Како што е неможно да се преплива големото море без кораб, така никој не може без стравот Божји да дојде до љубовта.
Смрдливото море кое е меѓу нас и духовниот рај, можеме да го препловиме само во коработ на покајанието, во кој се наоѓаат веслачите на стравот. Но, ако веслачите на стравот Божји не управуваат со коработ на покајанието, на кој по морето на овој свет преминуваме кон Бога, ќе се удавиме во ова смрдливо море.
Покајанието е коработ, стравот Божји е кормиларот, а Божјата љубов е божественото пристаниште. Стравот нѐ воведува во коработ на покајанието, нѐ пренесува преку смрдливото море на животот, нѐ води кон божественото пристаниште, кое е љубовта.
Во ова пристаниште пристигнуваат оние што се трудат и што се обременети.
И кога сме дошле до љубовта, тогаш сме стигнале и до Бога. Тогаш нашиот пат е завршен; тогаш сме стигнале на островот на другиот свет, каде се Отецот, Синот и Светиот Дух.
Свети Исак Сирски
Свети Исак Сирски: За искушенијата
Свети Исак Сирски- Да се добие искуство