логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Свети Теофан Затворник
КАКО РЕАЛНО ИЗГЛЕДА ПАТОТ НА СПАСЕНИЕТО



Исус му рече: „Јас сум Патот, Вистината и Животот!“ (Јован. 14, 6)

TVIT102
           Еден стар монах, живеејќи со години осамен во пустина, паднал во духовна слабост (униние) и мноштво помисли почнале да ја мачат неговата душа, влевајќи му сомнеж дали оди по правиот Пат и дали постои надеж дека неговите трудови на крајот ќе бидат крунисани со успех?
Тој долго седел со наведната глава. Срцето му се измачувало, а очите не пуштале солзи. Сува тага го јадосувала. Додека тој така се мачел во својот јад, му се јавил ангел Божји и му рекол:
„Зошто се плашиш и зошто такви помисли ти доаѓаат во срцето? Не си ти ни првиот ни последен кој оди по тој Пат. Многумина веќе поминале по него, многумина одат и многумина ќе поминат по него и ќе влезат во светлите живеалишта на рајското блаженство. Дојди со мене и јас ќе ти ги покажам различните патишта по кои одат синовите човечки. Ќе ти покажам и кон каде се водат тие патишта. Гледај и поучи се!“

            Монахот се покорил на наредбата од ангелот, станал и тргнал. Но само што направил неколку чекори напред, како да се нашол неколку чекори надвор од себе и завлегол во состојба на увидување (созерцание) на чудното видение кое се открило пред неговите духовни очи.
Тој видел, лево од себе густ мрак, како непробоен ѕид, позади кој се слушало шум, викотници и метеж. Загледувајќи се повнимателно во мракот тој видел широка река која се бранувалa, напред и назад, лево и десно. Во неа имало многу луѓе и кога и да се појавел некој бран во реката - пред неговите очи и до неговите уши допирал некој таинствен глас кој му објаснувал:
„тоа е бран на неверие, безгрижна неосетливост, духовно студенило;
а тоа е бран на немилосрдност, разврат, грабање на туѓо;
а тоа е бран на лумпување, завист и раздор;
а тоа е бран на пијанство, нечистотија душевна, мрзеливост, прељуба“.
Секој бран носел со себе мноштво луѓе и час ги подигнувал нагоре кон небото, а час ги фрлал во длабочините речни. Во ужас монахот извикал:
„Господи, дали сите овие ќе загинат, зар нема надеж дека ќе се спасат од злото?“ Ангелот му одговорил „Внимавај понатаму и ќе ја видиш милоста и правдата Божја.“

             Стариот монах подобро ја погледнал реката и забележал на целата нејзина површина мноштво мали бродчиња во кои имало светли момчиња со различни орудија за спасување на давеници. Тие сите ги повикувале кон себе, на едни им подавале раце, на други им спуштале гранки и летви, на трети им фрлале јаже, а понекогаш во длабочините спуштале куки и плетени скали за некој да се фати за нив. Но одзивите на нивните повици биле ретки, а уште помалку биле оние кои ги користеле пружените орудија за спасување. Повеќето од нив ги одбивале со презир и со неко дрско задоволство се гњурнувале во реката од која започнувало да испарува чад, смрдеа и гар. Монахот погледнал понатаму и забележал бездна во која пропаѓала реката. Многу момчиња пловеле во бродчиња покрај самиот раб на бездната и внимателно му нуделе помош на секој давеник, но одзивот бил слаб и илјадници несреќници пропаѓале во бездната од која се слушале очајни крици и крцкање со заби. Старецот го покрил лицето со рацете и од болка заплакал. Тогаш чул глас од небото:
„Горчливо, но кој е виновен? Кажи ми што би можел да направам за нивното спасение, а што не сум направил. Но тие со огорчување и дрскост ја одбиваат секоја пружена помош. Тие ќе ме одбијат и ако се симнам и во најжалосните места на нивните страдања.“

             Откако стариот монах малку се смирил, го свртел својот поглед на десната страна - кон светлиот исток - и бил утешен од радосното видение. Оние кои се одзвале на повикот на светите момчиња и им пружиле рака, или се фатиле за некое од орудијата за спасување, биле извлечени на десниот брег на реката. Тука ги прифаќале други лица, ги воведувале во не многу големи, но убави градби, распослани во голем број по целиот брег на реката. Таму ги измивале со чиста вода, ги облекувале во чиста облека, ги опашувале, ги обувале, им давале стап во рацете, ги поткрепувале со храна и ги испраќале на Пат, понатаму кон исток, да одат без задржување, внимателно гледајќи пред нозете. Исто така им било советувано и да не пропуштат да влезат во секоја убава градба што ќе ја сретнат на Патот - за во истите да се поткрепат со храна, но и со и совет од чуварите на овие убавите градби.
Монахот прелетал со погледот по брегот и видел како по целата должина извлечените од реката одат по укажаниот Пат. На нивните лица јасно се одразувала радост и воодушевување. Се гледало дека чувствувале особена леснотија и сила, и како на крила брзале напред по Патот послан со преубави цвеќиња.

             Монахот го свртел својот поглед понатаму на исток и еве што забележал. Пријатна ливада се простирала недалеку од брегот. Понатаму од неа започнувал планински ланец со карпести врвови, од кои некои биле голи, а некои покриени со повеќе или помалку шума, а помеѓу врвовите се гледале клисури и висорамнини. На сите од нив имало патници. Некои се искачувале, некои седеле уморни, некои стоеле колебајќи се, некои се бореле со ѕверови и лути змии. Некој одел право на исток, друг заобиколувал, а трет ги пресекувал попреку патеките на другите. Сите биле во труд и пот, во борба и напрегање на душевните и телесните сили. Ретки биле патници кои секогаш го гледале Патот: често тој се губел или доаѓал до крстопат, некаде имало магла и мрак, некаде бил пресекуван од амбис или стрмни карпи. Некаде Патот го препречувале ѕверови од шумата или отровни инсекти од многуте пештери. Но, ете чудо! Насекаде по планината биле расеани светли градби, слични на оние крај брегот на реката, во кои се прифаќале давениците кои биле спасувани од реката. Штом некој патник ќе влегол во овие градби, како што му било заповедано на почетокот од Патот, колку и да бил уморен излегувал од нив бодар и полн со сила. Тогаш, ни ѕверови ни инсекти не можеле да гледаат во него туку бегале. Никаква препрека не можела да го задржи, и тој брзо и лесно пронаоѓал скриени патеки по советите и укажувањата кои ги добивал од чуварите на убавите градби.
Штом ќе совладал некоја препрека на Патот или ќе победел некој непријател, тој станувал се поголем, посилен и поубав. И како што се придвижувал кон врвот, патникот бил се подобар и посилен. Врвот на планината бил рамен и целиот со цвеќиња. Кој ќе стигнел до врвот влегувал во светол облак и повеќе не можел да се набљудува.

             Старецот го подигнал својот духовен поглед и над облакот и таму забележал чудесна Светлина, неискажлива убавина од каде што до неговите уши допирале умилни звуци: „Свет, Свет, Свет Господ Саваот!“
Старецот со умиление паднал на земјата и тогаш над себе го слушнал гласот Господов „Па така, трчајте и вие, за да добиете“ (1 Коринтјаните. 9, 24).

             Кога станал на нозе, монахот видел и нешто зачудувачко! Од разни места и висини на планината голем број на патници се враќале повторно назад кон реката. Некои молчеле од незадоволство и лутина, а некои викале и хулеле со пцости. Секој од нив ги повикувал глас кој доаѓал од сите страни: „Застани, застани!“ Но, тие гонети од некои мали и темнолики битија, не обраќале внимание на опомените и повторно се гњурнувале во смрдливата река. Тогаш старецот со чудење извикал:
„Господи, што е ова?“ И чул одговор: „Тоа е плод на самоволието и непокорноста на поредокот кој Бог го востановил!“ Со тоа видението завршило.
По завршувањето на видението, ангелот го запрашал старецот: „Се утеши ли сега?“ Наместо одговор старецот му се поклонил до земја.


Толкување:

            ✥ 1. Реката е светот (отпаднатиот од Бога начин на постоење);
         ✥ 2. Потопените во неа се луѓето кои живеат по духот на овој свет, во страсти, пороци и гревови (животни промашувања);

         ✥3. Светлите момчиња во бродчињата се ангелите, а и спасителната благодат (сила) Божја која повикува кон вистински живот и вечно заедништво со Бога;
           ✥ 4. Бездната во која пропаѓа реката и луѓето е духовната пропаст (ад и геена);
          ✥5. Убавите градби на десниот брег од реката е Црквата (заедницата на учениците Христови), во која преку Светите тајни Крштевање и Покајание (исповед) обратените грешници се измиваат од гревот, се облекуваат во облека на оправдување, се опашуваат со небесна благодатна сила (со силата на Духот Свет) и се насочуваат на Патот на спасението;
         ✥6. Чекорењето по планината со разните тешкотии - тоа се различните напори/ подвизи за очистување на срцето од страсти и злото;
         ✥7. Ѕверовите и инсектите - тоа се разните духовни непријатели на човековото спасение;
         ✥8. Рамната површина на врвот – тоа е мирот/ благодатниот спокој на срцето;
         ✥9. Светлиот облак кој ги сокрива патниците – тоа е спокојна и спасителна смрт;
       ✥10. Светлината над облакот - тоа е блажениот Рај; (Царството Божјо кое во полнота ќе се пројави по воскресението на мртвите, по Второто доаѓање на Христос и по послдениот и конечениот Суд Божји) ;
         ✥11. Убавите градби расеани по планината – тоа се црквите, молитвените домови, храмовите Божји.
Кој влегува во овие убави градби по Патот, односно, ги прима Свети тајни и учествува во молитвите на Црквата, а и ги користи советите и духовното раководење од пастирите (свештенослужителите) на Црквата – тој лесно ги совладува сите препреки и брзо достигнува совршенство. А кој ова доброволно го отфрла и не се потчинува на заповедите Божји и советите и грижата на пастирите на Црквата, тој брзо отпаѓа од Патот и духот на овој свет повторно го заробува.

Подготвил: презвитер Ивица Тодоров

 Март 2023 лето Господово
 
 
 
 
 

 Image may contain: one or more people, people sitting and outdoor

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная