логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

SV.Jovan.Zlatoust

Милостиња...


            Нема грев, кој не би можела да го исчисти, кој не би можела да го истреби милостињата. Секој грев е понизок од неа, таа е лек погоден за секоја рана. Што е полошо од митарот? Тој е способен за секоја нечесност. Но и таа секоја нечесност Закхеј ја исчистил (в. Лука 19:8­9). Забележи како и Христос го сугерира истото со тоа што одредил да се има ковчеже и во него да се носат прилозите (в. Јован 12:6). И Павле вели: да ги помниме сиромасите (Гал. 2:10). И насекаде во Писмата многу се говори за тој предмет. Така, се вели: Со богатството човек го искупува животот свој (Изрек. 13:8). И Христос: Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по Мене (Мат. 19:21). Во тоа, навистина, се содржи совршенството.
              Милостињата, пак, не се извршува само со пари, туку и со дела. Така, на пример, може човек да се завземе за некого, да подаде рака за помош. Често завземањето на дело за некого помагало дури и повеќе од парите.
И така, да ги ставиме во дејство во нашиот случај сите видови на милостиња. Можеш со пари? Не одложувај. Можеш со завземање? Не вели дека немаш пари, ништо затоа; и самото тоа да бидеш така расположен како да даваш пари значи многу. Можеш со услуга? Направи го и тоа. На пример: лекар си по занимање? Погрижи се за болните, и тоа многу значи. Можеш со совет? Тоа е – најважно од сè. Советот е толку подобар и повисок од сè, колку што е пополезен: со него ти го извлекуваш човекот не од глад, туку од лутата смрт. Со него и апостолите биле особено богати, па затоа разделувањето на парите тие им го довериле на помалечките, а самите тие се грижеле за служењето на словото (в. Дела 4:1­4). Или да не мислиш дека нема да биде голема милостиња ако некоја душа, која попаднала во крајна душевна зачмаеност (униние), се наоѓа во крајна опасност, во која не згаснува пламенот на страста, можеш да ја ослободиш од таа болест? На пример, гледаш некој пријател обземен од страсната приврзаност кон парите (среброљубие)? Укажи му милост на тој човек. Човекот сака да се удави? Изгасни го неговиот пламен. А што ако не те послуша? Ти работи си го своето и не биди мрзелив. Го гледаш врзан (ете, и среброљубието е навистина – оков)? Појди кај него, посети го, утеши го, потруди се да го ослободиш од оковите. Ако тој не се согласи, самиот ќе биде виновен.

          Гледаш човек необлечен или туѓинец (и навистина е човек необлечен и туѓинец за небесата оној што не се грижи за добродетелниот живот)? Земи го кај тебе дома, облечи го во облеката на добродетелта, направи од него жител на небото. А што, ќе речеш, ако сум јас и самиот необлечен? Тогаш облечи се најпрвин себе си. Зашто, ако знаеш дека си необлечен, сигурно знаеш и дека треба да се облечеш. Ако ги знаеш карактеристиките на таа голотија, тогаш лесно можеш да осознаеш и каква облека е потребна за да се покрие таквата голотија. Колку многу жени носат свилени облеки, а се вистински голи во поглед на облеката од добродетелите! Таквите мажите попусто ги облекуваат. Но, ќе речеш, тие не ја прифаќаат облеката од добродетелите, туку ја сакаат онаа друга облека? Тогаш првин постапи вака: разбуди ја кај нив желбата по облеката на добродетелите, покажи им дека се голи, зборувај за идниот суд, речи им дека таму ќе им биде неопходна друга облека, а не свилената.


Свети Јован Златоуст

 

fbПравославен Источник - Pravoslaven Istocnik

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная