·
КАКО ЧОВЕКОТ СТАНУВА НЕЧОВЕК
Познатиот сликар Леонардо да Винчи со години ја сликал познатата „Тајна вечера“.
Тој барал лица кои би можеле да му послужат како модел за ликот на Христос и за ликовите на апостолите.
Така тој нашол еден млад човек, чие лице блескало со убавина, достоинство и невиност, како ликот Христов.
После тоа, тој постепено наоѓал различни примери за секој апостол поединечно. Но, за Јуда, тој долго време се мачел да најде соодветен лик меѓу народот.
Шетајќи во толпа луѓе, конечно здогледал човек, одвратен на изглед, суров во очите и грд и одбивен во сè. Вистинско олицетворение на сите пороци. Го поканил во неговото студио и му кажал зошто го поканил.
Човекот дошол и гледал во веќе насликаната фигура на Христос, ја гледал долго без да трепне, сè додека не почнале да му течат солзи од очите.
Зачудениот сликар го прашал зошто плаче, а тој одговорил:
Како да не плачам? Пред пет години ти служев како модел за ликот Христов, а сега сакаш да ти служам како лик на Јуда.
Свети епископ Николај
fb Православие.Мк †
·