логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Свети Јован Златоуст

troicnik.korica4.jpg
           За грешникот нема поголема корист од постојаното предочување на своите гревови во умот и пред очите свои, и од што почестото смирување и преиспитување на себеси. Ништо друго не е толку силно за да го умилостиви гневот Божји: ниту постот, ниту  бдението, ниту било што слично.
 За да бидеме возљубени од Бога, мораме да ја развиваме душевната убавина, секојдневно измивајќи ја секоја нечистотија преку читањето на Светото Писмо, молитвите, милостината, со единомислие помеѓу себе.
 На оној кој сака да Му угодува на бога, да пребива во добродетели и чистота, насушно му е потребно да не води мирен, пријатен и безгрижен, туку тегобен живот, исполнет со многу трудови и подвизи.
 Зошто световната тага предизвикува смрт? Од таа причина што прекумерната тага обично доведува или до сомнеж, или до погубно богохулство.
             Сакаш ли да бидеш еднаков на апостолите, знај дека ништо не ти стои на патот: доволно е макар да ја исполниш добродетелта на милостината, па во ништо да не заостануваш зад нив.
 Без девственост може да се задобие Царството Небесно, а без милостина нема никаква можност за тоа.
 И живеејќи во градот може да се подражава мудрољубието на пустиножителите; и омажената жена, и семејната жена може да се моли, да пости и да достигнува во умиление.
 Каква е навистина користа од земните наслади? Денеска постојат, а утре ги нема; денес преубав цвет, а утре расеан прав; денес распламтен оган, а утре изладена пепел.
            Се грижиш ли за своето спасение, немој тоа да го докажуваш со зборови, туку со своите дела. Затоа потруди се да го исправиш својот живот, зашто неверникот ќе те праша: “Како да знам што заповедал Бог и што треба да се прави? Зашто ете ти, христијанин по раѓање и човек воспитан во таа прекрасна вера, ништо добро не правиш“. А што ќе речеш ти? Без сомнение, ќе му понудиш ваков одговор: “Ќе ти покажам други луѓе, кои ги исполнуваат заповедите: монасите, оние што престојуваат во пустините, и Светите.” Но зарем не ти е срам, сметајќи се христијанин, да укажуваш на други, како да не можеш да докажеш дека и самиот извршуваш христијански дела? Неверникот истиот миг ќе ти возврати: “Зошто би морал да заминувам во високи гори и пустини? Ако не е можно да се пребива во мудрољубие во градовите, тогаш тоа треба да биде голема оптужба против христијанското живеење за чие што остварување е потребно да ги напуштиме градовите и да бегаме во пустините.”
              Сe извршувај заради покорување на Господа и сe што превземаш да биде заради Него. Ова е доволно за да не допуштиш да те обземе било каква соблазна или во твојот живот да завладее неред.
 Во тело го прославува Бога оној кој не се оддава на блуд, кој не се прејадува, кој не се грижи за надворешното украсување, кој за себе покажува само онолку грижа колку што е неопходно заради здравјето, кој не прави прељуба, како и жената која на себе не става секакви мириси, не го украсува со бои своето лице, која е задоволна со својот изглед кој и  е даден од Бога и не му достава ништо неприродно.
*       *       *
                Вие, мајки, најмногу грижете се за ќерките, тоа вам не ви е тешко. Пазете на тоа тие да седат дома; а пред се учете ги да бидат богобојазливи, скромни, да ги презираат парите и премногу да не се грижат за облеката. Вакви и омажете ги. Ако така ги воспитате ќерките, тогаш не само што нив ќе ги спасите, туку и мажот, кој ќе ги земе, и не само мажот, туку и децата – и не само децата, туку и внуците. Ако е коренот добар, тогаш и гранките подобро ќе израснат, и за сето тоа вие ќе добиете награда. Затоа сето тоа ќе го правиме како оние кои се грижат за доброто не само на една душа, туку за многуте преку една. Затоа што ќерките, кога стапуваат во брак, треба да излезат од татковиот дом така како што борачите излегуваат од местото на натпреварувањето, т.е. би требало до ситници да ја знаат науката, со помош на која би можеле, како што квасецот прави сето тесто на нарасне, да внесат убавина во животот на целото семејство.
              А синовите пак мораат до таа мерка да бидат скромни, што најпрво ќе ги препознаваат по понизноста и целомудреноста, и за да заслужат поголема пофалба од луѓето и од Бога. Нека се научат да го зауздуваат стомакот, нека се воздржуваат од излишни трошоци, нека бидат штедливи, нека љубат нежно, нека се научат да се покоруваат на властите. Зашто, на тој начин тие можат на родителите да им задобијат голема награда. Тогаш с# ќе биде во слава Божја и за наше спасение, во Христа Исуса, Нашиот Господ, Кому нека е Слава со Отецот, заедно со Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови, Амин.
            Според тоа, да ги образуваме децата така, што тие би можеле с# да поднесат и да знаат како да постапуваат кога ќе наиде несреќа, да ги воспитаме во науката Господова – и нам ќе ни припадне голема награда. Всушност, ако луѓето кои се занимаваат со сликање на царевите, со изработка на нивните портрети, многу ги почитуваат, зошто тогаш ние, кои го живописуваме ликот на Царот Небески – зашто човекот е лик Божји, нема да уживаме многу поголеми добра затоа што ја оживуваме Божјата икона? Токму со тоа може да се спореди мудрољубието на душата, кога ќе ги научиме децата да бидат добри, мирни, неосветољубиви, спремни за извршување добри дела, човекољубиви, што Му е својствено на Бога, и кога ќе ги научиме да не бидат страсно приврзани за земните блага.
*       *       *
                Од читањето на Светото Писмо може да се има голема и значајна корист. Тоа е тука за сите, без пречки, и секој кој сака може, читајќи го него, да добие лек за онаа страст која него го измачува и брзо да се исцели, само ако не го отфрли, туку го прими со благодарност. И навистина, од сите несреќи кои ја оптоваруваат човечката природа, нема болест ниту душевна ниту телесна, која не би можела да добие лек во Светото Писмо.
                Затоа ве молам што почесто да доаѓате во храмот и да го слушате читањето на Светото Писмо. Правете го тоа не само кога сте во храмот, туку и во домот земајте ги во рака Светите книги и ревносно наоѓајте во нив корист за себе. Зашто голема е користа од нив: прво, од читањето умот се просветува, и душата добива крилја и станува возвишена, бидејќи е озарена од светлоста на Сонцето на вистината. Во тоа време таа се ослободува од нечистотијата на порочните помисли и се насладува со голем мир и спокојство. Колку што телесната храна ги одржува нашите сили, толку и читањето на Светото Писмо ја одржува нашата душа. Тоа е духовна храна, која го зајакнува умот и ја прави душата силна, храбра и мудра, не &  дозволува да запаѓа во неразумни страсти, туку напротив, &  го олеснува полетот, доведувајќи ја до самото небо. Да се грижиме за таква корист, и да почнеме во домот внимателно да го читаме Светото Писмо, и доаѓајќи во црква, да не го губиме времето на празни и бескорисни разговори, туку за тоа за што сте дојдени, на тоа и обрнувајте го сето ваше внимание и слушајте го она што се чита, за да заминете оттаму со некоја добивка.
*       *       *
 “                  Како што Црквата Му се покорува на Христа, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во с#. Вие мажите, сакајте ги жените своите како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа.” (Ефес. 5, 24-25).
 Видовте колкава е цената на верноста. А сега послушајте колку треба да жртвуваме за љубовта. Дали сакате жената да ви биде послушна како што и Црквата Му е послушна на Христа? Тогаш превземете ја на себе истата грижа за неа, каква што на Себе ја превзеде и Христос за Црквата. И, ако би било потребно за неа да го дадете и својот живот, да претрпите било какви страдања – немојте тоа да го одбиете. Ако бидете подложени дури и на сето тоа, ниту тогаш нема да направите ништо слично на она што Христос го направи. Зашто, вие навистина го правите тоа за некој со кого веќе сте биле блиски. А Христос го направи тоа за некој кој Му го сврте грбот и кој Го мразеше. И на истиот начин како што Христос ја почитуваше таквата Црква, ставајќи ја покрај Своите нозе, неа која Му го заврте грбот, која Го мразеше и презираше, не поради закани или принуди, туку токму поради Неговата неизмерна љубов, така, значи, и вие треба да се владеете кон своите сопруги. Ако сопругата дури и ве омаловажува и ве презира и исмејува, и тогаш поради големата почит кон неа, со својата љубов и љубезност ќе можете да ја ставите покрај своите нозе. Зашто, ништо не влијае посилно од овие спони на љубов и љубезност, а особено помеѓу мажот и жената. Навистина, можеби човекот со страв и ќе го приврзе својот слуга; но не, нема ниту него, зашто и тој ќе бара начин да избега и замине. Но ти, својот животен другар, мајката на своите деца, изворот на сите свои радости, не би требало да ја врзуваш со страв и закани, туку со љубов и благ однос. Зашто, какво е тоа единство каде што жената се плаши од својот маж? И какво задоволство ќе има мажот ако со својата жена општи како со робинка, а не како со сопруга која го љуби по своја слободна волја? Дури и ако во нешто пострадаш поради неа, не ја казнувај, зашто ни Христос така не направи.
                  Не го барајте од својата жена она што таа не може да го има. Гледате ли дека Црквата се што има, го доби од рацете на својот Господар? Он ја направи славна, Он ја направи чиста, Он ја направи непорочна. Не и го врти грбот на својата жена поради нејзините недостатоци. Твојата жена ја создал Бог. Ти не ја осудуваш неа, туку Оној Кој ја создал. Што може да направи жената? Не ја фали поради нејзината убавина. Пофалбата, омразата и љубовта засновани на надворешната убавина извираат од нечистите души. Трагај по убавината на нејзината душа. Подражавај Му на Женикот на Црквата. Надворешната убавина е полна со измама и разврат и ги наведува луѓето на љубомора, а честопати и на мечтаење за лоши работи. А дали дава некакво задоволство? Можеби за месец или два, или во најдобар случај за една година, но не за подолго. Одушевувањето исчезнува по блискоста. Меѓутоа, злото кое настанува од надворешната убавина останува: гордоста, лудоста, злобата. Љубовта која започнала на здрава почва останува верна и огнена зашто е загледана во убавината на душата, а не на телото. Кажи ми што има поубаво од небото? Што има поубаво од ѕвездите? Опиши го кое сакаш тело, па ниту едно не е толку убаво. Зборувај ми за било чии очи, нема ниедни кои така блескаат. Кога ѕвездите биле создадени, самите ангели ги гледале со воодушевување, а и ние со чудење ги гледаме но не со онакво како некогаш. Тоа е поради лошата навика. Работите не н# возбудуваат со истиот степен. А колку е тоа поточно во однос на жената! Па дури и ако по некоја случајност наиде болест, с# одеднаш пропаѓа. Барај во жената нежност, смиреност и благост. Тоа се знаците на убавината. А не треба да бараш во неа само телесна љупкост, ниту пак да ја казнуваш што ја нема, зашто таа за тоа воопшто не е виновна. Зарем не гледате како многу луѓе, живеејќи со убавици, недостојно го завршиле својот живот, а колку ги има што живееле со жени со не толку голема убавина, па доживеале значително длабока старост во голема радост? Да ја избришеме “маната” за која е пишано, да ги измазниме “брчките” кои одвнатре ја нагрдиле, да ги отфрлиме “дамките” кои се на душата. Тоа е убавината која Бог ја бара. Да се потрудиме жената да биде убава во очите Божји, а не во нашите.

Превод: Братство на ман. Св. Гаврил Лесновски

Извор:ТРОИЧНИК

{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная