логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

s.Pajsij.uchenici

Чудо се случува кога сочувствуваме во туѓата болка

           Светот веќе изгуби контрола над себе. Од луѓето отстапија трудољубивоста и духот на самопожртвуваност. Веќе ви кажував за тоа во каква состојба се наоѓав во ќелијата, кога страдав од кила. Кога некој ќе тропнеше, излегував да му отворам, дури и по снег. Ако човекот имаше сериозни проблеми, престанував да ја чувствувам својата болка, иако непосредно пред тоа бев закован за креветот. Ќе го послужев гостинот; со едната рака го послужував, а со другата ја придржував килата. Целото време додека разговаравме, не се потпирав на ништо, не обрнувајќи внимание на големата болка за тој да не сфати дека сум болен.

       А кога мојот гостин ќе заминеше, повторно паѓав во постела од болка. Работата не беше во тоа дека болката поминуваше или дека на некој чудесен начин бев исцелен, туку, сострадувајќи со болката на својот ближен, заборавав на сопствената болка. Чудо се случува кога сочувствуваме во туѓата болка. Работата е во тоа луѓето да ги чувствуваш како свои браќа, да страдаш заедно со нив. Таа болка го трогнува човекот и така се случува чудо. Зашто нема ништо друго што може повеќе да Го допре Бога, како благородната великодушност, односно духот на самопожртвуваноста. Но, во наше време великодушноста стана вистинска реткост зашто со луѓето завладеа себељубието, користољубието. Реткост е да се најде човек што ќе рече: „Ќе им го отстапам мојот ред на другите, а јас можам малку и да почекам". Малку има такви благословени души кои мислат на другите. Дури и меѓу луѓето кои се трудат да живеат духовен живот постои еден спротивен дух, дух на рамнодушност.

          „Доброто“ е навистина „добро“ само во случај кога оној што го прави жртвува нешто свое: сон, мир, и на тоа слично. Затоа Христос рекол: Од својата немаштија (Лк. 21, 4). Кога сум одморен и направам нешто добро, тоа нема никаква вредност. Но кога сум уморен, а некој бара да му го покажам патот и јас тоа го направам, тогаш тоа дело нешто вреди. Или, кога сум наспан и целата ноќ jа поминам со некој на кого му е потребна помош, тоа не вреди многу. Дотолку повеќе ако притоа разговорот ми одговара; можеби јас го правам сето тоа за малку да му се радувам на дружењето, за малку да се забавувам. Но кога сум уморен и принесам некоја жртва за да му помогнам на својот ближен, чувствувам рајска радост. Тогаш Бог ме дарува со благослови.

Старец Паисиј Светогорец

http://mpc.org.mk/svetootecko-predanie.asp?id=6388

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2911
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7362
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 7184
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/09/2024 - сабота

Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј; Св. апостол Тит; Светите Едески Исповедници; Св. Мина, патријарх Цариградски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Адријан и Наталија 26 август / 8 септември 2024

Тропар на св. Христови маченици Адријан и Наталија 26 август / 8 септември 2024

Благословувајќи го бракот о Господи,апостолот за Христа и Црквата ни прозбори,мажот преку жената може да се спаси,според тие зборови Адријане...

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј (пренос на мошти) 25 август / 7 септември2024

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј (пренос на мошти) 25 август / 7 септември2024

Благата вест ширејќи се по земјата,се изли и од устата твоја дури и до Индија, о Вартоломее апостоле Христов,на крст...

Тропар на светиот Свештеномаченик Христов Евтихиј 24 август / 6 септември 2024

Тропар на светиот Свештеномаченик Христов Евтихиј 24 август / 6 септември 2024

Кадилница на апостолите Јован и Павле,саду Христов миомирисен, Евтихие рамноапостолни,ангел пред тебе патот го отвараше,Духот во тебе Христа го сведочеше,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная