логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Да се погрижиме за нашиот брак
Примери на православна духовност


    Од прашањата кои ми ги праќате многу пати, едно нешто се гледа многу јасно, дека во крајна линија, сме ја изоставиле нашата врска. Двајца луѓе создале семејство но, со тек на времето очевидно ја изоставиле врската помеѓу себеси и не се интересираат да ја направат подобра. Небаре животот ни тежи и небаре сме објавиле капитулација. Понекогаш и сме ја објавиле и тоа со гревови, со сосотојби, кои ние ги создадовме. Она, кое по сè изгледа не нè занимава се последиците од таквите поведенија врз децата, дури ако децата ни се големи и имаат сопствени семејства. Тоа го покажува нашиот неуспех, т.е. нашиот грев, оти суштестува грев, кој во онтолошка смисла на збророт означува промашување. Но, веќе немаме поттик да се бориме, за да го поправиме, најочигледно оти сме егоисти. Можеби можеме да сме разочарани но, најверојатно многупати разочарувањето се крие зад егоизмот. Веќе сметаме дека другиот неможе да се промени – а тоа не е секогаш сигурно – како што не секогаш е лесно да се промени некој, кој се утврдил во определени состојби и кога во животот не гледа преспектива за покајание, кое извира од живата врска со Бог. Гледате, тоа е духовната основа, врз која човекот се движи и тогаш е сосема е природно нештата, кои ги создава, да се погрешни, болни, неуспешни. Навистина сме ја прекинале нашата врска т.е врската меѓу сопрузите но, и самите себеси, затоа што човекот смета, дека тој знае сè, понекогаш затоа што не се надева на никаква промена но, во секој случај сето тоа говори за отсуство на вера. Оти во животот на вистинскиот христијанин секакви тешкотии стануваат поводи за духовна бобра, стануваат поводи за осветување. Нашето однесување не е без толкување, а сè си има објаснување. Така што, ако реално сакаме да промениме некои нешта, треба да се обидеме да навлеземе во толкувањето на нештата.


    Ајде да погледнеме едно друго прашање. Кога даваш сè на својот сопруг и возвратно добиваш понижување и неверство, како треба да реагираш? Тажно прашање. Уште потажна е состојбата која се крие зад прашањето. Ќе го повторам тоа кое го кажав во почетокот. Ајде да го иследиме обликот на мажот, на оној сопруг, кому што неговата сопруга му дава сè, а тој и возвраќа со понижување и неверност. Многу е важно да го иследиме тој тип на човек, затоа што не е ретко сретнат. Такви типови на луѓе за жал често сретнуваме. Првиот извод кој го правиш, особено кога ја живееш ситуацијата одблиску, е во колку голема хала завршува егоизмот на човекот. Бидејќи такво однесување покажува еден крајно антипатичен и болен човек, како што ќе видиме понатаму. Веројатно тој се смета за важен но, всушност е неуспешен човек. Оти како прво неспособен е да се трогне, да се трогне од сопругата своја, откако се оженил со неа и да ја засака. Сигурно уште во почетокот воопшто не се трогнал. За жал имаме таков тип на луѓе, кои во даден момент, гледајќи ја раздразнетоста на сопругата, ислучително грубо ѝ велат: јас се оженив, за да имам нешто како медицинска сестра, да се грижи за мене. Се разбира тој човек, пројавува и други црти. Тој ја понижува својата сопруга, затоа што само тогаш се чувствува важен и тоа е трагично, зашто неговиот уништен живот го тера да се чувствува исклучителен.
Кога одиш дотаму да го понижуваш другиот, уште повеќе твојата сопруга и најверојатно мајка на твoите деца, тоа покажува неверојатен комплекс на мала вредност, кој го има конкретниот човек. Оти ако сакаш да го понижиш другиот, го правиш тоа само и само затоа што сакаш да се види твојата височина.  Караш, понижуваш, навредуваш, за да покажеш, дека ти си мажот и најанакрај покажуваш дека си «маж» во наводници. Затоа што, наспроти годините, кои минале, тој човек не е ништо друго, освен едно «маже», кое се обидува да се претстави за маж. Т.е. еден тип, кој се обидува да се претстави за господин но, останува еден тип и реално го покажува тоа, затоа што нашиот народ многу мудро вели: «дека секој го дава она, кое го има». Поради тоа, кога еден човек кон кој и да е негов ближен – повторувам, многу повеќе кон сопругата – кон мајката на неговиите деца, покажува понижување и се однесува на таков начин, што ја понижува и дури и ја изневерува, тоа говори за еден болен човек, кој на погрешен начин се обидува да ја надмине вината и чувството на сопствениот неуспех.
    Изневерувањето од друга страна е акт на лажна смелост. Тој тип на луѓе, кои создаваат врски, дејствително се обидуваат да се убедат себеси дека се важни. Ако разбравте правилно, тој тип на луѓе, се обидуваат да се потврдат себе си. Но, не разбираат, дека за другата госпоѓа, со која создале врска, не се ништо друго, освен објект на експлоатација. Тие се сметаат себеси за важни но, другата госпоѓа си игра со нив, ги експлоатира, ги држи под контрола. Сме виделе и преживеале многу такви реалности и слики.Човекот, кој ја унизува својата жена, која му се дала себеси, која го служи и стои до него, додека тој кој самиот е роб, низок роб, си мисли дека е слободен. Што означува тоа? Дозволете ми го зборот, реално тој е за потсмев, тој е еден пропаднат човек, кој преку понизувањето на својата сопруга и создавањето на вонбрачна врска се обидува да покаже, дека е важен но, од тоа се гледа колку е уништен, кога во крајна линија тоа не го обеспокојува, особено ако има и деца. Можеби се и големи но, и тие се повредуваат, затоа што тој човек е нивен татко, го сакаат, затоа што децата имаат голема чистота, макар што понекогаш доаѓаат до својата граница и неможат да трпат. Познавав такви деца, кои ја обвинија својата мајка, зошто истрпела таков човек, кој по грешка беше нивен татко. Простете ми за тврдоста на моите зборови но, тоа е единствениот начин некои да се разбудат, а и затоа што некогаш треба точно да ги опишеме нештата. Затоа што, кога еден човек не може да си ги почувствува децата, неможе да го почувствува човекот кој живеел заедно со него и ги родил неговите деца, тој е бесчуствителен човек. Што друго би можел да биде? Каква друга вредност биможел да има?
    Прашањето се разбира има и продолжение. Сопругата прашува: како да се реагира кон еден таков човек? Самото прашање покажува, дека таа жена има трпение, што е нешто најмало, оти состојбата, која ја опишува, за жал не е нешто моментно. Сигурно живеела во таква атмосфера на унижение, за да знае, дека сопругот има вонбрачна врска. Како да реагираш? Би кажал едноставно, човечки, богочовечки. Одговорот не е лесен, не постојат рецепти, тоа зависи од издржливоста на самиот човек. Ние можеме да кажаме многу едноставно, дека дури Евангелието ја смета прељубата како причина за развод. Се разбира постојат луѓе, кои пројавиле трпение и  сретнале со големо трпение не само такви, туку и полоши поведенија. Добро би било да се прочита романот на Пападијамантис «Бракот на Карахмед». Таму ќе видите една друга страна на нештата, која ја допира богочовечката; каде еден брак, речиси уништен, станува пат за осветување на човекот. Има жени, кои се надминале себеси и најнакрај почувствувале, дека до нив има еден болен човек, реално несреќен човек, кои си мисли, дека е важен. Тие жени го поминале патот на добродетелта и осветувањето. Сепак никој неможе да стави врз другиот човек една тежина, која тој неможе да ја подигне.
    Затоа реков, дека одговорот на тоа прашање зависи од конкретната личност и оттаму па натаму човекот се моли, бара поконкретни совети, а не совети преку радио, зборува со својот духовник, прибегнува кон Црквата, ги објаснува поподробно ситуациите и ако тој може да го земе решението, го зема и соодветно на неговото решение, сила, целите на животот, си ги дава одговорите на себеси. Да, животот е подвиг, борба понекогаш тешка но, во крајна линија зависи од перспективата на човекот. Нашата перспектива во Црквата е нашето осветување. Господ не предупреди, дека «преку многу тешкотии треба да влеземе во Царството Божјо», а секој си ја знае мерата. Но она т.е. начинот на кој една сопруга третира таков тип на сопруг, како оној кој го опишавме, не ја намалува бедната состојба на сопругот. Се разбира, понекогаш има жени, кои имаат саможртва и трпение. Саможртвата и трпението природно не се насилство наспрема себеси, оти тогаш ќе се разболиме. Тие нешта можат да суштествуваат и да функционираат природно, кога се начини и патишта за постигнување на суштински цели. Тогаш веќе човекот без да се измачува, а борејќи се и во тешки стадиуми на болката, го постгинува она, во кое другиот не успеал. Понекогаш тој пат може да го натера другиот да се поправи и тоа е причината, поради која определен број пати говорам тврдо за некои типови луѓе, оти нивните дела се многу потврдосрдечни од моите зборови и би се радувал тврдоста на моите зборови да разбуди некои луѓе. Бидејќи тоа станало во мојот живот, затоа во определени пати настојувам да ги опишам состојбите такви, какви што се, да не ги фалам луѓето, кои не треба даи ги галам, туку да им ја кажеме вистината во очи.
Друго интересно прашање кое беше поставено, е следното: што се слчува со религиозното воспитание на децата кога едниот родител е еретик, а другиот православен?
    Тоа навистина  еден проблем, што го постави слушателот. Моето прашање е дали проблемот постоел од почетокот, или се појавил подоцна? Зошто ако постоел од почетокот, православниот човек би требало да очекува, дека ќе се појави тој проблем. Се разбира,  определeн број пати другиот не уверува, дека ќе ја уважи нашата вера и дека децата ќе бидат одгледани како православни но, незнам каква цврстина има тоа уверение. Ако пак проблемот постоел од почетокот, каква смисла има тогаш тоа прашање? Лекарите велат дека превенцијата е подобра од терапијата. Ако проблемот се појавил подоцна т.е. ако во течение на бракот едниот од двајцата сопрузи примил некаква ерес, веројатно нештата се потешки, зашто во такви случаи се крие фанатизам. Што е пак веројатно, тој човек ќе сака и на децата да им го наложи тој пат. Сега ако сакате да го разгледаме тоа прашање поподробно, би требало да се запрашаме, дали различноста е повод за судир и претензии кон децата? Односно, дали луѓето – двајцата сопрузи, кои имаат различна вера – влегуваат во конфликт поради тоа, дали се обидуваат да му објаснат на другиот, дека тој е на погрешен пат и дали тој конфликт ги вкучува и децата. Поточно, дали секој од нив се труди да даде и религиозно воспитание, кое што го сака, дали секој од нив се обидува да ја наложи на децата својата вера и дали напоредно со тоа се труди да ја понизи верата на другиот. Можам да кажам, дека во тој случај и двајцата родители се незрели, зашто си играат со душевниот спокој на децата. Бидејќи следат различни патишта, нека ја зачуваат неутралноста кон децата, нека дозволат нивниот живот и однесување, да им посочат на децата што да изберат додека станат големи и бидат во можност да направат правилна процена.


    Се поставува едно прашање. Има ли поле за дејствување на православниот родител? Оти другиот може да има различна вера но, да биде индифирентен кон неа и да не му пречи на православниот родител да даде религиозно воспитување на децата. Да не го попречува другиот родител да ги води децата на молитва, во Црква, на Причест. Но, доколку и двете страни се обидуваат, тогаш резултатот ќе биде збунувањето на децата. Така што децата најверојано ќе ја отфрлат верата и на двајцата, бивајќи вознемирени, од причина што родителите им биле «благочестиви». Тука го ставив зборот во наводници. Благочестието, кога не се преживува со слобода и уважување кон другиот и верата на другиот, е болно благочестие, каде и да се преживува.
    Се разбира, има значење и каков еретик е другиот. Кое е неговото исповедание? Дали е некое христијанско исповедание? Или пак се работи за некоја орагнизација? Затоа што на пример, јеховистите не се религија, туку организација. За таквите работи нашиот народ кажува нешто многи просто и мудро, подобро е човек да се претпази. Се разбира не можеме од сè да се претпазиме но, од некои нешта можеме. Кога не можеме да се претпазиме, што ни преостанува? Она што му преостанува на православниот верник е да ја преживува автентично правослвната вера, да има вистинска православна духовност, без религиозен фанатизам, да го сретнува проблемот со трпение и молитва, што означува довери кон Бог и најважно со сопствениот пример. Со својот светол пример, со оној пример со кој ги вдахновува децата, кој самиот по себе говори и им дава одговори на децата. Бидејќи она што има значење и плодот на верата. Ако плодот е нашето осветување, нашето благородно срце, така што и да изгледа на почеток дека ја губиме играта, нашата доверба, вистинското и живо доверување кон Господ Исус Христос и Света Богородица, секако ќе даде резултат – децата ќе ја распознаат вистината и тоа не е една теоретска мисла, туку нешто кое доаѓа од опитот, т.е од примерите како оние кои ги спомнавме. Помнете, дека верата не е некаква идеолошка ориентација, туку живот, слобода, верата во Христос е состојба на живот. Не можам да го убедам другиот, дека она во кое јас  верувам е правилно, ако немам правилно однесување кон сите, дури и кон сопругот кој се наоѓа во ерес и е во заблуда. Се разбира, користеќи се со убедување, никогаш нема да успеам да го убедам сопругот, дека е во заблуда. Се разбира, еден човек, кој се движи правилно во животот, колку е подобар кон еден еретик и особено кон еден фанатизиран човек, така што толку повеќе тој го хули, оти чувствува дека ја губи играта. Но, во крајна линија ние го сакаме како нашето осветување и бојата благодата во нашиот живот, така и спачалувањето на нашите деца. Можеби нема да ги спечалиме како малли, туку ќе ги спечалиме како големи. Затоа да го довериме нивното спасение на христовата љубов и христос ќе им го покаже патот.
    Една слушателка прашува  и ни пишува, дека нејзиниот сопруг има многу чудно однесување кон своите деца кога тие ќе направат некаква беља или собата им е несредена. Тој имено постојано им вели, дека ќе си го смени домот, но, резултатот е што самите деца потоа ги искористуваат истите зборови, кога се караат и така ситуацијата станува многу напрегната. Првиот коментар е, дека е жално што луѓе кои станале родители, може да бидат толку збркани и сматени. Впрочем не разбирам некои нешта во тоа прашање. Што означува, што им кажува дека ќе го смени домот? Дали има предвид, дека самиот тој ќе го напушти домот и ќе отиде да живее сам? Дали има предвид, дека ќе ги одведе во еден подобар дом, каде што децата нема да валкаат и ќе бидат повнимателни? Каква смисла има таа закана, оти така се чини? Заради бељите на децата ќе го смени домот, ќе се тргне и ќе ги остави така? За жал, тоа е уште еден случај на татко, кој неможе да застане достојно пред децата и не знае како да говори со нив. Во сета оваа случка незрелост покажуваат родителите, а не децата. Децата се природни, воопшто не е чудно да се несредени. Децата многу пати се караат едни со други, така што не е чудно собите да им се расфрлани. Оние кои имаат одговорност за сето тоа, се родителите, а не децата. Однеувањето на таткото во овој случај, незнам дали и на мајката, изгледа неприродно. Одговорот е исклучително едноставен. Родтелите, прво треба да си содејствуваат, треба да ги оценуваат правилно нештата т.е. да сфатат колку ќе биде полезно децата да се научат да си ја средуваат собата.
    Зарем е пројава на погрешно воспитание да му објаснуваш на своето дете, дека собата треба да му биде суредена? Тоа е добро предназначување за иднината на децата. Оти расфрланоста не е одлика на здрава личност. Но, малите деца се токму такви. Сепак, возрасните како се однесуваат? Како им говорат, како им објаснуваат? Зошто тоа дека ќе си заминам од дома или дека ќе го сменам домот да биде решение? Што пак ќе стане ако го сменат домот, та себеси нема ли да се земат? Дали проблемот е во домот или во луѓето? Еден дом кој највероајтно сме го запустиле со нашето невнимание, дури и да го оставиме и да отидеме во друг, земајќи го со себе нашето јас – онакво какво што било во стариот дом, на тој начин нема ли да ги сториме истите нешта и во новиот дом? Гледате ли какви збркани луѓе сме. Сега, проблемот во домот ли е? Собите сами ли стануваат растурени? Следствено, проблемот не е да го смениме домот, туку карактерот, да го смениме однесувањето. Децата се ползуваат со една таква состојба, зашто реакцијата на таткото не е светлина, која ги просветлува што да прават, оти децата не треба да ги заплашуваме, за да им покажеме, што е правилно. Им зборуваме, разговараме со нив, понекогаш оставаме да ги осетат последиците, оти на пример, кога едно детенце има растурена соба, следниот ден ќе си ја бара тетратката, за да појде на училиште и нема да може да си ја најде и тогаш ќе му допуштиме едноставно да не си ја најде, оти тогаш ќе се поучи од сопственото однесување. Следствено ако ги оставаме нештата да не водат никаде, тоа говори за неспособност да си ја појмиме својата одговорност. Еден татко, кој се однесува на таков начин, во најдобар случај е татко кој не си ги разбрал своите одговорности. Таквиот татко е несигурен татко, кој не се замислил над тоа, какво воспитание ќе им даде на децата и ги остава на нивната участ.
    Од прашањето се гледа, дека оваа случка станува повод за судир и логично е да има судир. Како прво, оти постои разногласност, второ, оти сопругата на тој начин констатира, дека сопругот и таткото на децата не ја сфаќа својата одговорност, а кога човек не ги сфаќа своите одговорности на работното место, тогаш и службата «не оди» и за жал цената ја плаќаат децата, кои може да скршнат од правиот пат, бидејќи немале одговорни родители, кои им поставуваат граници, оти оној, кој вели, дека децата немаат потреба од граници, не знае што е со него. Децата се многу поразумни од нас и имаат потреба  од граници, така чувствуваат поголема сигурносот и фактот, дека им поставуваме граници, покажува, многу едноставно, дека комуницираме и  општиме со нив. Тоа не значи дека поставуваме полициски граници. Му објаснуваме  на детето, и со тоа сакам да завршам, кога едно време бев директор на едно училишта, за да го надминам проблемот со отсуствата, ги прашав учениците и ученичките кој е одговорен, кога едно дете цел ден отсуствува од училиште? Им кажав дека, одговорноста е на вашето семејство.
    Доколку пак, тоа продолжува, тогаш треба да се заинтересираме што правите, зошто? Ако дојдете на училиште но, избегате потоа и отидете во кафулето, па по пат ве удри некој авtотмобил, вашите родители ќе не седнат на судиската клупа за пројавена небрежност кон нивното дете. Ќе ни кажат: господа, ви го доверивме нашето дете, а вие без никаква контрола и без интерес не се погриживте за него, детето ни отиде во кафулето, па и дете е, му дошло така но, каде бевте вие, возрасните, што направивте? Да помните – им реков – дека има учители, кои редица години се во затвор, бидејќи кога еднаш отишле на екскуризија со децата, седнале да се напијат кафе и некои деца  - ова е една стара трагична случка во Крит, влегле во коработ, незнаејќи (да пливаат) и за жал се удавија. Затоа деца мои, им реков, ако бегате од час, после ручек ќе пијам кафе во вашиот дом. Така што, оти децата се искажаа, дека ќе бидат верни во ветувањата и во границите кои ги зацртавме, тие навистина сопреа со бегствата. Нештата се прости но, ние не сме прости.

    Најнакрај сакам да посакам едено нешто, а тоа е да ги појмиме нашите одговорности, да се погрижиме за нашите односи, да се погрижиме за нашиот брак, да се погрижиме за нашите деца, оти благословот доаѓа преку трудот.


Превод од бугарски јазик: М. Белева

 

Извор:

https://pravoslaven-sviat.org/2018/11/21/blagoslowenieto-w/?fbclid=IwAR2Q7uoQ8jNwjwFlAMMCYCqxzvblqKXr5jH7G6me45EFk1dOn8p_aACKGAw

 

 

 

 

 

 

Друго:

 

Свештеник Алексеј Јанг- Православниот брак ...

Алексеј Јанг- Телесни односи, деца, контрола на раѓање, развод

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная