
Еднаш, тројца браќа ја виделе Среќата како седи во јама. Еден од браќата, се приближил до јамата и побарал од Среќата пари. Среќата му подарила пари, и тој си отишол среќен.
Другиот брат побарал убава жена. Ја добил и избегал со неа, надвор од себеси од среќа.
Третиот брат се наведнал над јамата.

Сакам нешто да кажам за мојата љубов кон св. Василиј Острошки, но и за неговата љубов кон мене. Пред една година се разболев и лекарите рекоа дека мора да ми се изврши некаква сложена операција на срцето. Моите родители не можеа, и не сакаа да веруваат дека тоа е вистина. После три лекарски прегледи во три независни болници дијагнозата беше потврдена; и на самиот ден кога беше закажана операцијата, дијагнозата беше потврдена.

Не треба да им веруваме на помислите. Треба еднаш засекогаш да се потчиниме на барањата на Црквата, без оглед колку и строги да ни изгледаат тие. А тие не се толку тешки! Што бара Црквата? Моли се, кога треба - пости; тоа треба да се исполнува. За своите заповеди Господ говори дека не се тешки.

Знаејќи го тоа и Авва Мојсеј советува да го бараме послушанието и за него вели: “совршено откажување од својата душа докажано со потсредство на телесни дејствија и дејствија без расудување“10, какво што покажува Авва Јован Колов кога неговиот Старец го зел својот сув стап и го забил во сувиот песок, велејќи му: “секој ден полевај го ова дрво со вода додека не донесе плод“.

Кога душата целосно и се предава на волјата Божја, тогаш Самиот Господ почнува да раководи со неа. И душата учи непосредно од Бога, додека претходно беше насочувана од учители и од Писмото. Но, ретко се случува, Учител да и биде Самиот Господ, со Својата благодат на Светиот Дух. Малкумина го знаат тоа. Само оние што живеат според волјата Божја!

„Само срцето на човек кое постојано со покајание се чисти од егоизмот, себичноста и страстите, може вистински да Го возљуби Бог и другите луѓе. Егоизмот и љубовта се противречни. Честопати се случува егоизмот да верува дека љуби, но оваа „љубов“ е само патина на љубов што ги прикрива себичноста и саможивоста...“

Кога Бог го создал човекот, Он во него всадил нешто божествено, како некоја помисла што ја има во себе, слична на искра, на светлина, топлина. Помисла што му го просветува умот и му покажува што е добро, а што зло. Тоа се нарекува совест и таа е природен закон. Според толкувањето на светите отци, тоа се оние кладенци што Исак ги копал, а...

Многу луѓе веруваат во Бога, во тоа дека нешто постои, некаква сила (има Нешто…). Тоа е едноставно деизам. Но, да се верува во Бога, тоа сè уште не значи да се биде христијанин. Богот на Библијата, Богот на Христијанството е Бог на Откровението. Он не бил воочен како некоја безлична суштина, туку Самиот се открил на светот онаков како што Е, како Личност.

- Душата, кога се моли за светот, и без весници подобро знае како тагува сета земја, таа знае какви потреби имаат луѓето и ги жали.
- Како може душата да знае од себе што се прави во светот? — прашал монахот.

Во оваа светлина, терапевтските стратегии на Црквата, молитвата, постот, бдението, самооткажувањето и сл., никогаш не би можеле да се доживуваат само како механизми за справување. Тие не се создадени едноставно за да ни помогнат да го пребродиме животот сè до моментот на нашата неизбежна смрт. Всушност, тие се создадени за да ни помогнат да земеме учество во Христовата победа над смртта сега и тука.

– Не се чудете, – им објаснил богатиот човек. – Не Му благодарев на Бога, кога Он ми даваше сѐ, но сега кога Он ми зеде, јас двојно сум Му благодарен. Ете време и за мене да се потрудам со вера во Бога! Тоа ќе ми ги врати смислата на животот и радоста. Господ сè ќе среди.
Пред нас е ИЗБОРОТ!
Или ќе се вратиме кај нашиот Творец и Отец Небесен во Неговата совршена состојба на постоење, во Царството Божјо,
или од Него даруваниот живот ќе го истрошиме до степен во кој ќе се самозаборавиме - кои сме и зошто сме!

За Црквата нема дефиниција. Таа е опишана како Тело Христово. Односно ние – како Нејзини членови, сме Телото Христово, а Господ е Нејзина Глава. Всушност Таа е самото Божјо Предание на човекот. После вознесението на нашиот Госопод Исус Христос, а посебно од светата Педесетница кога Тој им го испраќа Светиот Дух на апостолите, кои пак,...

За христијаните, кои редовно ги посетуваат богослужбите и оние кои имаат навика да одделат време за читање на Светото Писмо, кога ќе се спомне „парабола“ веднаш пред очи ги имаат Евангелијата и Новиот Завет. Тоа е затоа што за Господ Христос параболата е едно од претпочитаните средства за пренесување на спасителната благовесна порака.

Кај многумина владее мислењето дека Православието е една од многуте религии, која што како своја главна грижа ја има подготовката на членовите на Црквата за живот по смртта, односно да обезбеди место во рајот за секој православен христијанин. Така, се смета дека православната догма нуди плус гаранција, бидејќи е православна.

Ако еден предмет се скрши, ако едно парче дрво се скрши, тие тешко се поправаат. Но ако душата се „скрши“, да знаете дека таа се поправа. Душата пупи така како што едно мало дрвце пушта пупки напролет, како што се појавуваат пупки на една скршена гранка. Така, полека, полека пупи душата. Полека, полека се опоравивме, и несомнено, велам, станавме подобри.

Старец Пајсиј им одговорил дека знаел за смртта на овој монах, бидејќи видел цела војска ангели кои дошле да ја земат неговата душа. Поклониците биле зачудени и некои од нив негодувале, обидувајќи се да му објаснат на старецот за кого всушност зборувале, мислејќи дека тој не ги разбрал добро.
Старец Пајсиј им објаснил: „Овој монах е роден во Мала Азија, непосредно пред турското освојување, а Турците ги одвлекувале момчињата од родителите.

Почетокот на црковнословенската глаголица (буквица, но и Кириловица) е ист со почетокот на македонската азбука: а, б, в, г, д. Но, на црковнословенски јазик буквите имаат свои имиња: А = аз, Б = буки, В = веди, Г = глаголи, Д = добро, итн. Глаголицата започнува вака: Аз (јас) буки (букви) веди (знај) глагол (говори) добро (добро) – што во превод би значело: „Азбуката знај ја и говори ја добро“.