Премин Портал

Кожувчанка

Човек-машина или машина-човек

Irnej.sv.Jovan3
Постарите генерации се шегуваа и велеа, кога сметачот во текот на работата испушташе разни звуци од хард-дискот, флопи дискетите и слично, дека „компјутерот размислува“. Ако ја задржиме чашата која е поставена на нестабилна подлога, неретко велиме „сакаше да падне“. Чашата исто толку има своја волја, па да сака нешто да направи, колку што и машината има своја волја или желби, или способност за учење, размислување, извлекување на заклучоци и слично.

Идејата за создавање на човечка креација која би поседувала човечки особини не е нова. Со рапидниот развој на науките и на технологијата, почнувајќи од 17 век па наваму, оваа идеја од областа на митологијата и фантазијата преоѓа во сферата на научната фантастика, односно почнуваат да се јавуваат размислувања дека такво нешто е возможно со користење на современата технологија.

Развојот на информатичките технологии во периодот после Втората светска војна придонесе да се појават тези дека е возможно да се достигне степен на интелигенција на сметачките машини. Самиот поим „Вештачка интелигенција“ е скован на конференцијата во Дармут, САД, во 1956 година. Постулатот бил дека „секој аспект од учењето или која било друга карактеристика од интелигенцијата може да биде толку прецизно опишан, што може да се направи машина што ќе го симулира“. Гледаме дека во основата на тезата дека машината може да биде како човек, првенствено стои тезата дека човекот е еден вид машина, дека човечката интелигенција е всушност една сложена, софистицирана, комплексна, но сепак конечна машина, која може да биде опишана со математички функции.

Првата генерација на истражувачи од областа на вештачката интелигенција ги направиле следните предвидувања: „во рок од десет години, дигитален компјутер ќе биде светски шампион во шах“ и „во рок од десет години, дигитален компјутер ќе открие и ќе докаже нова значајна математичка теорема“ (1958 година), „машините, во рок од дваесет години, ќе бидат способни да прават секаква работа која може човекот да ја прави“ (1965), „во текот на една генерација… проблемот на создавање на ’вештачка интелигенција’ ќе биде суштински решен“ (1967), „во следните три до осум години ќе имаме машина со интелигенција на просечно човечко битие“ (1970).

Начинот на кој се сметало дека ќе се постигне таа интелигенција бил преку имитирање на природниот нервен систем, со компјутерски, т.н. невронски мрежи. Невронските мрежи се обид да се симулира природниот нервен систем и така да се достигнат одредени аспекти од размислувањето, помнењето и сето она што е поврзано со интелигенцијата.

Очекувања наспроти реалност
Јасно ни е дека овие предвидувања не се остварени, со исклучок на поскромното предвидување за способноста на сметачите да бидат исклучително добри во играта шах. Ниту пак, невронските мрежи ни разјаснија нешто во однос на функционирањето на човековото размислување, помнење или слично.

Според зборовите на Ноам Чомски: „Вештачката интелигенција е нерелевантна по однос на прашањето на интелигенцијата“. Значи, од научен аспект, обидите преку технологијата на вештачката интелигенција да се разбере начинот на којшто функционира човечката интелигенција, се целосно фијаско.

Од инженерски аспект, пак, вештачката интелигенција е навистина големо постигнување, станува збор за софистициран компјутерски систем кој извршува многу комплексни операции. Како човечко постигнување, вештачката интелигенција денес е на ранг на она што во древно време се нарекувало „светско чудо“. Во последно време, особено нè восхитуваат постигнувањата во генеративната вештачка интелигенција, како Chat GPT, Midjourney, Sora.

Но, при сето тоа, вештачката интелигенција си останува, како што објаснуваат инженерите од таа област – „само алатка“. Впрочем, на инженерите од таа област им е најјасно дека изразите што се користат во однос на технологијата, како „учење“, „мислење“, „помнење“ и слично, се нешто сосема различно од процесот на учење, мислење и помнење кај луѓето.

Постарите генерации се шегуваа и велеа, кога сметачот во текот на работата испушташе разни звуци од хард-дискот, флопи дискетите и слично, дека „компјутерот размислува“. Ако ја задржиме чашата која е поставена на нестабилна подлога, неретко велиме „сакаше да падне“. Чашата исто толку има своја волја, па да сака нешто да направи, колку што и машината има своја волја или желби, или способност за учење, размислување, извлекување на заклучоци и слично.

Irnej.sv.Jovan1

Христијанско сфаќање
Како воопшто се спојуваат овие теми со христијанството? Ќе го прескокнеме целиот дел за тоа какво е христијанското сфаќање за човекот, и дали може човекот да се сведе на збир од функции, и ќе го разгледаме терминот „вештачка интелигенција“. Овој термин на грчки е „τεχνητή νοημοσύνη“, при што „τεχνητή“ значи „вештачка“, а зборот за интелигенција, „νοημοσύνη“, произлегува од старогрчкиот збор „νους“, кој на словенски се преведува како „ум“. Овој термин често се среќава во светоотечката литература, па токму затоа некои современи теолози, како на пример владиката Јеротеј Влахос, сметаат дека во овој контекст треба да се употреби друг збор наместо „νοημοσύνη“.

Во христијански контекст терминот „νους“, односно „ум“ пред сè ја означува умствената енергија на душата. „Умот е окото на душата“, односно, она што е окото за телото, тоа е умот за душата. Тоа и е значењето на Христовите зборови во Евангелието според Матеј: „Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло; ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината?“ (Мт. 6, 22–23).

Умот е разумниот дел на душата, и е неодвоив од неа. На умот првенствено се однесува карактеризирањето на човекот како создаден „според образ Божји“, односно разумен и надарен со слободна волја.

Светиот Јован Дамаскин, во своето дело „Точно изложување на православната вера“ вели: „Умот ѝ припаѓа на душата, не како нешто друго, одделно од неа, туку како суштествен дел од неа… Душата е независна, надарена со способност да сака, да дејствува, подвластена е на промени од страна на волјата“. Понатаму во истата книга читаме: „Мислечката способност се состои од: суд, одобрување, спремност кон дејствие, откажување да се дејствува. Исто така и: восприемање на умопостижното, добродетелите, знаењето, правилата на уметноста, размислувањето пред извршувањето дејства, слободниот избор.“ И уште: „Слободата е сврзана со разумот. Разумното суштество има две способности – созерцателна и дејствителна. Тоа ја управува природата, а не е управувано од неа. Неразумните суштества немаат слобода, туку се управувани од природата.“

Како што гледаме, христијанското сфаќање е дека интелигенцијата не може да се одвои од душата. Не може да се одвои ниту од слободата, ниту од волјата. Затоа секој обид да се створи „општа интелигенција“ всушност е обид да се створи словесна душа, и затоа – веројатно е очигледно дека – е осуден на неуспех.

Irinej.S.nedela1a

Предизвици
Технологијата на вештачката интелигенција ќе напредува, и нужно ќе донесе промени во одредени сфери. Слично како што изумот на машината за шиење своевремено оставил добар број занаетчии без работа, па дури и имало протести и уништување на тие машини.

Или како што машината за печатење ја „ѝ ја запечатила судбината“ на препишувачката дејност. И денес некои професии се загрозени со развојот на вештачката интелигенција, дактилографијата е еден пример. Други дејности, пак, како на пример преведувачката, веќе имаат огромна придобивка од овие нови технологии.

Опасностите од „дип-фејк“ манипулации се нешто заради што дополнително ќе треба да го изостриме критериумот за проценување што од она што го гледаме и слушаме преку медиумите и социјалните мрежи е вистина, а што не е.

Предизвиците се многубројни и разновидни. Но, идеите дека машините ќе достигнат општа, односно човечка интелигенција, ќе останат во доменот на научната фантастика. Човекот не може образот Божји да го втисне врз сопствената креација.


Авторот е архимандрит во Македонската православна црква (МПЦ-ОА)

https://plusinfo.mk/chovek-mashina-ili-mashina-chovek/

 


Друго:

Отец Иринеј гостин во „Попкаст“ на „Слободен Печат“

Литургија.мк: Црковен информативен портал

Православен календар: Денови.мк



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Мај 30, 2026
TVITer29

ЗАДУШНИЦА – ВРСКА НА ЉУБОВТА МЕЃУ ЗЕМЈАТА И НЕБОТО

Во пресрет на Педесетницата, кога Црквата го очекува слегувањето на Светиот Дух и откривањето на својата полнота како Тело Христово,

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Ное 30, 2025 Полезно и Потребно 2415
Patot.na.podviznikot53
Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 3803
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 3850
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

Најново од духовност

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Филип 27 ноември/ 14 ноември / 2026

Тропар на светиот апостол Филип 27 ноември/ 14 ноември / 2026

Со солунската Црква управуваше тринаесет години, од кои една година беше во ропство кај Сарацените во Азија. Се упокои мирно...

Тропар на свети Јован Златоуст 26 ноември/13 ноември  2026

Тропар на свети Јован Златоуст 26 ноември/13 ноември 2026

Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина....

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 21 ноември/ 8 ноември 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 21 ноември/ 8 ноември 2026

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная