„Никогаш не зборувајте лошо или иронично за никого… Вашите зборови можат да се пренесат дури и не од злоба или непријателство, туку едноставно од невнимание или на шега — и така сте си стекнале непријател.“
„Патот кон спасението е преку покајание за своите гревови, а не преку осудување на ближните. Ако човек ги осудува своите ближни, тоа значи дека не ги чувствува своите гревови и дека нема покајание. И обратно — неосудувањето на ближните е знак на свесност за нашите гревови и покајание за нив. Врши ја својата работа што ти е доверена; не мешај се во туѓите работи; ако е можно, секогаш молчи; никогаш не ги оптоварувај другите; како камен во морето, нека се удават во тебе сите зборови што ги слушаш; сожали се на секого, прости им на сите во душата, а и на дело ако имаш можност.“
„Затворете ги очите пред туѓите гревови, но ако е невозможно да не ги гледате, тогаш молете се за грешниците, како за самите себе, Господ да им прости, и тогаш ќе добиете милост од Господа.“
Свети Нектариј Егински


























