Монахот, без разлика дали живее в пустина или во општежитие, има една главна цел: да ја извршува волјата Божја, а не она за коешто мисли дека е добро. На овој начин се ослободува од неговите себељубиви желби. Ова е началото на очистувањето од страстите, началото на исихастичкиот живот.
Честопати велам дека нашата Татковина е земја-храм, земја-манастир, земја-крст! Нашиот народ и кога за ништо друго немал ‒ за Бога и за верата своја имал! Велелепните Божји домови, распослани ширум Македонија, сведочат дека сме црквољубив и црквоградлив народ. Впрочем, веројатно не е далеку од
Треба во секое време да сме подготвени за денот, во кој ќе дадеме отчет пред Спасителот за сите наши беззаконија. Заради тоа, нужно е што поскоро да започнеме со духовен стремеж и да го најдеме својот пат на духовно восходење. Ете, учителката го воведува детето за раче во училиште, а после тоа го учи на азбуката. Така е и со свештениците во Црквата.
Да се биде Христијанин во вистинската смисла на зборот значи да се биде свет. Кога веќе не успеваме да се држиме до светоста, да се држиме барем до човечноста. Кога веќе не успеваме на братот да му бидеме брат, дај барем да не си бидеме волк еден на друг. До толку можеме. Немаме изговор до толку.
Ми се чини дека потребата да се ‘‘живее виртуелно’’ на социјалните мрежи во голема мера се должи на можноста да се говори од ‘‘говорница’’, не сносувајќи одговорност за своите зборови. Човекот на интернет станува невидлив. Тој може да настапи од никаде. Психолошки тоа е многу удобно. На социјалните мрежи соговорникот не ги гледа твоите очи, изрази на лицето, твоите вистински емоции.
Отецот Филотеј Фарос е еден просветлен клирик, богослов и психотерапевт. Разговарајќи со него откриваш нови хоризонти, добиваш богатство од знаење, сочувство и еден вкус на живеење. Има напишано повеќе од десет книги со главна тема од животот на човекот, љубовта, смртта и најважното е дека успева со зборови од душата да ја разбуди совеста.
Откако стана епископ на Црквата и замина по белиот европски свет да ги собере сите Македонци, кои покрај куферите со себе ја понеле и верата во Христа Бога, за заедно да се молат на Бога во наши храмови и да Му благодарат на Христа Бога за сето тоа, отец Пимен повторно и повторно го бара и го сонува параклисот, и така секоја година.
Додаде дека како епископ на Црквата, како духовник, во суштината и заднината на цела оваа идеологија, пропаганда, како што рече ова тоталитаристичко движење коешто го покорува светот, гледа само едно лице-лицето на исконскиот непријател на човештвото, којшто го мрази човекот заради тоа што е создаден во образ и подобија божја.
Епископот Јаков во интервјуто говори и за административното признавање на фактичката автокефалност на МПЦ-ОА, за однесувањето на Црквата во време на пандемијата, за пописните резултати за религиозната припадност, за случувањата во Украина и заземањето „исправна“ страна од страна на „верниците“ за исполнувањето на верата, обичаите и традицијата,
На 82 години вчера почина протојереј – ставорофор проф. д-р Јован Таковски. Тој ги преведе сите богослужбени книги на МПЦ-ОА од црковно-словенски на македонски јазик, со што ги направи разбирливи за својот македонски народ и остави непроценливо богослужбено наследство.
Во сегашно време, монаштвото е повикано да ја заштити вистината на верата. Од монахот се очекува да ја остави својата осаменост и затвор.
Да се присетиме на свети Василиј. Тој својот свет живот го поминал среде човечките страдања.
Денес, заради љубовта, а особено поради должноста што ја чувствуваме спрема нашите предци, нашиот благоверен народ, нашите незнаени и знаени молитвеници што коленичат пред Бога, Господ, Оној Кој е насекаде и сѐ исполнува, благоизволи земјата да ги исфрли закопаните слова,
Првпат се сретнала со иконографијата на 17 годишна возраст, но клучен е понатамошниот пат кој го сфатила како вистински предизвик. Следува „Националната Ликовна Академија“ во Софија, дипломирање, првата самостојно работа во ателје, средбата со професорот по иконографија од Атина, д-р Јоргос Кордис, кој станува нејзина најголема инспирација и кај кого посетува приватни часови во Солун. Понатаму,
Во секој случај, не можеме да негираме дека морално - духовните фактори заземаат одредено место меѓу причините за појава на цела низа психички болести. Многу психички нарушувања се поттикнати од гревовни страсти, тие се последица на гревовниот начин на живот, на страстите и пороците вкоренети во човечката душа. Денес науката многу зборува за улогата на стресот, иако и во времето на Иван Грозни не било многу спокојно да се живее. Зборуваме за генетика, екологија, биохемиски процеси во мозокот.
Иконата треба да биде онаа алка што ќе го спои современиот човек со вечноста.
Нејзината основна смисла е духовната суштина и
благодатта што излегува преку неа како светлина низ прозорец.
Очигледно е дека книгата ја допре стварноста од духовниот живот на многу луѓе, дури и на оние кои се далеку од било каква религиозност и неделни црковни собирања. За мене беше исклучително важно и интересно тоа што голем број луѓе, во оваа книга ја пронајдоа својата судбина.
Покајното чувство треба да нѐ придружува постојано, и тоа треба да биде нашата главна подготовка за Причеста. Ако постојано се подготвуваме за примање на Светите Христови Тајни и ги примаме нив толку често, колку што можеме, тоа и ќе биде правилно христијанско устројство.