
„Човековиот напредок не се мери според животинскиот напредок,
туку според скратувањето на растојанието меѓу човекот и Бога.“
Свети Николај Велимировиќ
„Ставови-Духовна смисла
Оваа мисла прави суштинска разлика меѓу два вида напредок: надворешниот и духовниот.
Човекот може да напредува во науката, технологијата, знаењето, удобноста и владеењето над природата, а притоа да остане духовно непроменет. Може да располага со сè поголема моќ, а да има сè помалку љубов; да знае сè повеќе за светот, а сè помалку да го познава сопственото срце.
Свети Николај нè потсетува дека вистинската мерка за човечкиот напредок не е колку човекот успеал да го освои светот, туку колку успеал да се приближи до Бога.
А тоа приближување се препознава по љубовта, смирението, милосрдието, чистотата на срцето и ослободувањето од страстите.
Човекот не станува поголем само затоа што неговите можности стануваат поголеми. Тој станува вистински поголем кога неговата душа станува поблиска до Бога.
Тука е и најдлабоката поента: не секој напредок е и човечки напредок.“

,,Јас сум ученик на овој човек, Николај. Илјада ноќи без прекин не спиеше. Не само једна ноќ, туку илјада.
- Па како се одмараше!?
Се молеше на Бога... Осумнаест години бев негов ученик. Тој беше голем аскет, можеше да помине по 36 дена без храна и вода... Јас не можев да издржам повеќе од 25 дена... Ама тој човек ме научи како многу да се молам на Бога и да гладувам. Инаку не би можел јас да живеам толку години во самотија, ако тој не ме проведеше низ тој подвиг..."
--Старец Калист пустињак--
(Јас лично го запознав о. Калист во манастир Жича и од него слушнав за многу чуда и подвизи на Еп.Николај. Кој сака да се увери во тоа, нека чита во книгата
,,МОНАХ КАЛИСТ за нивните заеднички подвизи)
5.11.2026
пп




















