ЗА МОНАСИТЕ НА ПОСЛЕДНИТЕ ВРЕМИЊА
Големиот старец преподобен Антониј се молел за судбината на монасите. Тогаш му се јави Господ и му кажа:
„Твоето духовно потомство нема да исчезне до крајот на светот, но монасите ќе се разликуваат по своите подвизи.
Еве, види!“
И старецот погледна...
Стојат три монаси: монах на древното доба, монах од средниот век и монах од последните времиња, а покрај нив тече огнена река.
Монахот од старо време кој има силни, моќни (благодатни) крилја, замавнал со нив, се подигнал на голема височина, слободно ја прелетал огненaта река и се спуштил на другиот брег.
Монахот од средниот век, со орловски крилја, се оддалечил неколку чекори за да земе залет и со напор полетал значително пониско од првиот, но пламената река сепак не го дофатила.
Монахот од последните времиња, кој имал кокошкини крилја, летал со голема мака, ниско, ниско, така што неговата мантија ја зафатил оган.
Тој ги напрегнал сите свои сили, едвај некако успеал да ја прелета реката и паднал од изнемоштеност.
Понатаму Господ му објаснува на старецот Антониј Велики:
„На првиот монах му е дадена голема благодат, со нејзина помош тој слободно ја прелетал огнената река, па ќе добие награда како за послушание.
Вториот монах ја прелетал реката со голем труд. Тој исто така ќе добие награда за послушание.
Третиот монах, монахот на последните времиња, ќе добие награда како за подвиг и покајание, заради многу тешкиот живот и трпење без роптање“.
Тогаш, на големиот старец, преподобниот Антониј, се` му станало јасно. Многу монаси во последните времиња ќе живеат во светот, но ќе бидат поголеми од монахот од старото време!
Тие му благодарат на Бога, се спасуваат низ страдања и рамни им се на големите светители. И самиот живот за нив е подвиг!
Старец Сава Псково – Печерски
Превела: Мина Даниловска
Дођи и види: O монасима последњих времена
03.03.2015 г.