логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Akatist.Bogorodica.Balaklija

Акатист на Пресвета Богородица за празникот Животворен Источник – Балаклија
(се слави во првиот петок по Пасха)


Животворен извор на Пресвета Богородица
Кондак 1
Тебе, Владичице Богородице, избраната од сите родови, Која ни даваш благодатна помош, пофални песни Ти воспеваме ние, Твоите слуги, Богородице. А Ти, како Предобра Мајка Божја, излеј ги врз нас Твоите големи и богати милости, исцели ги нашите болести и утеши ги нашите таги, та благодарствено да Ти повикуваме: Радувај се, Владичице, Животворен Извору на сите верни!
Икос 1
Мноштвата архангели и ангели се чудат, како достојно да Те фалат Тебе, од Која излезе Бог Словото, Кој земјата ја утврди врз водите. Ние, пак, почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите, со умиление за Твоите добрини кон нас, се осмелуваме вака да Ти повикаме:
Радувај се, Владичице, избрана од Бога Отецот;
Радувај се, осенета од Светиот Дух!
Радувај се, превознесена со раѓањето на Синот Божји;
Радувај се, благословена меѓу жените!
Радувај се, возвеличена како Богородица;
Радувај се, ублажувана од сите родови!
Радувај се, Владичице, Животворен Извору на сите верни!
Кондак 2
Гледајќи го, Премилосрдна Мајко, жедниот слепец, кој луташе во пустината, му покажа војник кој го однесе кај Изворот на жива вода и исцеленија; тој пак благодарствено Ти воспеа: Алилуја!
Икос 2
Војникот, кога го разбра Твојот божествен глас, кој му го покажуваше изворот на вода, го позна како Силоамска Бања, која не само што ја гасне жедта, туку и од слепило избавува, ние, пак, барајќи ги Твоите милости, Ти повикуваме вака:
Радувај се, Владичице, Бањо на спасението;
Радувај се, зашто го исцелуваш душевното и телесно слепило!
Радувај се, утврдување на раслабените;
Радувај се, проодување на инвалидите!
Радувај се, Мајко на светлината, која им ги отвораш очите на слепите;
Радувај се, зашто со светлината на вистината ги озаруваш седнатите во темнина!
Радувај се, Владичице, Животворен Извору на сите верни!
Кондак 3
Силата на Севишниот ги осенува сите, кои со вера и побожност притекнуваат кај Твојот Живоносен извор, Пречиста Госпоѓо Владичице. Со силата на Вишниот осени нè и нас, Богомајко, кои смирено припаѓаме кон Тебе и молбено Ти повикуваме: Алилуја!
Икос 3
Имајќи неискажливо богатство на милосрдие, на сите болни им ја подаваш раката на Твојата помош, лекувајќи ги болестите, исцелувајќи ги страстите, која ја наоѓаме кај Твојот Живоносен Извор: затоа Ти повикуваме вака:
Радувај се, Извору на непрестајна радост;
Радувај се, Чашо на неизречена добрина!
Радувај се, непотрошлива ризницо на благодатта;
Радувај се, зашто секогаш им даваш милост на оние што од Тебе бараат!
Радувај се, исцелување на разните болести;
Радувај се, олеснување на нашите таги!
Радувај се, Владичице, Животворен Извору на сите верни!
Кондак 4
Слепиот се збуни од бурата на недоумици, барајќи вода за да ја згасне жедта своја. И ете, како некогаш, со силата Божја, од каменот потече вода: така и сега во безводната пустина се појави извор; таму Мојсеј ја извади водата; овде, пак, Самата Ти, о, Богомајко, им служиш на чудесата, затоа Ти се молиме: нашите жедни души напој ги со водите на побожноста, за да Ти повикуваме: Алилуја!
Икос 4
Го слушна војникот Твојот прекрасен глас, Мајко на милосрдието, кој му го покажуваше изворот на вода, за да го напои жедниот и да му го исцели слепилото, и гледајќи го исполнувањето на зборовите, повика вака:
Радувај се, Владичице, утехо на страдалниците;
Радувај се, оздравување на болните!
Радувај се, зашто им даваш говор на немите;
Радувај се, зашто ги исцелуваш сите немоќни!
Радувај се, помош на сите неволници;
Радувај се, утехо на очајните!
Радувај се, Владичице, Животворен Извору на сите верни!
Кондак 5
Црпејќи божествена вода од Твојот Живоносен Извор, кој точи благодатни води, за исцеление на душевните и телесни болести, Дево Богородителке, благодарно Ти повикуваме: Алилуја!
Икос 5
Кога го видоа луѓето слепецот, кој прогледа од водата на Твојот Живоносен Извор, Богомајко, поитаа со песни како со дарови да Ти послужат Тебе вака:
Радувај се, Владичице, која им ги отвораш дверите на милосрдието на верните;
Радувај се, зашто не ги посрамуваш оние што се надеваат на Тебе!
Радувај се, зашто ги утешуваш несреќните;
Радувај се, зашто ослободуваш од напади противнички!
Радувај се, зашто изнемоштените ги укрепуваш;
Радувај се, Владичице, Животворен Извору на сите верни!
Кондак 6
Војникот стана проповед на Твоето чудо, Мајко Божја, зашто со водата од Твојот Живоносен Извор слепецот чудесно прогледа, така и нам просвети ни ги помрачените зеници на душата, та благодарствено да ги проповедаме Твоите милости повикувајќи: Алилуја!
Икос 6
Ни засветли Твојот Живоносен Извор, Премилосрдна Мајко, источувајќи ја многуразличната благодат на Твојот Син и наш Бог, Христос Животодавецот. Затоа Ти принесуваме вакви химни:
Радувај се, Владичице, наша усрдна Застапничке;
Радувај се, Чуварке на Божјите храмови!
Радувај се, преславна игуманијо на светите обители;
Радувај се, вразумување на оние што се подвизуваат во монаштво!
Радувај се, укрепување на монасите во послушание;
Радувај се, покров и заштито на сите христијани!
Радувај се, Владичице, Животворен Извору на сите верни!
Кондак 7
Благочестивиот војник Лав, од Тебе избран за цар, Владичице, посакувајќи да Ти заблагодари, изгради храм на местото каде што се случи Твоето чудо; го нарече Живоносен Извор, та сите да ја наоѓаат овде Твојата помош, повикувајќи Ти: Алилуја!
Икос 7
Нова Силоамска бања, слична на онаа древната, се покажа, Владичице, Твојот храм, во кого се поклонуваме на иконата на Живоносниот Извор, зашто не само еден годишно и само на првиот кој влегува во него му даваш здравје на телото, туку секогаш секоја болест душевна и телесна ја исцелуваш. Затоа Ти повикуваме вака:
Радувај се, купелу, во кој потонуваат нашите маки;
Радувај се, чашо на веселието, во која се раствораат нашата таги!
Радувај се, камену, кој ги напојуваш жедните за живот;
Радувај се, дрво, кое ги засладуваш горчливите води на житејското море!
Радувај се, непресушен извору на животворна вода;
Радувај се, бањо, што ја миеш нашата огревовена совест!
Радувај се, Владичице, Животворен Извору на сите верни!
Кондак 8
Твојот храм на Живоносниот Извор, Богородице, се покажа како големо и преславно чудо, во кое гасне духовната и телесна жед, и болните во него се исцелуваат. Ние, пак, прославувајќи ја таквата благодат Ти повикуваме: Алилуја!
Икос 8
На сите кои со вера доаѓаат кај Твојот Животворен Извор, им даваш сè што им треба, Премилостива Госпоѓо Богородице. За сето ова благодарствено Ти повикуваме вака:
Радувај се, Владичице, од Која се овоплоти Бесплотниот;
Радувај се, утехо на страдалните мајки!
Радувај се, запазување на сите деца кои немаат мајки;
Радувај се, раководителке на младите!
Радувај се, воспитување на децата;
Радувај се, Владичице, Животворен Извору на сите верни!
Кондак 9
Секое ангелско и човечко естество се чуди на Твоето милосрдие, Пресвета Дево, зашто секогаш и на сите си им Помошничка и Застапничка, кои Ти пеат Тебе: Алилуја!
Икос 9
Многуговорливите мудреци не можат да го воспеат достојно непресушниот Живоносен Извор на Твојата благодат, ниту да ја објаснат силата на Твоите чудеса за исцеление на болните и за секоја душевна и телесна човечка полза, ние, пак, пофални песни Ти повикуваме вака:
Радувај се, Храму на Бога живиот;
Радувај се, Живеалиште на Светиот Дух!
Радувај се, Славо на ангелите;
Радувај се, Сило на вселената!
Радувај се, спасение на светот;
Радувај се, Владичице, Животворен Извору на сите верни!
Кондак 10
Сакајќи да ги спаси сите страдалници, извор на живот си му дала на светот, Пресвета Богородице, во водите на благодатта, та сите примајќи исцелување и утешување во маките и тагите, благодарствено да Ти повикуваме: Алилуја!
Икос 10
Бедем и покров во несреќите и насилствата си им на оние кои ја бараат Твојата помош, Владичице на светот, Живоносниот Извор на сите си им го дала, за да им биде запазување од секоја болест, утеха во нападите и тагите, на сите кои Ти повикуваат вака:
Радувај се, Владичице, која ги смируваш гордите и непокорните луѓе;
Радувај се, пресекување на лукавите и зли намери!
Радувај се, застапништво на онеправданите;
Радувај се, вразумување на оние кои навредуваат!
Радувај се, накажување на виновниците;
Радувај се, оправдување на невините!
Радувај се, Владичице, Животворен Извору на сите верни!
Кондак 11
Сеумилно пеење пред Твојот Живоносен Извор пак и пак Ти принесуваме Тебе, Богородице, со покајание повикувајќи од длабочината на душата: Владичице, прими ги молитвите на Твоите слуги и избави нè од секоја мака и болест, насилство и тага, та да Му повикуваме на Бога за Тебе: Алилуја!
Икос 11
Како запалена свеќа, со зраците на благодатта, свети Твојот Божествен Извор, Пресвета Богородице, со чудесата кои таму се извршија и кои го просветуваат умот и срцето и нè учат вака да Ти пееме:
Радувај се, Владичице, просветување на разумот;
Радувај се, очистување на нашите срца!
Радувај се, обновување на духот;
Радувај се, осветување на душите!
Радувај се, укрепување на здравјето;
Радувај се, Владичице, Животворен Извору на сите верни!
Кондак 12
Имајќи ја благодатта на Твојот Живоносен Извор, Пресвета Дево, кон Тебе прибегнуваме, како кон непоколеблив бедем и претстателство, погледни со добросрдечност, Пресвета Богородице, на нашата тешка несреќа и исцели ги нашите души и тела од маки и болести, за да Ти повикуваме: Алилуја!
Икос 12
Воспевајќи ги Твоите чудеса, го фалиме и славиме Твојот Живоносен Извор, Пресвета Дево, од кого црпиме води на разновидна благодат, и Те величаме со вакви пофалби:
Радувај се, Девојко Богоизбрана;
Радувај се, Невесто Боговенчана!
Радувај се, благословена меѓу жените;
Радувај се, повозвишена од горните сили!
Радувај се, зашто секогаш стоиш пред Престолот Божји;
Радувај се, Застапничке наша, Која секогаш се молиш за светот!
Радувај се, Владичице, Животворен Извору на сите верни!


Кондак 13
О, Севоспеана Мајко, Која му го даде Твојот Живоносен Извор на светот, од кого ни ги излеваш големите и богати милости, прими го ова наше благодарствено молење, дарувај ни и сега извор на животот; та секогаш да Ти пееме: Алилуја!
(овој кондак се чита три пати, потоа икос 1 и кондак 1)
Молитва пред иконата на Пресвета Богородица, наречена „Животворен Извор“
О, Пресвета Дево, Семилостива Госпоѓо Владичице Богородице, Твојот Живоносен Извор, кој точи исцелителни дарови за здравје на нашите души и тела и за спасение на светот, си ни го дала, затоа со благодарност усрдно Те молиме, Царице Пресвета, моли го Твојот Син и наш Бог да ни даде отпуштање на гревовите и на секоја душа натажена и повредена милост и утеха, и ослободување од несреќи, таги и болести. Подари му, Госпоѓо, на овој храм и на овие луѓе ( и на оваа света обител) покров, запазување на градот, на нашата држава избавување и оградување од непријателски напади, да тука да имаме мирен живот, а во идниот век да се удостоиме да Те видиме Тебе, нашата Застапничка, во славата на Царството на Твојот Син и наш Бог; Нему, пак, Му прилега слава и власт со Отецот и Пресветиот Дух, во вечни векови. Амин.

 

фб Православна Обител

balaklija1.jpg

Во петокот од Светла седмица го празнуваме обновувањето на храмот на Пресвета Владичица наша Богородица, наречен Живоносен Извор (источник). Си спомнуваме и за извонредните и натприродни чудеса што се случиле во тој храм на Божјата Мајка. Овој храм најнапред беше основан од царот Лав Велики. Бидејќи тој беше добар и смирен човек, поради неговите добри и милостиви намери, пред да стане цар, наоѓајќи се на тоа место, најде еден слеп човек кој не гледаше каде да оди. Тој го фати за рака и го водеше. Кога двајцата пристигнаа на местото каде што беше изворот, слепиот ожеднел и го молеше Лава да го пороси.

Тој (Лав) влезе во шумата, полна со разни дрвја и растенија, и бараше вода. Не наоѓајќи го изворот, тој се врати незадоволен. Но слушна глас одозгора, кој говореше: О Лаве, не губи надеж, бидејќи водата што ја бараш е близу до тебе; врати се, и најди ја. Лав се врати и, по долго барање, не ја најде. Но пак го слушна истиот глас кој му рече: Цару Лаве, влези во внатрешниот дел од оваа густа шума и земи од оваа матна вода, и згасни ја жедта на слепиот; помажи ги неговите слепи очи, и веднаш ќе дознаеш која сум и дека подолго време живеам на ова место. Лав направи како што му рече гласот и слепиот веднаш прогледа.

И, како што претскажа Божјата Мајка, за кратко време Лав стана цар и со своите набожни раце над изворот изгради храм што може да се види и денес.
Таму се случуваат бројни чуда секојдневно и, по многу години, великиот цар византиски Јустинијан, кој страдаше од тешко мокрење (дизурија), таму го најде своето исцеление. Од благодарност кон Мајката Божја, тој го обнови првиот храм и го направи поголем и поубав од првиот. Оштетуван и уриван од многу земјотреси, најпосле беше обновен од царот македонски Василиј и од неговиот син Лав Мудри. Во нивно време овој извор направи бројни чудеса. Тој лекуваше чиреви, дизурија, и илјадници други болести: рак, долгогодишно крвотечение, од кои страдаа царици и други жени; различни трески и други болки, неизлечливи рани и неплодност кај жени. И царицата Зоја, која беше неплодна, прими дар од овој извор, - синот Константин Порфирогенит. Тој воскресна и мртовец кој умре на патот, доаѓајќи да се поклони на изворот. Кога беше на умирање, тој му заповеди на морнарот да го однесе во црквата над изворот, да сипе врз него три кофи вода од него, и тогаш да го погребе. Така и направија. Но, додека тие сипаа вода врз мртвиот, тој воскресна.
По многу години, кога големиот храм се закануваше да падне, се јави Богородица и го држеше, додека излезе надвор мноштвото народ, и никој не беше повреден. Истата оваа вода, пиена, исцели многу бесни и ослободи од оковите многу затвореници. Таа го излекува и царот Лав (Мудриот) од каменот од којшто страдаше, и ја згаснал треската (високата температура) на неговата жена Теофана. И неговиот брат Стефан (патријарх) го ослободи од туберкулоза. Му дарува слух и на Јован, патријархот ерусалимски. Таа вода ја исцели и силната треска на патрицијот Тарасиј и на неговата мајка Магистриса, и синот на Стилијан го исцели од дизурија (тешко мокрење). И некоја жена, по име Схизина, ја ослободи од цревна болест. Царот Роман и неговата жена ги исцели од отворање и затворање на цревата. Во Халдеја, повикувањето на Мајката Божја (Сесвета) го излекува монахот Пеперин и неговиот ученик. Исто така, и монасите Матеј и Мелетиј, кои беа наклеветани кај царот, ги ослободи од неговиот гнев. И кој би можел да ги наброи чудата што ги направи во полза на патриции, протопсалти и мнозина други... Не е праведно да не се спомне и исцелението Исихово, ниту некој јазик може да ги искаже колку чуда направи таа вода, а и до ден денешен ги прави, кои се побројни од дождовните капки, од ѕвездите небесни и од мноштвото лисја, што ги видовме во наше време. Таа исцели и други смртоносни болести, лепри, чиреви, рак кај жените и многу душевни болести, како и различни очни болести. Таа го исцели и варегот Јован од хидропизија, и друг варег исцели од тешки рани; свештеномонахот Марко го излекува од мозолчиња, а монахот Захариј - од каменчиња (во бубрегот). И многу други чудеса што ги направи и ги прави непрестајно, а кои не е можно да бидат изброени.
По молитвите на Твојата Мајка, Христе Боже наш, помилуј не, амин.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1419
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3637
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 8251
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/04/2025 - петок

 Источен петок – Балаклија; Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 25 април/12 април  2025

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 25 април/12 април 2025

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски  24 април/11 април  2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 24 април/11 април 2025

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 23 април/10 април  2025

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 23 април/10 април 2025

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная