логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Униние

Унинието, помеѓу другите страсти, има посебно место. Тоа е единствена можна состојба на човекот, кога неговиот поглед е свртен исклучително внатре во себе, кога со човекот владее „сеќавањето на самиот себеси“. За да се избави од унинието, потребно е да направи само мал пресврт во начинот на неговото гледиште и да научи не да гледа во себе, туку да гледа нанадвор: да научи да го исполнува животот не со „сеќавањето на себеси“, туку со „сеќавањето на Бога и ближните“. Но, да се успее во ова е многу тешко, бидејќи во секој еден од нас лежи моќен магнет кој се вика егоизам, егоцентризам, самољубие, од којшто никаде не можеме да побегнеме.

Малку по малку, успеваме да се оттргнеме на стрaна – но веднаш биваме повлечени назад. Единственото нешто посилно од тој магнет е Божествената благодат. Не е чудно, тоа што кога влегуваме во храмот сме едни, а излегуваме веќе други, дури и ако нашето учество во богослужењето не било повеќе од условно. Магнетното поле на самољубието, еднаш кога ќе се најде во полето на Божествената благодат, почнува неизбежно да слабее. Тоа навистина се случува дури и на некое физичко ниво. Дури и неверниците кои влегуваат во храмот, откако ќе постојат таму неколку минути, излегуваат и велат: „Колку убаво, се чувствувам полесно“.

Затоа ми се чини, главниот начин на борба со унинието за време на Великиот Пост, е да се бара радоста во ограничувањата, во ограничувањата на себе си, во ограничувањата кои самиот човек си ги задава, за да може да научи нешто повеќе. Си спомнувам за еден прекрасен текст на Честертон, каде тој пишува, дека кога би ги анализирале световните приказни, би виделе дека основен закон на секоја приказна е законот „условена среќа“. При тоа, како по правило, тие услови се сосема безумни, сосема ирационални. Од гледна точка на човековата логика тие не може ниту да се образложат ниту пак да се објаснат. Не гледај во сандачето и ќе бидеш среќен. Ако погледнеш, сè ќе тргне наопаку. Не смееш да ја видиш твојата невеста сè додека не дојде време за тоа. Ако ја видиш – сите ќе загинат.


Всушност, во народните приказни се крие длабока богословска вистина – заповедта дадена на Адам во рајот, да не јадат од дрвото на познанието на доброто и злото – единствен инструмент кој може да го направи човекот среќен во сета полнота. Штом ќе го отстраниме овој инструмент од човековиот живот, ќе му оставиме целосна слобода, да прави што сака, да оди каде сака, во истиот миг ќе го оставиме во пустота. А кога пред него ќе се појави сурова, реална забрана, смисол нему потполно нејасен, во тој момент пред него се открива поинтересна перспектива. Кога ќе се оттргне од нештото поради таа забрана, тој почнува да се формира себеси, и таа заглушувачка пустота исчезнува.


Токму во тоа се состои строгоста на црковните одредби во однос на оние кои се придржуваат кон постот, за да не се ограничуваат од телесното воздржание, ја менуваат исхраната или ја ограничуваат комуникацијата. Пред сè, тоа предлага создавање на, во одредена смисла, неподносливи услови за дадениот човек. И што поактивно човекот ги создава овие услови, толку има поголеми шанси неговиот краен душевен напор, како резултат на тоа ограничување, најпосле да пукне, за да се пробие низ помоќната гравитација на самољубието, низ гравитацијата на егоизмот и да одлета кон Бога. Ете, всушност, тоа е тоа што треба да се случи. Но неизбежно, додека се случува тоа стегање, додека трае внатрешниот притисок, на човекот нема многу да му биде лесно. Но тој свесно оди на тоа, свесно се става под вакви околности, бидејќи знае дека таквите плодови не може да се родат по никаков друг пат.

Тука може да си спомнеме за прекрасниот пример, кој Спасителот го дава во Евангелието, за жената која трпи болка кога раѓа, затоа што нов човек се родил во светот. Ваквите мисли треба да ги има верникот за време на Великиот Пост. Уште на самиот почеток тој треба да се согласи дека ќе му биде лошо, ужасно лошо, неподносливо лошо, но низ тоа „лошо“ треба да ја здогледа крајната цел поради која сето ова се презема. А таа цел не значи само да се нурнеме во вревата на празникот и во „разрешеноста на сè“. Целта е сосема друга – да се пробиеме низ самите себе, кон Бога.
 И кога ова пробивање ќе се случи, нам ни е потполно сеедно дали постот завршил или не, затоа што Пасха веќе почнала во нашите души. Ова им е јасно на православните христијани, кога завршува Великиот Пост, кога, да речеме, веќе не се потребни никакви ограничувања. Тогаш наеднаш почнуваме да се сеќаваме на тешките денови на Великиот Пост, кога сè ни се чинело многу лошо, многу тешко, а всушност под овој слој, под лисјата на нашата немоќ почнала да се ниша, некаква потполно нова, досега невидена и непозната стихија.


Се сеќавате, како Малиот Принц зборува дека најважното не може да се види со очи? Од каде овој пример од пустината? Зошто во пустината не гледаме извори? Тие се кријат под тој дебел слој од песок, но токму колебањето на воздухот, кое е речиси незабележително, ја дава радоста при наоѓањето на вода, која со голо око не може да се види. Се чини дека човекот се наоѓа во исклучително тешки животни услови; нему не му е онака како што тој сака, не се занимава со тоа што го сака, но под сето тоа се раѓа нова димензија на неговиот живот. Според логиката на постот, таа димензија се јавува како главен плод на правилното држење на постот. А таа димензија е истата со којашто почнавме. Тоа е сознанието за својата непотребност, за својата неподготвеност, своите неспособности човекот да биде она што треба да биде. И по мера на тоа сознание, на човекот му станува јасно дека најдобрите работи во неговиот живот, сè она што тој сè уште може да го направи, се случуваат само тогаш кога е со Христа. Од една страна, тоа е крајно омаловажување на самиот себе, а од друга страна неизбежно возвеличување на самиот себе, кога човек се труди не поради себе, туку поради Бога – сè можам за Исуса Кој ме крепи! – ете, ваквата поделба, ваквата состојба на внатрешна напрегнатост станува најпродуктивна и најполезна за човекот.
Ако ова не се случи, тогаш неизбежно сè се завршува со грубо и примитивно фарисејство – испостевме, и кога се омрсивме, радоста веднаш ни дојде. Се омрсивме, се напивме, се најадовме, а радоста како што ја немаше, и така ја нема…

Протоереј Павел Великанов

Извор: http://agapi.mk/borba-so-uninie/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3121
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7591
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная