Гледаш ли, драго мое чедо, дека Господ секогаш е со тебе кога ги пазиш Неговите заповеди, додека пак, благоуханиот ангел ги одмерува твоите чекори и сите твои дела.
Слушаш ли, чедо мое, што вели Господ?
Кога ти, драго мое дете, копнееш да бидеш од корист на својот брат, и одиш, и му го зборуваш она што го знаеш, кога гориш од желба да му помогнеш, тогаш тоа е љубов кон ближниот: да се љуби братот како самиот себе си.
Колку повеќе копнееш и иташ да им помогнеш на другите, толку повеќе и Бог го отвора пoтокот на љубовта и ја излива врз тебе.
Според тоа, драго мое чедо, немој да бараш ништо друго освен љубов.
„Удостој ме, Господи, да Те љубам онолку колку што Ти мене ме љубиш!“
Според тоа, колку некој копнее за спасението на својот брат, толку неговата душа се исполнува со Божја љубов. Голема мера ќе достигнеш и без голем труд и подвиг, затоа што љубовта се’ опфаќа.
Љубовта не се гордее, не се превознесува… не бара свое, не се дразни, не мисли зло (1 Кор. 13:4,5)
† Старец Јосиф Исихаст
Православие.Мк †