логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Насловната страница на „Релігійна правда“

    Владико, световната и црковната власт на Северна Македонија се обратиле до Вселенскиот престол со молба за добивање автокефалност. Во исто време ви завидувам и сочувствувам. Завидувам затоа што е голема среќа да се помине лично низ процесот на признавање на Црквата и сочувствувам затоа што тоа е голем стрес. Искрено ви посакуваме сила и среќа. Украинците беа неверојатно обединети и едногласни во својата желба за добивање Томос. Последното писмо до Фанар во 2018 година за поддршка на автокефалноста го потпишаа сите религиозни научници, сите аналитичари и морални авторитети на Украина. Како се расположени жителите на Македонија?

3.angeli.so.truba

Епископ г. Партениј, Игумен Бигорски

Епископ Партениј: Најнапред, Ви благодарам за честа со којашто ме удостоивте, барајќи од мене, најмалиот епископ на Црквата Христова, интервју за Вашата ценета новинска агенција. Искрено Ви благодарам и за Вашите добри желби и сочувство во однос на процесот за признавање на нашата помесна православна Црква. Во врска со Вашето прашање, би можел со голема радост и широко срце да констатирам дека македонското општество е обединето околу прашањето за признавање на нашата автокефалија. Православниот народ во Македонија веќе многу децении чека и се бори за прифаќање од своите православни браќа, ширум светот, во семејството на помесните православни Цркви. Мислам дека досега во историјата ниедна друга помесна православна црква не се наоѓала во толку сурова и долготрајна изолација како што е тоа случај со нашата. Затоа, најголемиот дел од православното население кај нас со силна желба и нетрпение го очекува Томосот за автокефалност на својата матична Црква, МПЦ-Охридска Архиепископија. Тоа беше причината и нашиот државен врв да упати молби, сосема исправно, до Вселенската Патријаршија, којашто е врховната инстанца во православниот свет и единствена го има правото на апелација во случај на некаков спор, како и правото за доделување на автокефалност. Впрочем, Вселенската Патријаршија ги доделила томосите за автокефалност на сите нови Цркви, почнувајќи од Руската, па сѐ до Полската, односно во најновиот случај – Украинската.

    Кога станува збор за автокефалноста на другите земји, ние секогаш ја споредуваме ситуацијата со нашата сопствена држава. Споредувајќи ја ситуацијата во нашата земја и вашата, гледам неверојатна предвидливост на вашето световно раководство. Едно време, тие не го охрабруваа развојот на Српската црква на територијата на Македонија и го ослободија сопствениот народ од искушението на религиозната поделба, а неговиот духовен развој од манипулативните митови и пропаганда. Во нашата земја, Москва, судирајќи го едниот украински народ во различни јурисдикции, ги спротивставуваше „расколниците и канониците“. Правилно ли разбирам дека во Македонија го нема таквото спротивставување на „канонското“ и „неканонското“ и дека има превладувачко разбирање дека постои една црква што сè уште не е призната? Кој ги поседува главните светилишта, манастири, цркви во Македонија?

Епископ Партениј: Имате сосема правилно разбирање за црковната ситуација кај нас. Точно е тоа дека во Македонија огромното мнозинство православно население, без разлика на неговата етничка припадност, за своја единствена и канонска Црква ја прифаќа МПЦ – Охридска Архиепископија, којашто практично ги поседува сите светилишта, храмови и манастири, додека клирот на неуспешниот проект „Српска црква“ во Македонија, кој има многу мал број приврзаници, не повеќе од педесетина, служи во некои приватни имоти и финансиски се издржува со помош на Министерството за вера на Република Србија. Згора на тоа, свештената јерархија на МПЦ-ОА ја има поддршката од сите општествени, политички, културни и научни субјекти во нашата земја. Тука би нагласил дека кога беше обидот за создавање на паралелна црковна јерархија под српска јурисдикција, т.е. кога поранешниот Повардарски митрополит г. Јован Вранишковски се одѕва на повикот на Српската Црква и го прифати нацрт-договорот од Ниш – којшто, патем, беше само предлог за договор кој никогаш не беше изгласан од нашиот Синод – македонските власти, како правна држава, му пружија заштита на одметнатиот митрополит Јован од разгневениот народ, кој во никој случај не прифаќаше создавање на српски црковен егзархат, и на тој начин не дозволија ситуацијата да ескалира во нешто пострашно. Така, уште од самиот почеток се виде дека овој политички проект на Српската црква нема да успее.

3.angeli.so.truba

    Украинската автокефалност се појави како желба да се оддалечи од влијанието на империјата, од политизацијата на црквата. Москва се однесуваше неверојатно грубо и безобразно во својата желба да доминира, вклучително и духовно. Веќе подолго време на Балканот нема империја. Зошто Македонците имаат толку силна желба да ја имаат својата автокефалност? Ова прашање им го поставив на Црногорците и сакам да го поставам и на Вас. Што не е во ред со Српската црква поради што посакавте да ја напуштите? Во вашата историја во 2004 година имаше ситуација кога повеќе од стотина монаси од Македонската црква заминале во нерегистрираната, но де факто постоечката Српска црква на Македонија. Зошто го сториле тоа?

Епископ Партениј: Точно, на Балканот повеќе нема империи, но, за жал, тоа не е случај и со мегаломанските националистички идеи, коишто и тоа како се присутни во некои глави, и меѓу политичарите и среде црковниот клир. Па така, кралството Југославија, чијашто главна политичка сила била хегемонијата на српските властелини, веќе одамна не постои, меѓутоа, идејата за истата империјалистичка превласт не престанала. А она кое најмногу повредува и нанесува најголема штета е тоа што очигледно некои глави од СПЦ сè уште живеат во некаква идеја за голема Српска црква од времето на Југославија, но и за некаква големосрпска држава. Показателство за тоа е и фактот што неодамна српскиот патријарх во својата титула ги додаде и земјите на некогашна Југославија.

3.angeli.so.truba

Македонците и малцинствата со православна вероисповед во нашата држава ја посакуваат својата автокефалност, затоа што во колективната меморија на православниот род на овие простори е длабоко врежан споменот за древната автокефална Охридска Архиепископија, којашто била тесно поврзана со Вселенската Патријаршија и којашто речиси осум века го водела народот во спасителното слово Господово. Додека, пак, Српската црква, од историски аспект, најкратко време раководела со македонските епархии, а тоа се случило со српската окупација на вардарскиот дел од Македонија во 1918 година, кога домородниот висок клир бил со сила протеран, а голем дел од македонското свештенство било подложено на страшни прогони, измачувања и убиства, спроведувани од војската и жандармеријата на Кралството, со благослов на раководството на Српската црква, за што постојат бројни историски документи и сведоштва.

По крајот на Втората светска војна и формирањето на македонската држава, српскиот клир, кој избегал на почетокот од војната, иако посакувал, не се осмелил повеќе да се врати во новоформираната македонска држава, исплашен од гневот на домородното население коешто не ги чувствувало како свои духовни водачи и пастири, туку како наемници. Едноставно, тогашното македонско духовенство и паства жолчно се бореле и не дозволувале враќање на српската црковна јерархија во македонските епархии, дотолку повеќе што таа никогаш не им излегувала во пресрет за задоволување на нивните духовни потреби, како што ѝ доликува на една Црква-Мајка, ами само служела како инструмент за србизација.

Таквата ситуација довела до иницијатива за возобнова на Охридската Архиепископија – нешто што се случило во 1958 година. На почетокот Српската црква, поради желбата на православното население, морала да даде автономија што требало да гравитира кон автокефалија, секако, преку заедничка молба на српските и македонските владици до Вселенската Патријаршија, којашто, рековме, единствена го има историското и канонско право да доделува томос за автокефалија. Но, за жал, Српската црква продолжила да ретерира и да не ја почитува автономијата на Македонската, туку да ја злоупотребува за понатамошно србизирање и негирање, како и за узурпирање на црковната територија. Затоа, во 1967 година, во Охрид била прогласена автокефалноста на Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. По тој чекор, од страна на Српската црква било прекинато сослужението, а било побарано тоа да го направат и останатите православни Цркви, со едно циркуларно писмо од тогашниот Српски патријарх Герман, така што православниот народ во Македонија, не по своја волја, се нашол во раскол. Во последниве педесетина години, нашата егзистенцијална борба за признание на автокефалноста беше потполно игнорирана – просто, како да немаме право да постоиме.

За жал, наместо решение, состојбата дополнително се влоши со создавањето на паралелна црковна јерархија, српската експозитура на чело со поранешниот митрополит Повардарски г. Јован Вранишковски. Може со тага во срцето да констатираме дека тие станаа жртва на погрешната српска црковно-национална политика, затоа што во Македонија тие се една фиктивна Црква, неподдржана од народот. Досега овој чин, којшто претставува невиден преседан, на создавање на паралелна јерархија на Српската црква послужи само за голема штета на православната Црква во Македонија, бидејќи со ваквиот потег, многу луѓе изгубија доверба во Православието воопшто. Тука морам да посочам дека информацијата за наводно пребегнување на повеќе од стотина монаси од нашата во српската Црква е сосема погрешна и претпоставувам е плод на нечија пропаганда. Во реалноста станува збор за неколкумина монаси, од кои некои поради славољубие станаа владици од страната на Вранишковски, а повеќето, за жал, се размонашија.

3.angeli.so.truba
Би нагласил дека ние немаме никаков проблем нити непријателство кон братскиот православен српски народ и кон неговата Црква во Република Србија. Напротив, нашата љубов кон нив е подеднаква како и кон секој човек, а особено како кон Христијани, и МПЦ-ОА повеќе пати побарала преговори со СПЦ за конечно решение на нашето прашање преку Цариград, но од нивна страна имало молк. Сега, искрено се надеваме дека новиот српски Патријарх ќе постапи во духот на евангелската љубов и ќе го поздрави расположението на Вселенската Патријаршија за доделување на автокефален Томос на нашата Црква. Впрочем, Цариград беше адресата каде што СПЦ и нè упатуваше во минатото кога имаше преговори. Со тоа новиот Патријарх ќе отвори нова страница на братски односи на нашите сестрински цркви и ќе се нарече миротворец, упатувајќи ја т.н. ПОА да се помири со официјалната матична помесна православна Црква, МПЦ -Охридската Архиепископија. Крајно време е да се престане со уцени, интриги и притисоци и да се започне веќе еднаш со Христовото: „да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе“ (Јован 13,34-35).

    Ние во Украина за време на доделувањето на автокефалноста стравувавме од огромна закана од Московската патријаршија. Противпоставувањето од страна на Москва и московските агенти на влијание беше неверојатно силно. Каква е ситуацијата во Македонија? Дали чувствувате отпор?

3.angeli.so.truba

Епископ Партениј: Се разбира дека има голем отпор. За жал, постојат сили кои не го сакаат единството помеѓу православните братски народи и постојано работат да го попречат меѓусебното зближување. Дејствувањето на пропагандите и на тајните служби е многу изразено не само кај нас, ами и во соседните држави. Впрочем, Руската црква врши притисок кај сите црковни кругови што го одобруваат решението на украинското црковно прашање, или го признаваат врховниот авторитет на Вселенската Патријаршија. Исто така, не треба да заборавиме дека ние скоро еден век се наоѓавме под власта на Белград, па разбирливо е присуството на српските тајни служби, коишто работат не само против признавањето на МПЦ-Охридска Архиепископија, туку се обидуваат да ги нарушуваат и соседските односи на Македонија со Бугарија и со Грција и да ги спречат евро-атлантските интеграции на нашата држава. Притисокот на туѓите служби сме го почувствувале и ние на своја кожа, како Манастир, особено откако застанавме на страната на вистината и на исправниот канонски поредок во Црквата.

    Ние знаеме колку фундаментално Константинопол ги проучува канонските и историските основи за доделување автокефалност, а исто така назначува егзархисти кои детално ја проучуваат ситуацијата во земјата. Веќе јасно е сценарио, канонската и историската логика за доделување автокефалност на Македонската црква?

Епископ Партениј: Вселенската Патријаршија, Великата Мајка Црква, како првопрестолна Црква во православната екумена, чиишто основи се положени уште од апостолското време, отсекогаш мошне темелно и мудро им пристапувала на ваквите големи прашања – како што, меѓу другото, постапи и со решавањето на Украинското прашање. Впрочем и самиот факт што и покрај сложените и тешки услови во кои се нашла по падот на Константинопол опстојува до денес, сведочи за нејзиното наталожено искуство, мудрост и секако за Божјата помош, поткрепа и просветление.

Очигледно и денес таа, возглавена од Неговата Сесветост г. г. Вартоломеј, со голема мудрост и смирение повторно го востановува со векови нарушуваниот авторитет на првопрестолната Црква, но и општо, поредокот во православната екумена, онака како што предвидуваат и соборските одлуки. Ползувајќи го своето право да свикува собори, Патријархот Вартоломеј во 2016 година го свика Сеправославниот Собор во Крит, на кој остана непроменето правото на Вселенскиот Патријарх да дава томоси за автокефалија и да биде арбитер во меѓуправославните спорови. За жал, на тој Собор токму оние Цркви кои најмногу уценуваа и поставуваа услови за да присуствуваат, и покрај тоа што им беа прифатени сите приговори, крајно нељубезно и во последен момент го откажаа своето присуство. Тука треба да напомнеме дека за епископите откажувањето присуство на собор свикан од нивниот претстојател или од Вселенскиот Патријарх претставува кршење на епископскиот завет. Сега, пак, од одредени кругови слушаме изјави дека за некои Вселенската Патријаршија повеќе не е највисок авторитет, што претставува тежок удар на целото Православие и голема соблазна. Некои дури и дрско ја обвинуваат Вселенската Патријаршија дека наводно ја променувала еклисиологијата, а всушност самите тие го прават тоа. Вселенската Патријаршија секогаш строго се држела до вистинската еклисиологија и каноните.

    Мислам дека одлуките на Вселенската Патријаршија во однос на автокефалиите треба да бидат почитувани од сите, бидејќи во спротивно се нарушува кохезијата меѓу помесните православни Цркви и на тој начин доаѓаме до разни варијации на Православието, што воопшто не е во духот на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Зашто и Господ Исус Христос во Евангелието вели: „Секое царство ако е поделено само против себе, запустува, и дом кој е поделен сам против себе, пропаѓа“ (Лука, 11,17). Автокефалноста не значи буквална независност и самодоволност, ами заемна зависност на членовите во едното Тело Христово. Во контекст на ова, искрено се надевам дека Вселенската Патријаршија ќе го примени и во однос на нашата помесна православна Црква, МПЦ-ОА, своето право да прима апелација и да дава томос за автокефалност.

    Страшно е да се постави таквото прашање, особено затоа што Константинопол секогаш го чува во тајност времето на одлучување. Но, за кој период се планира доделување автокефалност?

Епископ Партениј: Навистина би сакал да можам да дадам конкретен одговор на ова прашање, но до мене досега не дошла таква информација. Меѓутоа, лично посакувам тоа да се случи во скоро време, со што ќе се зацели една голема рана во православната екумена и ќе се стави крај на повеќедецениската агонија на речиси двомилионскиот православен народ во Македонија.

    Сега за вашата црква. Дали македонскиот народ е религиозен? Конзервативен? Колку луѓе во просек се присутни на неделните служби?

Епископ Партениј: Нашиот манастир е добро познат по својата духовна мисија, особено меѓу младите. Ваквата духовна дејност во помала или поголема мера е карактеристична и за некои други манастири и духовници во МПЦ-ОА.

    Во рамките на нашата Црква, духовниот живот, за слава Божја, е во подем, иако можеби не со посакуваниот интензитет. Радува тоа што извесен процент од младината, незадоволен од суетата, апсурдот и меланхолијата што ги нуди современиот свет, барајќи излез од него, ги наоѓа патот и одговорот во единствениот вистински добротвор на човештвото – Спасителот Христос. Неговата Божествена наука, примерот на саможртва за другите, Неговата љубовна прегратка од Крстот на Голгота, го тера човекот да подразмисли, да се загледа над себеси и во себеси, да започне да се бори, најнапред против страстите и злото во себеси, а потоа и за превласт на доброто во светот. Таа преобразувачка енергија присутна во полнота во православната Црква, таа несфатлива Божја љубов е единствената движечка сила што вистински ги успокојува душите, го радува внатрешниот човек и му дава животни и творечки сили. Ваквиот магнетизам, пренесен од совесниот клир на МПЦ – Охридска Архиепископија и особено од монаштвото, прави многу млади да ја засакаат Црквата и да разберат дека само во неа можат да ги најдат посакуваниот одговор и вистинската смисла на животот.

Според едно неодамнешно истражување во државава, од сите што се декларираат како православни Христијани – а такви се околу 75%, добри 20% водат редовен светотаински живот во Црквата, со редовна исповед и причест, додека голем процент се црквуваат малку поретко. За жал, мораме да констатираме дека раздорите, клеветите, соблазните, осудувањата и ретроградните сили во Православието општо, се голема пречка за младите да ја засакаат Црквата и нејзиниот спасителен призив.

    Вашиот Бигорски манастир е основан 30 години пред нашата Киево-Печерска лавра. Таквите манастири секогаш се сакани од нивните верници. Како се одбележа 1000-годишнината од неговото основање?

3.angeli.so.truba
Св. Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и Ктитор на Бигорскиот Манастир, фреска во Кириловската црква во Киев, втора половина на 12 век

Епископ Партениј: Самата бројка ‘1000 години’ означува нешто особено и нешто многу. Кога и еден најобичен предмет, творба на човечки раце, со древност од 1000 години има огромна музејска вредност, тогаш што би можеле да кажеме за еден жив организам, за една таква институција, како што е Бигорски, за еден илјадагодишен континуитет на светост, богоподобие, просветителство и уметност?! Низ сето време на своето постоење, Бигорската Обител, закрилувана од патронот, свети Јован Претеча и Крстител, дејствувала мошне благотворно, ги облагородувала нашите простори со духовна светлина и со стремеж кон слободата, кон убавото и вечното. Таа произвела многу духовни и народни водачи, познати и непознати Светии, учители, просветители, преродбеници. Затоа, сета историја на Манастирот, неговиот живот, монасите, иконите и животописите, сè што во него било со љубов и жртва творено, сето негово минато и сегашност, говори за еден непроценлив Божји благослов, излеан врз нашиот народ преку оваа сенародна Светиња. Уште од древни времиња, Манастирот верно го чувал духот на православната славјанска традиција, втемелена на овие простори од рамноапостолните наши татковци, светите Климент и Наум. Впрочем, и првиот ктитор и градител на Бигорскиот манастир, првиот Охридски Архиепископ Јован, бил родум славјанин од Дебарско. Овој блажен Архиепископ активно помагал и во процесот на покрстувањето на Киев, со испраќање на духовници и свештени книги на словенски јазик, па затоа фреска со неговиот лик се наоѓа во Кириловската црква во Киев, од крајот на 12 век.

Практично, целата 2020 година беше посветена на овој голем јубилеј, навистина редок и уникатен по значење. Се организираа повеќе настани, промоции на книги, научни собири, изложби, концерти. Особено значаен беше концертот на Македонската филхармонија, со оркестрирани древни македонски песни, посветен на бигорското илјадалетие. По повод големиот јубилеј и значењето што го има Бигорскиот Манастир за нашиот народ и општество, тој беше одликуван со високото признание ‘Орден за заслуги за државата’ од страна на Претседателот на државата. Централната литургиска прослава, пак, се одржа на 18 октомври, во присуство на црковниот и државниот врв, на претставници од дипломатскиот кор во земјава, од општествениот, културниот, научниот и политичкиот живот, гости од соседните држави и приличен број на верници. Во моментот се подготвува и песна за илјадагодишнината на Бигорски, а исто така и професионален документарен филм.

Меѓутоа, како што е општопознато, оваа година, за жал, ја одбележа и пандемијата со коронавирусот, којашто во голема мера го отежна нормалното функционирање на животот и организирањето на настаните. Сепак, и покрај ова големо сесветско искушение, со Божјата милост и помош, успеавме да ги реализираме речиси сите замислени проекти за достојна прослава на Бигорското илјадалетие.

 3.angeli.so.truba


Момент од главната прослава на Бигорското илјадалетие

    Кажете ми, претходната година прес-службата на Вашиот манастир беше прва кој извести дека текстот на нашиот Томос пристигнал во Константинопол. Како се случи вашиот манастир прв да дознае за ова?

Епископ Партениј: Секогаш се трудиме навреме да ја информираме македонската јавност за најновите случувања во православниот свет и будноста на браќата одговорни за нашата интернет страница и во овој случај го направи своето. Впрочем, пристигнувањето на Томосот се очекуваше, па затоа постојано внимававме за најновите вести поврзани со развојот на украинската автокефалност. Притоа, ние Му благодариме на Бога и многу се радуваме што сега сите православни Украинци се наоѓаат во канонско единствено со Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква.

И во оваа прилика сакам искрено да му честитам на Претстојателот на ПЦУ, г. Епифаниј и да му посакам благодатни сили од Бога за правилно да раководи со словото на Неговата вистина. Се разбира, ќе беше уште подобро доколку архијереите на УПЦ – Московски Патријархат го испочитуваа повикот на мудриот Патријарх Вартоломеј, кој со татковска грижа, повика, со помош на тогашниот претседател Порошенко, на заеднички обединувачки собор, со што во Украина ќе постоеше една обединета помесна православна Црква. Но, да се молиме на милостивиот Бог, црковните поделби и раздори што поскоро да се надминат, да се востанови повторно древниот канонски поредок во Црквата Православна, која како првопрестолен трон го има Константинополскиот, и никогаш да не ја забораваме Христовата желба и молитва, за „сите да бидат едно“ (Јован 17,21).

3.angeli.so.truba

Лана Самохвалова, специјално за „Релігійної правди“.
Редакцијата на Религијна правда ѝ испраќа благодарност на Украинската амбасада во Република Северна Македонија за посредувањето во подготовката на интревјуто.
Епископ г. Партениј
„Проєкт «Сербська церква» в Македонії провалився, – македонський єпископ Партеній“

Епископ г. Партениј
Интервју за украинската „Релігійна правда“

Епископ г. Партениј
“Не пастир, а найманець”. Македонці показують Україні приклад, як протистояти “імперії” і її церкві

Епископ г. Партениј
Интервју за украинската Релігійна правда

  

Извор:

https://bigorski.org.mk/intervjua/ekskluzivno-intervju-na-vladika-partenij-za-ukrainska-religijna-pravda/?fbclid=IwAR2gw4FF1k0tTfMnLuZJXtt_gHmPdfKlDMjLltvExPwrt9uYbs0PfNRa_jU

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная