Од 39. Празнично Послание (367 год.) на свети Атанасиј Велики
Веќе првиот израз на овој текст е значаен: еретиците се карактеризираат како мртви, а Православните ги „имаат за спасение Светите Писма“, кои малку понатаму се нарекуваат „Боговдахновени“ и „извори на спасението“, во кои единствено „се благовести науката на Благочестието“, т.е. црковната вистинска (=Православна) вера и живот и спасение.