логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 arh.Mihail.Nerezi2

 

[youtube height="350" width="600" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=gpMBxBKGUIo[/youtube]

Тропар, гл. 4

Водачи на небесните војски, ние недостојните ве молиме секогаш, со вашите молитви да нѐ заштитите под покривот на крилјата на вашата бестелесна слава, чувајќи нѐ нас што усрдно паѓаме и воскликнуваме: од беди избавете нѐ, како чиноначалници на небесните сили!

Кондак, гл. 2

Архистратизи Божји, служители на Божествената слава, началници на ангелите и наставници на луѓето, полезно за нас просите и голема милост, како бесплотни Архистратизи.

 

мокрањчев напев

 arh.Mihail.Nerezi1

Молитва кон св. Архангел Михаил

          Целиот си оган и ревност, свети Архангеле Михаиле, затоа ти се молиме: нашите заспани души запали ги со огнот на твојата ревност, та секогаш да Му служиме на нашиот заеднички Господ, сесрдно да те подражаваме тебе, безгрешниот и свет брат наш и врховен војсководач на сите небесни и земни војски Христови. Пречудниот Господ Исус Христос устроил една црква од англеи и луѓе, та и ние луѓето кои таинствено претставуваме херувими на земјата, да ги подражаваме нашите небесни браќа на чие чело стоиш ти, лачезарен и боженствен архистратиже Михаиле. Ти на небото го победи селошиот сатана и го фрли од небото на дното во пеколот – помагај ни и нам секогаш, ти се молиме, сесилен Архангеле, та и ние со сепобедната сила да го победуваме селукавиот сатана, кој нѐ напаѓа од сите страни, и нѐ искушува преку безбожни луѓе, преку нечисти мисли, преку земни наслади и преку опивните страсти.

              Сиот си свет, чист и безгрешен, божествен првоангеле Божји; ти се молиме – сесвети; ти се молиме – сечисти; ти се молиме – себезгрешни, учи нѐ дење и ноќе како да живееме свето, чисто и безгрижно; дарувај ни ги твоите херувимски сили за да живееме вистински херувимски на земјата и ние, кои според неизмерливото Божјо човеркољубие, претставуваме херувими на земјата.

          Не оставај нѐ во отровната кал на нашите сластољубиви земни желби, туку издигни нѐ во небесните англески височини и оспособи нѐ да живееме ангелски свето и чисто, додека сме во тело на земјата.Милостиво погледни на нас, сепобедлив архангеле, снисходливо спушти се до нас, разбуди нѐ за борба со злото, со гревот, со ѓаволот, со смртта, за да можеме водени и охрабрувани од тебе, лесно да ги совладуваме: секој грев, секоја страст, секој ѓавол и секоја смрт. Знаеме, богоносен архангеле, дека имаш власт над нечистите духови, над смртта, над гревовите: исполни ги нашите души со твојата боженствена сила, за да можекме бестрашно да војуваме и херувимски да ги победуваме сите непријатели на нашето спасение, на нашата вера и на нашата душа.

            Сепобедлив војводо на небесните сили, ти си го исчистил н небото од сатаната и неговите црни ангели, исчисти ги и нашите души од секој грев, зашто гревовите наши ги отвараат вратите и прозорците на нашите души; преку нив во нас да не влезат нечистите демонски дили, да ги валкаат и умртвуваат нашите души кои треба да се англески чисти и ангелски бесмртни. Без твојата сепобедлива помош, небесни војсководачу, лесно стануваме плен на нечистите сили. Затоа од сѐ срце ти се молиме: прими нѐ во твојата сепобедлива војска, војувај за нас и пред нас, води нѐ и предводувај нѐ во секоја борба за нашата душа, за нашето спасение, за нашата вечност, обезбедувајќи ни победа над секојн грев и над секој ѓавол.

                О, пресвети архангеле, ако ти не ни дојдеш на помош со твојата боженствена сила, ние сме очајни и немоќни пред демонските сили. Со тебе секогаш ќе победуваме во сите борби на нашата душа, а без тебе паѓаме од пораз во пораз, од грев во грев, од пекол во пекол. Затоа ти се молиме, биди секогаш со нас, не напуштај нѐ поради нашите гревови, и поради нашата нечистотија, туку сакајќи нѐ со боженствена љубов направи да го замразиме гревот и сите гревовни сласти, та да ја исполниме нашата душа со слаткиот мирис на ангелските добродетели. Еве, ги предаваме нашите души на тебе, пресвети ангеле Божји, ти се молиме и просиме: води нѐ секогаш по патиштата што водат кон Царството Небесно, за да можеме заедно со тебе, вечно да Го славиме семилостивиот наш Спасител – Преслаткиот Господ Исус Христос, и Неговиот Човекољубив Отец, и Себлагиот Дух Утешител, Кому нека Му е слава и пофалба сега, секогаш и во сите векови. Амин.

[youtube height="350" width="600" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=-mCUNbnUSps[/youtube]

Молебен канон кон светите Архангели на грчки јазик

Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk

 

 

/sv-arhangel-mihail-i-ostanatite-bestelesni-nebesni-sili/ .



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Септември 10, 2025
Исцељење слепорођеног

КАКО ИЗЛЕЧИТИ БОЛЕСТИ ДУШЕ?

КАКО ИЗЛЕЧИТИ БОЛЕСТИ ДУШЕ? КАКО ИЗЛЕЧИТИ БОЛЕСТИ ДУШЕ? ШТА ЈЕ НАРОЧИТО ВАЖНО НА ПОЧЕТКУ ДУХОВНОГ ЖИВОТА? ГДЕ И КАКО СЕ НАУЧИТИ СВЕТОМ ПОКАЈАЊУ? ДА ЛИ СЕ ДУША БРЗО ИСЦЕЉУЈЕ? КАКВЕ СУ ОСОБЕНОСТИ НАШЕГ ВРЕМЕНА? ТРЕБА ЛИ „РЕВНОСНИ“ ХРИШЋАНИ ДА СЕ БОЈЕ ПАКЛА?…
Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

TviTER281
Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на…

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 1823
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2103
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Најново од духовност

Православен календар

 

10/09/2025 -среда

Преп. Мојсеј Мурин; Преподобен Сава Псковски и Крипецки; Собор на сите Печерски богоугодници;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.преподобен Мојсеј Мурин  10 септември/28 август  2025

Тропар на св.преподобен Мојсеј Мурин 10 септември/28 август 2025

О преподобен оче пустински, ти кој ангели и демони гледаше,со едни беседеше, за други се молеше,кон небесата повикуваше – отвори...

Тропар на св. Преподобен Пимен Велики 9 септември/ 27 август 2025

Тропар на св. Преподобен Пимен Велики 9 септември/ 27 август 2025

Учителу на смиреномудрието, противнику на осудувањето,лекару на страстите телесни и духовни,сјајна ѕвездо на преподобните, надеж за сé во Христа положуваше,

Тропар на св. Христови маченици Адријан и Наталија  8 септември/26 август  2025

Тропар на св. Христови маченици Адријан и Наталија 8 септември/26 август 2025

Благословувајќи го бракот о Господи,апостолот за Христа и Црквата ни прозбори,мажот преку жената може да се спаси,според тие зборови Адријане...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная