, и избави ме од милта на бездната, за да не потонам во невидот на безнадежноста: затоа што бурата на гревот и страстите се подигна против мене и брановите на престапите на препокрија .Но, Ти, Сострадална Мајко, Ти пристан на бестрастието, раководи ме и спаси ме, Надеж на безнадежните и Посредничке на моето спасение. Амин.


Среда
 Bogorodica.pelagonitisa.jpgО, Богородице, Ти си мојата надеж, и тврдина на надежта блага и прибежиште мене кој сум истоштен од присуството на страстите! Спаси ме од сите непријатели кои ја прогонуваат мојата душа, и ја ловат преку различните искушенија; затоа што на патот по кој одам тие сокрија многу замки, многу соблазни, многу неправди, многу измами на душата и телото кои ме измамија на гревовни падови и јас, бедникот, веќе наседнав на мамките на непријателот кој ме врза и ме држи: и што ли ќе правам, јас безнадежниот?  Не знам! Зошто ако се обидам да се покајам, моето бесчуствие, тежеста на срцето и бессолзието ме сопираат! Ридам пред мојата проколната состојба! Оф леле за мојот губиток! Се  пеплосувам од моето сиромаштво! Кому тогаш да се обратам јас виновниот? Единствено на Тебе, сострадална Мајко на нашиот Господ и Спасител, надеж на безнадежните, тврдина и заштита за оние кои Ти прибегнуваат! Не се одвраќај од мене валканиот: бидејќи Те имам Тебе за единствена утеха во мојот живот, О Дево Маријо Богородице, и се дрзнувам само Тебе во секоја мака да Ти прибегнувам: не ме напуштај, туку и во овој живот и во часот на мојата смрт дојди ми на помош, моја Помошничке, бивајќи победителка над засрамените мои непријатели, кои се ништожни пред Тебе, Господарке и Посредничке на моето спасение. Амин.
Четврток
Кој може достојоно да Те благословува, Пресвета Дево: чии усни се способни да го химнословат Твоето величие кое е над сето поимање? Преславни се таинствата кои ги извршуваш, Богородице, повозвишени од мислата и зборот. Со убавината на девството и блескавоста на чистотата ги зачуди херувимите, а серафимите трепереа во почитание: зашто чудото на безгрешното Раѓање ниту ангелски ниту човечки јазик може да го објави. Зашто од Тебе Беспочетниот и Единородниот Син Божји, Бог Словото, неискажливо вочовечувајќи се, беше роден и живееше меѓу луѓето, и Тебе како Мајка Негова Те воздигна, покажувајќи Те за Царица на сето создание и сигурен засолн на спасението. Затоа, сите кои притекнуваат под Твојата заштита, турнати од маки и невољи, од Тебе во изобилство примаат  утеха  и исцеление  и спасени се од опасности. Бидејќи Ти навистина си  Мајка на сите кои се натажени и натоварени, Радост на нажалените, исцеление на болните, заштита на младината, потпора во староста, слава на праведните, на грешниците надеж за спасение и патеводителка на покајанието; на сите кои ти прибегнуваат со вера и љубов Ти секогаш им помагаш и посредуваш за нив, О, Предобра. Те молам огнена Посредничке на христијаните и мене помогни ми бидејќи јас сум во очај поради моите дела: посредувај за мене, за да не загинам потполно во гревови; бидејќи немам друго засолниште и заштита, освен Тебе, Господарке на мојот живот: не ме напуштај, не презирај ме, и преку само за Тебе знајните судови, спаси ме, зашто си блажена во сите векови. Амин.


Петок
Тебе Ти го поверувам мојот живот на заштита и на Тебе после Бога, ја полагам сета надеж на моето спасение, Господарке и Дево Богородице. Јас Твојот слуга, Ти се молам, не ме презирај мене кој имам многу гревови, но види ја мојата тага и возматеност и подај ми олеснување и утеха, за да не се изгубам потполно. Испружи ја твојата десна рака, Пречиста, подигни ме од милта на моите злодела и положи ме на чистото пасиште на заповедите на Христа, мојот Цар и Господ, за можам секогаш да дејствувам поткрепен од Него. Избави ме Госпоѓо, од моите страшни гревови и со своето мајчинско посредување кај Твојот Син и Господ, прати ми покајние на спасение. Ти Која ја покажа неискажливата Светлина, осветли ја мојата духовна темнина и грешноста која е таму. Радост  моја, избави ме од невидливите непријатели  кои ме опкружуваат; затоа што моето мноштво гревови е тешко, моите непријатели се многу жестоки, смртта е близу, совеста ме обвинува, огнената Геена ме страши, црвот кој не спие, крцкањето со заби, се тресам од страв од крајната темнина на Тартар, зашто тие сакаат да ме земат поради моите зли дела. Тешко мене! Што ќе правам тогаш, кому ќе прибегнам, за да ми биде спасена душата? Кон Тебе самата, Преслатка Богородице Маријо, Која ја засладуваш горкоста на смртта за оние кои се надеваат на Тебе и оние кои плачат пред Тебе ги избавуваш од страшната Геена. Помогни ми, Предобра, затоа што тогаш ќе немам друга помош освен Тебе, Сеопеана. Спаси ме тогаш од ужасот и свирепоста на демоните во часот на смртта; спаси ме од злобните духови и воздушните митарства по смртта: Покажи ми го, Те молам, покажи ми го тогаш Твоето најблескаво присуство; Господарке, и не ме напуштај мене беспомошниот, сомилосна Мајко! Приклони ја милоста кон мене лишениот од милост поради моите дела и моли го Него Кој се воплоти, Христос Нашиот Господ и Спасител, Кој ја излеа пречистата Крв на Крстот, за да можам и јас да примам простување на гревовите и вечно спасение и да го славам Твоето неискажливо сострадание, Богородице, и милосрдното посредување во бесконечните векови. Амин.

TVITER61


Сабота
Радувај се О Дево Богородице, засолн и заштита на мојата исцрпена душа, моја слатка надеж на спасението! Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Радувај се Ти Која не ја наруши девственоста со раѓањето! Радувај се Ти Која ги прими даровите од мудреците и го објави нивнато поклонение пред Него Кој беше роден од Тебе и ги чу преславните зборови на овчарите кои се однесуваа на Него и сите овие нешта ги положи во срцето свое! Радувај се Ти Која исполнета со радост го најде детето Исус, Твојот Син и Бог, во храмот помеѓу учителите на Законот! Радувај се, оти ја искуси страотната болка на измачувањето на Крстот, Распетието и Смртта на Твојот Син и Бог! Радувај се Ти Која по сите овие маки беше светло развеселена со Воскресението на преслаткиот Исус на третиот ден! Радувај се Ти која го покажа Вознесението на Синот и Бог во небесната слава! Радувај се Ти Која заедно со учениците Господови од Него го прими Светиот Дух, Кој слезе долу во горната одаја во вид на огнени јазици! Радувај се оти живееше како ангел на земјата! Радувај се оти ги надминуваш во чистота и светост сите ангелски редови и сите хорови на светителите! Радувај се зашто си славно возвеличана со слегувањето во Тебе Твојот Син и Бог! Радувај се Ти Која ја повери својата душа во Неговите свети раце! Радувај се Ти Која со тело славно беше вознесена на небесата! Радувај се Ти Која им се јави на апостолите кои Бога Го проповедаа, на третиот ден од упокоението! Радувај се Ти Која си овенчана на небесата на Отецот и Синот и Светиот Дух со венецот на вечното Царство! Радувај се Ти Која беше востоличена во слава близу престолот на Пресвета Троица! Радувај се Ти преку Која Бог се помири со човекот! Радувај се, Царице Која владееш над небесните и земните нешта! Радувај се зашто ништо не е невозможно со Твоето посредување! Радувај се, оти сите што со вера ти прибегнуваат, се спасени! Радувај се затоа што преку Тебе нажалените наоѓаат утеха, болните исцеление, несреќните скора помош! Ти се молам, Господарке исполнета со милост, избави ме од грешната тага и подај ми ја радоста на спасението, утешителните солзи, постојаната скрушеност, вистинското покајание и совршеното исправање! Не ме презирај, Господарке, но милосрдно прими ги овие радсони извици од мене кутриот, и дојди ми на помош во мојата  немоќ, во оној страшен час кога мојата душа ќе се раздели од моето презрено тело, дојди тогаш, Те молам во моја помош и избави ме од вечната казна, мене кој сум виновен во грев, за да не бидам радост на демоните и храна за огнената Геена. Да, моја Господарке, не дозволувај мојата душа да ги види грозните и страшни закани и мачења на демоните подготвени за грешниците но, оди пред мене и спаси ме мене Твојот слуга во тој страотен час, за да можам да Те славам Тебе низ вековите, моја единствена надеж и Посредничка на моето спасение. Амин.

Недела:

Семилосна Дево Богородице, Мајко на милоста и љубовта кон сето човештво, најсакана моја надеж и жедба! Мајко на најслаткиот и најпосакуваниот Спасител, Кој ја надвиши секоја љубов, Исус Христос, Човекољубецот и Господ мој, Светлина на мојата помрачена душа! Јас, кој сум преисполнет од грешност и лишен од надеж, ничкум паѓам пред Тебе, и Ти се молам; благ Извору на милоста, Дево Богородице, Која имаш бездната на Милосрдието, и го достигна дното на Состраданието и љубовта кон човечкиот род!: Биди ми милосрдна, имај милост кон мене, излевам болка и солзи кон Тебе, биди ми милостива, мене кој сум целиот сум изранавен, бидејќи западнав меѓу безобѕирни крадци и затоа оф леле! соголен сум од ризата во која Отецот ме облече! Затоа јас лежам оголен од секакво добро дело, моите рани се смрадни и гнојни во моето безумие. Госпоѓо моја, Богородице, со своето милосрдно око погледни ме, понизно те молам и не презирај ме, мене кој сум целиот помрачен, сиот во нечистотија, потонат во мил од страсти, страшно паднат и немоќен да станам. Сожали се на мене и подај ми ја спасувачката рака, избави ме од дното на гревот, О Радост моја! Избави ме од нив кои ме опколуваат; стори моето лице да блеска како на твој слуга; спаси ме од пропаст, измиј ја валканоста, подигни од страшниот пад: бидејќи сé ти е можно, како Мајка на Семоќниот Бог. Излиј ја на мене милоста Своја и исполни ме со питието на скрушеноста, бидејќи Те стекнав како вистинска и единствена надеж во мојот живот; не одвраќај се од мене кој ти прибегнува, но, погледни на мојата тага, Дево, на на мојата душа копнеж, прими ја оваа молитва и спаси ме, Посредничке на моето спасение! Амин.


Источник: www.holycross-hermitage.com

Молитви кон Пресвета Богородица, за секој ден во седмицата


 Подготви: М. Белева

 

Друго:

 

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Молитвеник

https://sites.google.com/site/molitveniknamaedonski/molitvi-kon-presveta-bogorodica-za-sekoj-den-vo-sedmicata

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3208
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7691
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная