логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Kapsanis.intervju

П: Би сакале, отче Лука, да ве прашаме за некои аспекти од неговиот лик. Старецот Георгиј беше 40 години игумен на едно велико светогорско општежитие. Може ли да се рече дека таму тој негуваше еден вид на исихастички (тихователен) карактер, или пак тоа не оди во склад со општежителното монаштво?

Јером. Лука: Чест е за нас да зборуваме и кажуваме по нешто за овој значителен лик, којшто Бог му го подари на нашиот манастир, на Света Гора и на Црквата. И нештата коишто ќе ви ги кажам, ќе ви ги кажам по благословот на високопреподобниот наш игумен, о. Христофор.

На вашето прашање пак сега ќе одговорам вака: во многу негови објавени текстови и во многу негови беседи, Старецот има подвлечено дека православното монаштво е и треба да биде исихастичко (тихователско). Спротивно на западното монаштво коешто е еден вид на активизам, т.е. го има за цел социјалното, научничкото или друг некој вид на активност и придонес.

П: На што мислеше Старецот Георгиј кога велеше: „исихастичко (тихователно) монаштво“?

Ј.Л.: Мислеше на монаштвото коешто самиот тој го стекна од Светите Отци на Црквата. Ова монаштво е еден вид на животен подвиг за очистување од страстите на душата и на телото, за просветление на умот и на срцето, и за удел во обожението.

Luka.Grigorijatski

Еромонах Лука Григоријатски

 

П.: На оваа тема би сакале да ни појасните: во едно големо општежитие може ли некој да живее исихастички? Нема ли расејувања?

Ј.Л.: Монахот, без разлика дали живее в пустина или во општежитие, има една главна цел: да ја извршува волјата Божја, а не она за коешто мисли дека е добро. На овој начин се ослободува од неговите себељубиви желби. Ова е началото на очистувањето од страстите, началото на исихастичкиот живот. На ова духовно делание, т.е. на очистувањето од страстите, општежитието помага многу. Монахот, како што гради односи со толку многу браќа, истовремено си ги открива и страстите. Па следствено, може да напредне во срдечната молитва и во исихијата. Во нашата обител го имавме старчето Авксентиј, којшто беше краен исихаст (тиховател).

П: А расејувањето?

Ј.Л.: Расејувањето... Старецот велеше едно нешто многу значајно: Една работа е исихијата, а друга пак работа е свештената исихија (свештеното тихование). Првото е отсуство на галами и расејувања. Свештената исихија (свештеното тихование) е едно динамично духовно делание, низ коешто човекот го врти својот ум од надворешното расејување кон неговото срце внатре и таму го среќава Бога преку срдечната молитва. Оваа молитва е полесна во пустината, каде што постои и првиот облик на исихија, но бидува и во општежитието, а поретко дури и во светот. Светиот Силуан Атонски бил економ на манастирот на Свети Пантелејмон и под свој надзор имал стотици работници во големото општежитие на Русик (рускиот манастир). Но и покрај сето ова бил еден изврсен монах исихаст (тиховател).

П: Старецот Георгиј беше исихаст (тиховател)?

Ј.Л.: Во мојата беседата на Китира, малку после неговото успение, го имав речено следново: „настрана од неговата многугрижлива служба, којашто не му оставаше време за вообичаеното практично делание на молитвата, длабоко во душата си го имаше боготворечкиот дар на исихијата (тихованието). Како игумен радо ги примаше луѓето, пред нив беше присен и благоговорлив, мошне долго слушаше за разни состојби и проблеми, сострадаше и сочувствуваше, но неговиот ум не паѓаше во плен на метежот, и немаше вртоглавици и вознемиреност. Брзо, имено, си се враќаше на своето умно делание. Длабочината на неговото срце беше мирна, како длабината на морето. Во срцето си беше исихаст (тиховател), делател на молитвата“. А сега пак ова ќе го кажам поедноставно: беше еден исихаст (тиховател) киновијарх (началник на општежитие).

П: Дали постојат примери од неговиот живот и од неговото пастирство, коишто потврдуваат дека тој го негуваше исихастичкиот (тихователскиот) нарав во неговиот манастир и на Света Гора?

Ј.Л.: Како што рековме, со текстови и со своето усно произнесувано слово Старецот се застапуваше за исихастичкиот (тихователниот) и трезвениот карактер на светогорското и воопшто на православното монаштво. Во овој дух се движеше и самиот низ сите години од неговото игуменство. Не целеше кон активности во светот. Излегуваше само кога беше повикуван од епископите на Црквата, било за беседи, било како духовник во женски манастири. Единствено од послушание. Како што знаете, беше многу плоден писател, а и беседничкото дело му беше мошне богато. Згора на тоа не сакаше да излегува по телевизиите. „Не е тоа дело на монахот“, велеше, „ами на пастирите на Црквата надвор во светот“.

На неговите монаси им ја препорачуваше умната молитва, сосредоточеноста на умот, одбегнувањето на празнословието и на бесцелните и светски расправи. Самиот тој никогаш не прибегнуваше кон прекумерни и непотребни слова. Сѐ беше со мера, за поука. Беше благоговорлив, грациозен во расправите му, благороден и претставителен, но никогаш не празнословеше. Го потцртуваше послушанието. Него го сметаше за основа во подвигот на вистинскиот исихастички живот.

Се случи еднаш да го прими во посета познатиот левичарски мислител Коста Москоф, којшто, восхитен од тоа што Света Гора зема замав со млади, образовани и способни монаси, му предлагаше на Старецот монасите да излезат во светот за да извршуваат општествени дела. Старецот му одговори: „Каста, знаеш која е разликата меѓу нас? Вие се борите против егоизмот на другите. Ние се бориме против егоизмот наш“. Третиот соговорник тогаш му забележа на Москоф: „Коста, разбра што ти рече Старецот?“.

Исто така, се сеќавам, еднаш Старецот Георгиј го имаше посетено Ватопед. Тогаш сеуште таму живееше Старец Јосиф. Старец Георгиј со праша Старчето Јосиф: Како можам да го пазам умот со толку грижи што ги имам околу манастирот? Оној му одговори: Кога сѐ бидува во слава на Бога, тоа е пазење на умот.

Во врска пак со заедничките светогорски прашања, како на пр. Финансирањето на реставрационите работи, заземаше ставови кои го осигуруваа исихастичкиот карактер на Света Гора. Се жалостеше од неоправданото користење на технолошките апарати. Ги дозволуваше само крајно неопходните, а и овие само од пастирски причини. Кога еднаш се задвижи темата за распуштање на самоуправувањето на Света Гора, се избори заедно со Свештената Кинотита и сите други катигумени за нејзиното зачувување, затоа што во ова гледаше гаранција за зачувувањето на исихастичкиот карактер на Света Гора.

П: Да преминеме сега на едно друго поле, кое се однесува на догматските теми.

Ј.Л.: Може, се разбира.

П: Старецот целосно се посвети на укрепување на православното предание, а му се спротивставуваше на синкретичкиот екуменизам, низ целиот му живот. Како го поврза ова делување со исихастичкиот му нарав?

Ј.Л.: Вистината е, дека застануваше на чело на богословските борби, но сепак, не ја губеше срдечната исихија (срдечното тихование), како што ја немаа изгубено нити великите Отци кои беа повикани од Бога да го укрепат Православието. Пишуваше и делуваше непристрасно, а ова беше гарантирано од неговата срдечна исихија (тихование). Љубеше па затоа и богословеше. Ги следеше светите отци, му правеше послушание на Преданието коешто тие ни го оставија во наследство. Го одбегнуваше светскиот дух. Пристрасноста и светскиот дух ја изгонуваат срдечната исихија (тихование).

П: Старецот имаше заземено став и за диалогот со Монофиситите.

Ј.Л.: Не само во врска со ова. Имаше заземено став за сите богословски дијалози. Многу негови текстови се однесуваат на дијалогот со Римокатолиците, од деценијата на 70-тите до денес. Пишуваше и за дијалогот со Протестантите, нарекуван ССЦ (Светски совет на цркви). Но неговиот став за дијалогот со Монофиситите беше одлучувачки. Како член на Епитропијата на Свештената Кинотита на Света Гора за догматски прашања, сочини текстови коишто ги прифати Свештената Кинотита и со нивното дејство се осуети едно соединување коешто ќе ѝ наштетеше на Православната Црква и на православната ни вера.

П: Која е централната идеја на антимонофиситските текстови на Старецот?

Ј.Л.: Дека денешните Антихалкидонци, т.е. Коптите, Ерменците, Сириојаковитите и др. не се имаат ослободено од монофиситската вера на нивните отци, кои се имаат осудено од страна на Вселенските Собори. Така, соединувањето кое се имаше предложено ќе беше слепување на две црковни групи со обострани догматски разлики, без единство во верата значи и без верност во православната Христологија, како што бара православната еклисиологија.

П: Како Старецот Георгиј, еден исихаст киновијарх (началник на општежитие), како што рековте, се предаде со толку ревност на надворешно јерапостолство (проповед во странство, т.е. надвор од Грција)?

Ј.Л.: Да, тоа е уште една голема тема и централна во неговото пастирско дело. Мислам дека одговорот на вашето прашање се наоѓа во добродетелта на послушанието. Му направи послушание на о. Паисиј (сега веќе св. Паисиј) Светогорец. Тој имено го имаше испратено, сега блаженоупокоениот, јерапостол о. Косма Григоријатски- Асланидис при Старецот, така што Старецот да се погрижи да го направи достоен дарот (харисмата) на тогашниот мирјанин Јоан Асланидис. И кога, после сообраќајната несреќа и заминувањето на о. Косма од овој свет, јерапостолството на Колуези во Конго остана обезглавено, повторно од послушание кон тогашниот митрополит на централна Африка Тимотеј, го испрати о. Мелетиј (сега митрополит на Катанга).

 

Kapsanis.intervju1

Во срцето на исихастот (тихователот) зборува Духот Свет, и исихастот (тихователот) одговара: „Зборувај Господи, и работ твој слуша“. Така биваше со Старецот.

П: За крај да ви заблагодариме за овој разговор, којшто ни оприсутни едно парче, еден дел од ликот и делото на Старецот.

Ј.Л.: Да. Навистина беше многустрано делото негово, зашто благодатта на Бога ја имаше украсено душата на Старецот со многу дарови. Јас ви благодарам што ја имавте добротата да го испочитуваме Старецот и со ова интервју, и се надевам да биде во слава на Бога и за полза на Црквата.

П: Благодарам. Нека се моли за нас.

Ј.Л.: Да имате и вие добра сила за да го продолжите вашето дело, коешто е душеполезно и вака се прославува и Бога.

П: Благодариме.

Слепченски Манастир

https://www.manastirslepche.mk/novost/intervju-so-eromonahot-luka-grigorijatski-likot-na-blazenoupokoeniot-starec-georgij-kapsanis/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная