Телесни, душевни и духовни
Постојат три видови на луѓе: телесни, душевни и духовни.
Телесниот човек сака сѐ според телото; бара одмор, сака пофалби, не сака да го навредуваат, не прифаќа да му ја отсекуваат волјата, се штити себеси и бара сѐ што е за успокојување на неговото тело.
Душевниот, пак, не сака да онеправдува, ниту сака да биде онеправдан. Не осудува, ама и не сака да го осудуваат. Ако се случи некој да го навреди или онеправда, или некој да го презира, тој не зборува, туку жали и тагува за тоа што му го прават. Тоа е душевен човек.
Духовниот, пак, човек размислува за сѐ преку духот: ако биде онеправдан – се радува; ако биде навреден – благодари; ако му ја отсечат волјата – се весели и што и да му се случи тажно, тој смета дека го заслужува сето тоа, и сака уште да го презираат и да го понижуваат.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев
Друго:
Ретроспектива (2005-2020): За духовниот отец – Св. Антим Хиоски (1869-1960)