логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Љубовта е прозорлива
- интервју со протоереј Феодор Бородин -


-Има една реченица на писателот Лав Толстој: "Сите среќни семејства си личат едно на друго, а секое несреќно семејство е несреќно на свој начин". Дали сметате дека Толстој бил во право?


- Ако добро се сеќавам, во семејниот живот самиот Лав Николаевич, меко кажано, не бил најсреќниот човек. Затоа јас лично не би имал доверба на тоа негово обопштување. Мене и се чини, дека сите среќни семејства, кои за жал, денес ги има сé помалку и помалку, се уникални - секое на свој начин. Нели секој човек е неповтролив. Нема две души кои се еднакви. Кога го нарекуваме Господ Творец, на грчки тоа е "поетис", треба да помниме дека главното Негово творение е човекот. Вистинскиот уметник нема две исти слики. Така е и кај Господ.

Затоа се разбира, кога две неповторливи личности создаваат единство, тоа е таква тајна, која само при површен поглед изгледа проста. Како тоа да е некаков стандард, кој ги осреднува или нивелира индивидуалностите. Но, сите среќни семејства, кои сум ги видел се неповторливи. Може да станува збор за молчаливи и воздржани за поглед од страна односи, но секогаш се чувствува нивната воодушевувачка длабочина. Можеме да видиме и радосни, весели односи меѓу сопрузите. Долгогодишните семејства се еднакви само во еден однос - сопрузите почнуваат да си личат еден на друг. Сум видел семејства (за жал такви ретко се среќаваат), во кои и двајцата сопрузи се христијани, кои преживеалe долг заеднички живот. Ставовите за животот им се речиси еднакви, дури интонацијата при разговор им е еднаква. Гледаш и ги разбираш, дека имено тоа е вистинската среќа. Некому тоа може да му се стори досадно. Не знам, но мене така ми се чини.


-Ми доаѓаат на ум зборовите на Алексеј Илич Осипов за тоа, дека има закони на духовниот живот, благодарение на кои луѓето стануваат среќни. Да, сите луѓе се индивидуални, но има некои закономерности, кои треба да се запазат, инаку  мозаикот ќе се распадне на бесмислени фрагменти.


-Се разбира, патиштата кон семејната среќа се различни, но всушност има и потполно неопходни барања и нив можеме да ги наречеме закони. Меѓу другото, книгата на А. И. Осипов "Брак. Љубов. Семејство." е потресна. Според мене, тоа е најдобрата брошура за бракот. Секогаш ме поразувало тоа, што Алексеј Илич, кој самиот не е семеен, толку длабоко ја прозрел суштината на семејните односи. Затоа на сите, кои сакаат да се венчаат и да се замислат над целта на христијанскиот брак, им ја давам таа книга.

Понакусо, суштината на христијанскиот брак ја беше изразил еднаш о. Димтриј Смирнов. Мајка ми која црквуваше во неговиот храм, ми го раскажа следниот случај: Неделен мајски ден, летна горештина, службата завршила. Отец Димитриј седи изморен на еден стол, редица од луѓе, кои чекаат да разговараат со него. Во храмот влетува една млада двојка, кои се држат за раце. Се гледа, дека многу се сакаат. Заслепени од сопствената среќа тие не го забележуваат редот луѓе, одат право кон него и на сеопшт призор прашуваат: "Оче, што треба да направи човек, за да изгради добро христијанско семејство?" Отец Димитриј видел дека, пред него стојат невоцрковени луѓе, се замислил мигум и како остроумен човек, вели:" Нема ништо попоросто: Земаш еден добар христијанин и една добра христијанка и се добива добро христијанско семејство."

Тоа звучи како шега, но практично во неа се содржи сиот опит на Црквата. Ако ти се молиш, ако се стремиш кон Христос, ако ги исполнуваш зборовите на апостолот, дека "вие треба да ги имате истите мисли, какви што ги има Исус Христос" (Фил.2:5), ако се грижиш да личиш на Него, ако ги надминуваш гревовите и се бориш со страстите, тогаш ќе бидеш добар сопруг, а таа добра сопруга.

Со други зборови, кога Христовите заповеди се основа на изградувањето на младото семејство и така остане за време на целиот живот, кога и двајцата го имаат тој заеднички вредностен систем, кој за нив е апсолутен авторитет, тогаш тоа ќе биде едно среќно семејство.
- Знаете што, ужасно е, но сега си дојдов на себе, дека не познавам такви семејства. Познавам помалку или повеќе хармонични семејства, но и таму има забележителни трзавици и дури некакво мало незадоволство од другиот. Леле, па јас не можам да кажам, дека познавам потполно среќни семејства.
- Во таа смисла ние сме сирачиња, оти скоро да нема такви примери.
- А двојките за кои говоревте, дали тоа се повозрасни луѓе?
-Се разбира тоа се возрасни луѓе, кои заедно проживеале 30-40 години.
-Но, тие живееле и се воспитувале за време на советскиот атеизам - од каде пак тоа кај нив?
- И во советско време исто имаше поединечни верни луѓе.
-Но сега верните како да станаа повеќе.

-Да, но основните духовни закони, кои вие ги спомнавте, ги запазуваме се помалку и помалку. Парадоксот е во тоа, што во советско време се уште работеа преостанати христијански принципи и дури и неверните луѓе во тоа време, ценеа, дека треба да ги почитуваат. Имено, тоа помагаше да се создаваат и сочувуваат семејствата.
Ќе ви го наведам следниот пример. Има една позната советска песна " Толку многу златни огнови има по улиците на Саратов". Текстот е напишан од поетот Николај Доризо, член на партијата од 1947 година, т.е. човек, кој веќе не бил дел од христијанската традиција. Но, и покрај тоа, видете какви стихови има таму:

Ох, рано се ожени тој!
Тажна случка!
Од себеси си ја кријам својата љубов,
а од него, уште повеќе.
Не треба да го гледам
се плашам да не му се допаднам.
Со љубовта ќе се справам сама
а заедно нема да можеме да се справиме.

-Т.е. таа е вљубена во оженет човек?
- Да, имено. Но, тука се уште има однос кон туѓиот брак како кон најголема светиња, која стои погоре дури и од сопствената вљубеност. Човекот ќе  одолее во своето тежнеење кон другиот, оти не може да го разруши туѓиот брак. Таквиот христијански однос кон семејството се предавал  за време на советската епоха, уште едно извесно време, преку примерот на родителите, како општоприфатена норма, но потоа почнало да се руши. Не случајно гледаме, дека кај европските народи бракот, како социјална институција, скоро да го прекрати своето постоење. Истата бројка ја има и кај нас - на десет брака, приближно девет разводи. Тоа е чудовишна статистика.
Зошто се случува тоа? Затоа што Евангелието престанало да биде основа на семејниот живот. Христијанскиот однос кон бракот е ваков: еднаш за цела вечност. Дури и не само за цел живот, туку за цела вечност. Т.е. ти, таа и Тој. Како што сега стоите на венчавката пред царските двери, така држејќи се за раце, ќе стоите пред Божјиот престол на Судот. Бидејќи тогаш веќе нема да има вера и надеж за Божјото Царство (оти тие веќе не ќе се неопходни, бидејќи сé ќе се исполни), а љубовта постои во веки, така вашата љубов ќе остане. Да таа ќе има друга форма, "Оти при воскресението ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, но ќе бидат како ангели Божји на небесата" (Мат. 22:30). А љубовта не може да исчезне, тоа го знаеме од Божјото Откорвение - од Свештеното Писание.

TVITer

Љубовта на Бог кон човекот е толку висока и силна, затоа што Господ оди на Крст заради таа љубов. Христијанинот е човек, кој исто така  е призван имено кон таква љубов кон сопругот, кон децата, кон родителите, кон сите. Не случајно Светото Писмо секогаш се сврзува заедно со љубовта кон луѓето и љубовта кон Бога, затоа што едното е возможно без другото. Таквото разбирање на љубовта, како нешто посилно и поважно од животот и смртта, е предложено на човекот од страна на христијанството. Така да, ако разбираме, дека имено токму него треба да го воплотиме во својот семеен живот, тогаш ќе разбереме зошто во Црквата се невозможни на пример, разводите. Црквата не го прифаќа на ист начин вториот и третиот брак. Вистинскиот христијански брак, може да биде само еден.
Да, од Светото Писмо ние знаеме, дека вдовецот може да создаде ново семејство и каноните на Црквата го дозволуваат тоа. Но, ако ги погледнете богослужбените укажувања за венчавањето на луѓе вдовци, со зачудување ќе забележите, дека вдовецот кој се венчава, се одлачува од причест за една година. Зошто? Затоа што не ја достигнал онаа височина, се покажал дека се наоѓа поплитко од онаа длабочина, кон која бил призван во својот брак. Да, загубата на сопруг или сопруга е искушение и болка, која Господ ја допуштил, но тој или таа те чекаат таму, во вечноста.
Исто така на свештеникот кој е вдовец во Црквата секогаш му било забрането да создава второ семејство - не од причина што за него се предвидуваат посебни барања, туку затоа што барањата, кои Црквата ги предвидува кон секој христијанин, се поставуваат кон свештениот стопроцентно. Кон останатите може да има некакво снисходување: од немоќ на човек да му биде разрешен втор па дури и трет брак, ако тој се покажал многу слаб, за да го исполни христијанскиот идеал за бракот. Но, свештеникот, треба да го покаже својот брак на Христос и да каже:" Ете, Господи, јас успеав во сé со Твоја помош. Да, во еден момент Ти ми ја зема. Но, јас бев среќен и таа беше среќна."

-А како би одговориле на прашањето што е љубовта?
-Доколку говориме за таква љубов, разбираме, дека нејзината основа е подражавањето на Христовата Љубов. На Тајната вечера, Христос, одејќи на страданија кажал многу важни зборови:" Синот Човечки не дојде за да му служат, туку да послужи и да си ја даде душата за откуп на мнозина" (Мат,20:28). Воодушевувачки! Божјиот Син, Творецот на вселената, Кој што сопира бури, наситува илјади луѓе со пет лебови, дошол значи, да служи. Да разбереме, дека тоа не се просто зборови, оти Тој го извршува ропското послушание - ги мие нозете на учениците. Реакцијата на апостол Петар е потполно разбирлива: тоа е невозможно. Кој си Ти, а кој сум јас! Но, Христос токму затоа и го прави тоа, за апостолот Петар да разбере што се бара од него во служењето и какво треба тоа да биде.

Исклучително е важно да се разбере, дека принципот на љубовта е служењето. Љубам - тоа значи служам. Тоа е акт на вољата, а не емоција. Тоа не е: "таа е прекрасна, убава и грациозна "или тој е" добростоечки и мажествен, тој е силен и ќе ме заштити". Не, тоа е јас ќе служам на тој човек и ќе го направам среќен. Парадоксално е, што исклучително голем дел од луѓето, стапуваат во брак, за да бидат среќни. Тоа е природно очекување на грешниот човек, но христијанинот стапува во брак на прво место, за да го направи дугиот среќен и преку тоа и самиот да стане таков.

Јас имав таков случај - не можам да го заборавам. Ме потресе еден навидум длабоко воцрковен човек во своето четврто десетлетие, кои имаше жена и дете. Бракот започна да му се распаѓа. Седнавме на една клупа во храмот и разговаравме два часа и половина. Според него за сé беше виновна жена му. Тој веќе внатрешно сосема пронашол оправдание за тоа дека сака да ја напушти. Јас му велам: Слушај, а ти кога се женеше, дали сакаше, да ја направиш среќна? Тој нагло се заврте кон мене и ми кажа: "Каква интересна мисла, никогаш не сум помислил за тоа".

А тој е црковен човек, дали разбирате? Тој преживеал 8 или  10 години брачен живот, но за тоа ниту помислил. Зошто? Затоа што денес луѓето не сакаат да служат на ближниот. Еден мој познат свештеник вели:  "Денес секој човек е воспален папок на земјата ". Секој како да си вели на себеси:" Јас сум центарот на вселената, се се врти околу мене и една од орбитите треба да завземе жена ми, да ми го принесува тоа и тоа и да биде таква и таква. Јас од неа треба да го добивам тоа и тоа. Ако престанам да го добивам, повеќе не можам, да ја љубам".

-Возможно е да ви кажат вака:" Јас сум индивидуалност и таа е индивидуалност, нашите индивидуалности не си одговараат и не можат да се совпаднат. Зошто взаемно да си го труеме животот?"
 -Добро, во што се состои суштината на љубовта, која ја нарекуваме христијанска? Суштинaта е во тоа, што таа го следи примерот на Христос: ние служиме еден на друг. Нешто повеќе, патот кон среќата минува единствено низ тоа служење. Еве ги зборовите на Исус Христос, кои дошле до нас преку апостолот Павле: "Поблажено е да се дава, отколку да се прима"(Дела. ап. 20:35)." Поблажено" означува посреќно, но "блажено" е уште посилен и подлабок збор. Полнотата на среќата, која ја дава Бог - тоа е блаженството. Човекот кој дава е посреќен од човекот, кој зема. Доколку служиш, има поголема надеж, дека твојата втора половина исто ќе ти служи тебе. Односно како да го предизвикуваш твојот сопруг на служење како одговор. Ако тој гледа дека ти го љубиш сесрдно, дека со сите сили се трудиш да го направиш среќен, и тој ќе посака да те направи среќна.

-Се разбира, нема полна гаранција. Ти може да бидеш свет и во секоја своја мисла и дело да правиш се правилно, но со сопругот или сопругата може да се појават некакви искушенија и тој/таа да те напушти. Но, надежите за среќа сепак се значително поголеми.
Во недостижното семејство принципот на служењето се реализира речиси секој ден. На пример - имате мало детенце. Вашата жена поминува бессони ноќи и утредента е пополно без сили. Станете и подгответе и топол чај со лимон. Наполнете ù еден термос за преку ноќта. Или мажот станува утредента и си мисли: Со што можам да  послужам на жена ми? Да претпоставиме дека таа има токсикоза и не може дури ни да влезе во кујната, оти почнува да ù се повраќа дури само од мирисот на готвена храна. Е тогаш стани половина час порано, не ја укорувај, туку исчисти ја кујната, ако таа не го направила тоа. Излупи компири, стави ги во вода и потоа во фрижидерот. Свари ù кафе и стави го во термос. Купи продукти и подготви вечера. Ако е уморна психички, испрати ја да се прошета, а ти погрижи се детето.

Служи. А не "се прибрав уморен и сите треба да се вртат околу мене". Туку "се прибрав и иако скоро веќе и да немам никакви сили, сепак треба да помислам што можам да направам, за да усреќам таа измачена жена"? Неа всушност не ù треба многу. Таа чувствува, дека вашата љубов кон неа е жива и дејствителна. На едно место светитот апостол Павел говори за "верата, која дејствува преку љубов "(Гал. 5:6). Нека дејствува таа и во секојдневниот бит.

Она кое што за вашата жена било лесно пред десет години, одеднаш може да стане неподносливо за неа. Таа може просто да легне и да каже: "Не можам повеќе". Тоа најмногу важи за многудетните семејства, затоа што тоа е систем, кој работи со крајно напрегање и често не достигаат нужните ресурси - временски, финансиски, емоционални, Тогаш кога жената ќе ви каже "Не можам повеќе", треба да умеете да го чуете тоа. Или пак, ви станува јасно дека треба да му дадете на вашиот маж, да отпочине, дека и тој не може, дека се задишува, не издржува емоционално, дека треба да го оставите. Си спомнувам за еден многудетен свештеник, кој гледајќи го ќорсокакот, во која се нашла жена му, просто секоја вечер ја испраќаше да гледа некој приличен филм. Друг би ја притискал, би крештел: "Ти си должна"! Е, човек не може петнаесет години по ред да го носи сиот товар на плеќи, понекогаш треба да му биде дадена почивка.
Уште еднаш сакам да кажам, дека вистинската љубов е волево дејствие, а не емоција. Емоцијата е вљубеност. Но, љубовта е нешто совршено друго, таа е дејствие. Кога немаш никакви сили и кога таа нема никакви сили, а ти велиш: "Скапоцена моја, одмори се,  јас ќе ја подготвам вечерата". Одиш и ја приготвуваш таа вечера. Ете тоа е љубов. Ако ти секој ден планираш, што можеш да направиш, за да го олесниш животот на човекот до тебе, да го направиш радосен и среќен, тоа ќе биде служење.
- Еден философ вели, дека законот на нашиот сознателен живот е таков, дека не " јас подарувам огрлица, оти љубам". Туку токму обратното -"јас љубам, затоа што подарувам  огрлица".
-Може да е така. Човекот е многу сложено создание. Тој има срце, има ум, има воља. Понекогаш срцето молчи. Човекот гледа и си мисли: зошто живеам со таа жена? Зошто не сакам да бидам предавник? Потоа пак одеднаш  и подаруваш ѓердан и срцето оживува. Си ја видел радоста врз лицето на жена си и кај тебе исто се враќа радоста.
-Може ли да се каже, дека кај тие среќни возрасни двојки, за кои вие говоревте, се реализира имено тој принцип на служењето?
-Се разбира. Но сега такви двојки има се помалку, затоа што ние станавме лоши христијани - говорејќи и за воцрковените луѓе. Што да се каже за оние кои се далеку од Црквата?
-Макар, од друга страна, прашај било кој човек за каков брак мечтае? Тој ќе каже" Еден брак за цел живот и јас би бил среќен". Сепак душата тагува и копнее по вистинските вредности. Но, како да се постигне тоа, ако човек изискува да му служат на самиот него?  Како да се сочува бракот со жена, која остарела и престанала да биде убава, ако за тебе физичката убавина била главното? Невозможно е, ако преку оние години, кои сте ги поминале заедно, ти не си успеал да се внурнеш во нејзината душа и да ја возљубиш.
-Отец Фјодор, што друго може да го разруши бракот и штоможе да биде опасно за него?
Треба да се каже, дека колку и да има спротиставеност за тоа, предбрачните врски ги разрушуваат идните бракови. Тоа е совршено очигледно. Прељубата во рускиот јазик многу точно се нарекува измама (предавство). Предавството на војникот или офицерот исто се  нарекува измама, само измама на Татковината. Гледаме, дека тоа е збор, кој значува предавство, предавство на идеалот на љубовта.
Ние имаме татковина, и ги знаеме нејзините мноштво недостатоци, но сепак не престануваме да ја љубиме. Но, ако младиот човек се среќава со девојка и не превземајќи никаква одговорност, стапува во врска со неа, што треба да се случи по склучувањето на бракот, а после тоа просто се откаже од неа, и ја смени, на тој начин придобива опит на предавство, кое што после тоа ќе го пренесе и во своето семејство.
Тогаш во главата останува отворена вратичка:" Ако не биде како треба, ќе ја напуштам таа жена". Човекот не е целиот во тој брак. Тој делумно е тука, а дел од животот не е за жена му. Не знам како да го искажам тоа, но испаѓа дека целиот човек не се оженил.
-А во што се изразува тоа? Да речеме, дека некој има творечка професија, а неговиот сопруг од некои причини има незадоволство поради тоа, треба ли да се остават?
-Еднаш ме порази мислата на отец Александар Елчанинов. Тој говореше за тоа дека ако сум оженет и ако отидам на театар без жена ми, тоа веќе го чувствувам почетокот на измамата. Бидејќи ако имам радост, која не сум ја споделил со неа. Чувствувам дека таа радост е престапна - сосема малку, но престапна е.
Оти, што претставува прељубата? Тоа е незаконска радост  на страна, која не само што не е споделена со љубениот, туку му причинува огромна болка. Ние не можеме до крај да го исполниме она, за што говори отец Александар, но треба да се стремиме кон тоа. Да, сите ние сме различни и тоа, меѓу другото, е прекрасно. Нели, кога сум возљубил, кога сум ја зел врз себе таа одговорност, започнувам да го гледам светот, Бог и луѓето со очите на љубениот човек. Јас станувам значително побогат, преку љубовта на мене ми се открива опитот на целиот негов живот и тоа е прекрасно. А ако сакам тој да ги исполнува само тие функции, кои сум ги одредил, неговиот внатрешен свет не ми е интересен, ме интересира само тоа, тој да работи како детал во механизмот кој јас сум го создал. Имено, тоа е таа не потполна љубов, за која говориме.
Ти можеш да го примиш од Бог дарот на љубовта, но само кога ќе ја прифатиш одговорноста за човекот. Зошто Црквата не венчава во случаите, кога нема склучен граѓански брак? Затоа што во тој случај нема да биде постигнат идеалот, не може да се каже "сé мое е твое, и сé твое е мое". Сега ти си млада и убава. Но кога ќе станеш стара и болна, тоа исто ќе биде мое. Јас сум спремен да носам одговорност за тоа. Твојата душа не е помалку важна за мене од твоето тело.

-Но, ние гледаме каква е сега ситуацијата? Дури и мнозина од оние влезени во Црква, мои врсници, израснале во потполно нецрковна средина, кај што имало други норми и обичаи, не ги воспитувале во духот на тие вредности и сега тие имаат зад грбот различни нешта, а тука се вбројуваат и тн. предбрачни врски. Што треба да се прави сега?
-Христос им кажал на фарисеите:"Митарите и блудниците ќе ве претекнат во Царството Божјо" (Мат.21:31). Христос простува и на човекот кој тешко згрешил. Што претставува Божјото простување, кое го примаме во услови на вистинско покајание? Тоа е кога Господ прави гревот речиси како да не постои. Само Он го може тоа. Човекот навистина може да се врати кон целомудрена состојба, како што се вратила, на пример света Марија Египетска. За нас, нејзиниот степен е недостижен, но сепак можеме со Божја помош, да ја сочуваме верноста и да не паѓаме во гревот на измамата.
Покајанието не е само акт на прошка од страна на Бог, туку и дејство на Божјата благодат, која се дава на човек за надминување на неговата грешна навика. Може десет години да се каеме во еден и ист грев, а после тоа наеднаш доаѓа Божјата милост.
Но, и венчањето, како основа на христијанскиот брак, е примање на Божјата помош при изградувањето на семејството. Кога човек станал христијанин, тој може да го преразгледа целиот свој претходен живот. Оној, кој целосно бил победен од блудниот грев до таков степен, така што тоа била главната содржина на неговиот живот, може потполно да се прероди.
Но, ако престанеш да се трудиш над своето семејство, а тоа е труд за цел живот, останатите рани од зад грб, можат повторно да се возобноват, да се покажат како мина со одложено дејство. Она што е елементарно, ако човек немал никакви врски пред бракот, нема со што да споредува:"Можеби ако се оженев со онаа жена, би било подобро, кој знае?" И почнува да ги прима тие мисли. Се разбира таквите спомени искушуваат. Уште еднаш сакам да повторам, дека искуството од разделбата, од христијанска гледна точка е искуство за предавството. Таквиот опит со сигурност ќе го искушува човекот во иднина.
-Има ли некакви начини да се спаси оној брак кој се распаѓа? Што не треба да се прави, кога на хоризонтот, ќе започне да се мерка призракот на разводот?
-Прво сакам да кажам уште едно многу важно нешто, кое треба да се прави: задолжително треба да се молиме заедно. Ако не може да успееме во тоа наутро, кога татко оди на работа рано, а мама со децата станува подоцна, тогаш навечер, треба да застанеме на заедничка молитва. Затоа што семејството е мала Црква. Но ако ние сме подигнале храм, а во него не се извршуваат служби, каква е смислата на тој храм за Господа. Никаков.
Ете, семејството се собрало на молитва. Прво и нејзиното и неговото срце знаат,  дека не треба да се започнува молитва, кога си скаран со некого, кога си навреден, кога има некакво незадоволство еден од друг.
Затоа речиси секогаш пред молитвата со стигнува до помирување. Господ рекол: "Онаму каде што двајца или тројца се собрани во Мое име, таму сум и Јас среде нив" (Мат. 18:20). Тоа се реализира пред се во семејството. Христос, Кој ја дал Својата благодат во таинството Веначание, повторно е со тоа семејство и повторно ги соединува сите. Затоа ги повикувам сите семејства, пред сé, да се молат заедно.

Да, децата не можат да го издржат полното молитвено правило. Прочитајте го, така што ќе го скратите онака и тие да можат да го сместат. Нека биде тоа една третина, една четвртина од целото правило. Нека биде тоа правилото на Свети Серафим Саровски*. Но, нека биде кажано бавно, искрено, со внимание. А после ќе си ја дополните молитвата, доколку имате потреба. А имате. Но, заедничката  молитва воодушевувачки ги соединува срцата.

-Што вие мислите, зошто денес се распаѓаат дури и христијанските бракови? Што воопшто се случува?
-Христијанските семејства, семејствата на воцрковените луѓе, сепак поретко се распаѓаат. Но, понекогаш се случува тоа и со нив, затоа  што луѓето доаѓаат во Црквата од светот. Си мислат: ете, влегов во Црквата и веднаш се се промени. Не сосема се, треба уште триесет години да поработиш на себе и тогаш навистина се ќе се измени. Во таа бројка спаѓа и егоистичното однесување кон сопругот или сопругата. Поверувај, и  по дваесет пет години,  ти одеднаш со ужас ќе видиш, каков чудовишен, страстен егоист си бил во почетокот на твојот семеен живот и ќе ти стане ужасно срамно.
Себељубието, кога јас сум центар и мерило дури и во нашата мала вселена, е мака за другиот човек. Затоа надминувањето на својата сосредоточеност кон себе е неопходен услов за создавање на среќно семејство. Во еден момнет, јас со зачуденост забележав, дека мојата жена се справува со некои нешта, многу подобро од мене. Со радост разбрав, дека не е задолжително, јас - како глава на семејството, секогаш да сум во право. Должен сум да се смирувам, кога не сум во право и да постапувам правилно, дури ако "како е правилно", ми кажале жена ми и детето. На тоа дете ќе му биде многу полесно да биде послушно, ако таткото може да посака прошка, кога не е во право. Семејството расцветува тогаш, кога знае, дека татко не нé мачка само затоа што секогаш се смета за исправен. А кога настојува, значи навистина знае, дека тоа не е правилно.
.
Воодушевувачко е богатството на христијанскиот брак! Мажот така ја љуби својата жена, што знае што се случува со неа и обратното. Еве на пример, мажот се враќа од  работа, а жената е во кујната. По начинот на кој тој седи во ходникот, таа веќе знае што се случува со него. Зошто знае? Затоа што го љуби, затоа што љубовта е прозорлива. Зошто бил прозорлив свети Серафим Саровски? Затоа што тој бескрајно го љубел секој човек, кој влегувал при него. Љубовта е прозорлива, затоа што само така се открива светото на другиот човек. Бог е љубов, за тоа Тој е апослутно прозорлив. На Него сé му е познато.

Основното богатство на човекот на земјата, тоа се луѓето кои го љубат. Нема богатство еднакво на тоа. Ако ти служиш и ако се трудиш да ги направиш среќни, тогаш и твојата и нивната љубов се умножуваат.

* Свети Серафим Саровски ги советувал мирјаните, при недостиг на време и други прифатливи состојби, да ги заменат утринските и/или вечерните молитви со кусото правило, кое влучува: три пати "Отче наш", три пати "Богородице Дево" и еден пат "Символот на верата".


источник: https://pravoslaven-sviat.org/2019/01/10/lqbowta-e-prozorliwa/


преведе од бугарски јазик: Маја Белева

12ти февруари 2020 лето Господово

 

Друго:

 

 

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3120
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7590
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная