Старец Паисиј Светогорец
За жал, во денешно време се множат зборовите и книгите, а се намалува опитот, зашто лугето се под влијание на световниот дух, кој постојано се стреми кон леснотии и го одбегнува телесниот напор. Многумина од нас се успокојуваат преку многу читање, а малку или воопшто не творат. Имаме само восхит кон Светите атлети на нашата Црква, без да направиме обид да го сфатиме нивниот труд, зашто самите не се потрудивме да го сториме тоа, да ги возљубиме и од усрдност да се обидеме да ги подражаваме. Сите оние пак, кои усрдно прават подвиг, не се штедат себеси и не си припишуваат никакви заслуги, се од голема помош бидејќи само тогаш ќе се успокојат душите на кои помошта им е потребна, а кои прибегнуваат кон нив. И само тогаш, ќе се успокои нивната душа и во овој живот и во вечниот.
Старче, дали е подобро да се прекине страста или лошата навика одеднаш, или постепено?
- Ако можете да ги исечете сите одеднаш, подобро, бидејќи во спротивно оставаат... температура. Нема потреба да се одложува. Кога некој ќе помине река, особено во зима, мора да ја помине најбрзо што може, бидејки ке замрзне. А ако брзо ја премине, нема да има време замрзне.
Гледате, кога коњот е врзан, ако сака да се ослободи, со едно нагло тргање го кине јажето.
Во искушение, неопходно е нагло да му се пресече јажето.
Свети Пајсиј Светогорец