ТАЈНАТА НА ЖИВОТОТ
Твоите проблеми ќе се решат само тогаш, кога ти ќе престанеш да се беспокоиш за нив, како што правиш сега. Инаку, порано или подоцна тие ќе те скршат. Конечно, иако твојот проблем е доволно сериозен но, всушност ситуацијата не изгледа, онака како што ти себеси си ја претставуваш. Знаеш зошто? Ти си го восредоточил своето внимание на неправилна точка од проблемот, паничиш, застрашен си, и затоа неможеш да дојдеш до решение. Водата на твојата душа е матна, ти неможеш да видиш, што има на дното, не можеш да откриеш, што лежи во основата на твоите дела, твоите желби. Ти си растроен. Верувај, тоа нема да донесе плод. Ти си должен да постапиш како подвижниците, кои кога нешто ги тревожи, го оставаат тоа за потоа, затоа што, како што покажува опитот, решението со време задолжително ќе дојде и доживеаното те застанува да го воспиемаш животот поладнокрвно. Така ти ќе достигнеш до зрелост, ќе се обогатиш себеси, ќе станеш помудар, ќе преуспееш духовно, и ќе се научиш да ги гледаш нештата малку поинаку.
Ако кај тебе се појавил проблем, не настојувај на тоа ведаш да го разрешиш, затоа што тој сега нема да се разреши. Причината е една: сѐуште на настапило време за негово разрешување. Ти дејствуваш без да размислиш, пребрзуваш, тогаш кога говориш:
-Јас сакам, овој проблем (на работа, во моето семејство, со моето дете, мој духовен проблем) да се реши побрзо. Така што, сѐ да случи во следните денови, до крајот на оваа недела. Јас не сакам да чекам!
Ти го зборуваш тоа, но, истото противречи на зборот ˶трпение˝, на зборовите ˶неопходно време˝, ˶долго време˝ и ти ништо со тоа не можеш да сториш. Поминува време и ти гледаш, дека твојот проблем се решил за пет месеци. Нели ќе беше подобро да не паничиш, да се однесуваш поспокојно, да имаш појасни и чисти мисли? Затоа што на тој начин ќе допуштитш Бог да влезе во товојот живот.
Јас ви зборувам за тоа, бидејќи често сум сведок на тоа, како луѓето му се обраќаат на Бога или ги просат молитвите на духовникот за скорешно разрешување на својот проблем, заборавајќи, дека во животот ни е во прв ред потребно трпение, за да се потпреме на Божјата премудрост и сила, за да не го осудуваме Него, кога Он ќе допушти тешкотии во нашиот живот. Се разбира тое е тешко достижно, та ние сето време се жалиме, а жалејќи се, ние го осудуваме Бога. На штo се должи жалењето ако не на критика на Бога? Та ние всушност вака Му говориме Нему:
- Боже, Ти не знаеш што правиш!
Ние сме навикнати да го осудуваме Бога дури и за времето. Ќе настапи променливо, дождливо време и ние почнуваме да роптаме:
-Господи, леле какво лошо време!
Колку пак посилно го осудуваме Бога во потешки сериозни ситуации во нашиот живот-во болест, во тага, во прогон, клевета!
Ти велиш, дека веруваш во Бог. Тогаш јас сакам тебе нешто да те прашам. Каде е твојата вера, што значи тоа јас верувам во Бог? Тоа значи, што ти Нему му веруваш, така ли? Мислам, дека Он многу добро знае, што прави, и Оној, Кој многу добро знае, што прави, допушта да се случи тоа во твојот живот. Нели е Он мудар? Или ти си исклучок и во твојот живот нема проблем? Конечно, не. Како и кај сите луѓе и кај тебе има проблеми. Ако е така, зошто тогаш се жалиш, ако се сметаш себеси за верник? Размисли, можеби, Господ те испробува, дали умееш да заплачеш, да доживееш вистинска болка? Како инаку ќе се пројават оние квалитети, кои се наоѓаат во длабочината на твојата душа? Ти мора да искусиш болка.
Но, како така? Нели говорат, што животот покрај Бог ќе биде среќен. Да, ќе биде среќен-во однос на смисолот на животот. Ти ќе бидеш среќен, затоа што ќе го пронајдеш смисолот на животот, ќе стекнеш знаење, благодарение на кое ќе задобиеш олеснување и утеха, тоа да. Но, комфорен живот тебе никој не ти ветил.
Господ е праведен. Милиони луѓе искусуваат болка, а ти не сакаш да ја искусиш неа, не сакаш да доживееш страдание. Но, знај, што во твојот живот задолжително ќе произлезе некакво потресување. И ти преостанува да се учиш да го отстрадаш. Понекогаш јас сретнувам луѓе, кои говорат, дека не веруваат во Бога но, тие го разбрале она, што со нив се случува, се сродиле со болката, со тешкотиите. И кога ти задаваш прашање на таков човек:
-Како ти го издржуваш тоа?
Он одговара:
-Јас како и сите, се плашам. Но, така било угодно на Бога!
-Но, ти велиш дека не веруваш во Бога!
-О, јас заборавив.
Всушност, тој човек верува, имено, тој во својот живот покажува трпение, кое што него му го дарува Господ. Тој говори, дека не верува но, на дело покажува вистинско смирение. Тој не протестира, застанува на ред и чека. Оди во болница и чека, нема пари, нема пријатели, се смирува, благодари и за најмалото добро, кое што го прават за него. Тогаш како ние, хриситијани, многу разгалени, сакаме сѐ да се случува брзо, и постојано настојуваме:
-Сакам, моите проблеми да се раазрешат токму сега!
Зарем до сега ти не разбра, дека низ тој проблем Господ ти предава лекција? Ако не ја научиш, со тебе ќе се случи друга непријатност, затоа што Бог ти говори тебе:
-Прашањето не е во тоа, ти ја го разрешиш твојот проблем, туку во тоа да разбереш дека сега си должен да го усвоиш зборот ˶смирение˝, зборот ˶љубов˝, зброт ˶простување˝, ˶милостиња˝, ти си должен да го измениш својот карактер. Доколку сево ова не го научиш сега, тогаш ќе дојдат други страданија, благодарение на кои ќе ги усвоиш тие работи подоцна.
Таква е тајната на животот.
Еден човек, доаѓа и говори:
-Јас сакам, вие да се позанимавате со мојот проблем, и сакам да ми предложите решение!
А другиот гледа, дека решението се наоѓа многу подлабоко, што ситуацијата неможе туку-така да се разреши, што во него самиот има црти, над кои уште треба да се работи многу. Тие и сметааат во решавањето на проблемот. Запомни: средиштето на проблемот не е таму кај што мислиш ти. Ти се движиш во друга насока. Затоа, биди трпелив, довери Му се на Бога и Господ ќе устрои сѐ. Он ни укажал на птиците кои не Ги заборава, за цвеќињата за кои се грижи...Самата фраза (синтагма заб на прев.) Промисла Божја-означува грижа, мудрост. Зарем не е Он премудар? Зарем не ги знае Он и најмалите поединости? Зарем не нѐ љуби Господ нас? Он те љуби тебе. Тоа што ти искусуваш болка и страдание не значи дека Он тебе не те љуби.
Стоматологот тебе ти помогнал, ти ги излечил твоите заби, и ти повторно гледаш весело на животот. Нo, што и претходело на таа радост? Страв, мачење, бoлка и крв. И на крајот ти говориш:
-Многу Ви благодарам, вие сте прекрасен лекар!
Ние му го говориме тоа на стоматологот, нели? Па тој добар човек ни помогнал да не чувстуваме болка. Тој знае што прави. Ние сме должни да се научиме на таква доверба кон Бога, да бидеме со Него до крај отворени и да повикуваме кон Него:
-Боже мој, јас болувам, Боже мој не можам да издржам, чуствувам огромна болка, јас ти го кажувам тоа!
Кажи го тоа! Не ти велам да го мамиш Бога, говорејќи Му:
-Ах, колку ми е убаво! Ич не ми е болно!
Јас не ги разбирам оние луѓе, кои кога им е тешко, не плачат. Зарем ти не си човек? Затоа ќе плачеш, ќе чувствуваш болка, ќе крикнеш, и ќе признаеш, дека она што ти го преживуваш, е многу болно, скоро неподносливо, но, затоа е благотворно, неопхопдно да се помине низ тоа, да се отворат, раскријат своите рани. Потоа, сѐ ќе се измени кон подобро.
Затоа што низ Крстот ќе дојде радост на целиот свет. Низ болката, која ја доживуваш, ќе дојде среќата. Кога ќе поминеш низ искушенија, кога она, што ти дава беспокој, она што ти го сметаш за најважно во твојот живот, ќе се нареди ( за 5 месеци или за 5 години), сигруно ќе дојде нешто ново. Како Господ да ти говори тебе:
-Не протестирај, не викај, земи Ме за рака, кога Јас се подговтувам да ја работам Својата работа, довери ми се Мене!
Таква доверба ни недостасува. Крстот има потреба од доверба. Кај секој од нас настапува момент на болка, кога ние се разголуваме, како Господ, Кој бил гол на Крстот но, Он не се плашел од својата голотија, затоа што тоа била голотијата на Адам до гревопадот, нагост на невиноста. Христос немаше од што да се плаши. Он немаше непријатели. Он не чувстувал, дека Му е неопходно да се брани или уште помалку да напаѓа. Он се предаде. Дали ти можеш да го направиш тоа? Можеш ли да се прададеш? На кого? На Бога, на луѓето, кои се наоѓаат покрај тебе, во твоето семејство...За да се случи тоа, неопходно е да се повери својот живот на Бога, Кој задолжително ќе го доведе до нешто добро.
Не се криј, Христос, не се срамел да биде гол на Крстот. Он ги раширил Своите раце, Он сиот стана прегратка, Он се искачи од земјата на Крстот, затоа што Крстот-не е земја, туку воздигање, Крстот се наоѓа меѓу земјата и небото. Замисли си: се наоѓаш на дрво со распрострени раце, гол, дофатлив за секој кој гледа на тебе, тој може да ти се приближи, да те удри, посматра, испитува...И тогаш ти ќе започнеш да разбираш и говориш:
-Јас сум должен да го надминам она, што луѓето го мислат за мене. Сега, кога сум распнат, кога ми е тешко, не сум должен да мислам за тоа, што зборуваат тие, како гледаат на мене, што мислат за моите проблеми... Единствено што можам сега да кажам е: ˶Таков сум, каков што сум˝.
Во тој миг, ти доаѓаш кон словото ˶вистина˝, кон суштината на карактерот, кон осознавањето на она, кој си навистина ти.
Болката, која ја доживуваш, крстот, кој го носиш, ќе ти помогне да го сториш тоа-да го исфрлиш сиот фалш и да ја покажеш својата внатрешна вредност. Така да, ако има вистина, ти ќе согледаш, каде е таа, дека е длабоко внатре во тебе.
Христос станал прегратка и рекол:
-Дојдете кај Мене, можете да плукате на Мене, но, можете и да Ме прегрнете Мене. Вие можете да ја исфрлите својата горчина и злоба на Мене, да Ме прободете со копје, затоа што Јас сум незаштитен и Јас сум лесна цел. Но, ако сакате, вие можете да станете Мои пријатели, да Ме прегрнете, да Ме целивате, да се грижите за Мене.
Неопходна е смелост, да се отиде и да се поразговара, на пример, со својот духовник, со близок човек, со татко си, со мајка си, со својата жена, со својот пријател, со соседот, неопходна е смелост, да се распрострат рацете, за да се стане прегратка, како што станал Христос, бивајќи распнат. Во човечките взаемни односи, се јавува крст, болка, ние не можеме да се откриеме, не можеме да кажеме:
-Ревнувам за тебе! Сакам да бидам со тебе и се плашам да не те загубам! Јас чувствувам осаменост и несамодоволност! Всушност, јас не те љубам силно, но, имам голема потреба од тебе. Не можам да живеам без тебе, иако, не те љубам многу силно.
Ти неможеш да си признаеш себеси и на своето дете, дека причината, поради која ти несакаш да го пуштиш некаде да учи, не се состои во тоа, што тоа не му одговара нему, туку во тоа што ти не сакаш да го изгубиш, сакаш да биде заедно со тебе. Во такви случаи ние почнуваме да лажеме.
Болката, вистинската болка и вистинскиот крст се поврзани со таа голотија, во која се откриваме себеси, за да станеме вистинити, за да можеме со достоинство и честност да се однесуваме кон другите, кон нивната моќ. Ние не сме вистинити, и затоа искусуваме болка, не примајќи полза од неа.
Сите искусуваат болка, па така и ти. Јас сакам да ти ја покажам вештината/ способноста (не јас туку Цркавата, низ опитот на светите), со помош на која од болката може да се роди-нешто навистина слатко и добро.
Во човечките односи секогаш е присутна болката, но ти се срамиш, не се осмелуваш да се разголиш, да се искачиш на крст, Ти велиш:
-Како ќе ги раширам рацете? А ако фрлат камен по мене? Јас сакам да си го скријам лицето со рацете, затоа што ако не го сторам тоа, каменот ќе ме удри во лице!
А Црквата ти говори тебе:
-Не го сокривај своето лице, зашто ти ќе крикнеш: ˶Не, јас се плашам, мене ми е срам и сакам да плачам!˝
А луѓето викаат:
-Мажите не плачат, па и на жените ни им доликува да плачат. Ти си должен да имаш силен карактер, затоа што ако плачеш, луѓето ќе си помилсат дека си слаб. Ако пак се смириш, тие ќе помислат дека можат да те искористат.
И што е тоа ако не измама? Не е ли измама тоа, доколку ти покажуваш едно, а чувстуваш друго? Христос на крстот бил вистинит, и ти ќе видиш, кога низ болка ќе се отвориш, кога ќе се расцвета она, што се таи во твојата отстрадана душа, тогаш ти ќе умееш да ја искажеш вистината. Ти нема да кажеш: ˶Оди си!˝, ти ќе кажеш: ˶Јас многу те сакам тебе и сакам да бидам со тебе!˝
Кажи ја вистината. Искажи се, отвори се, биди оној кој си! Зар не е трагично, што сопрузи, женети 20 години, не се знаат еден со друг, не си ја отвориле еден на друг душата? Не ги отвориле душевните прегратки, така што да може душата да се отвори, за да може другиот човек да разбере, кој си ти, што сакаш, на што се надеваш. Во човечките односи постојано се појавуваат крстови и ние не знаеме дали настапува воскресение. Воскресението не настапува само од себе, неопходно е да се побара, за да настапи тоа, да се претрпи болката, да се појде и да се каже вистината на самиот себе, на некој близок човек, да се стори тоа, да се испрати таа порака. Јас не говорам дека кога ќе го сториш тоа, ќе стане идеално. Не, може да има трње, но многу е добро, кога другиот човекзнае кој стои пред него. Ако најдеш во себе мажественост да го кажеш тоа, тогаш другиот човек треба да биде сосема бездушен, за да не се смили и не одговори:
-Знaеш што, и јас сум ист таков како и ти. И јас исто така чувствувам болка и недоверба, јас се плашам, љубоморен сум, се плашам од смртта.
Оваа состојба нѐ обединува, ја обединува вистината, која ја делиме, ги обединува нашите души и нашите трња. И тогаш ние одиме кон Христа, Кој ги преобраќа нашите трња во рози и вели:
-Прекрасно е кога ја гледам вашата искреност и праведност!
Невозможно е да се биде на крст и да се мами. Кога ќе се качиш на крст, ќе завикаш, заплачеш, ќе се испотиш, извалкаш, ќе бидеш раскрварен; непријатна слика но, тоа е вистинската слика на твојата душа. Така ќе разбереш дека од голема болка човекот станува реален/вистинит и почнува да вриска. Тоа и е самиот крст Христов во односите на луѓето, крст, од кој се раѓа воскресение, од кој се раѓа љубов, сладост и убавина.
Никаде не е кажано, дека ако се приближуваш кон Бога нема да поминеш низ носење на крстот и дека нема да почувствуваш болка. Бидејќи само низ болка ќе го видиш своето вистинско ˶јас˝. А тогаш кога ќе го увидиш, ќе престанеш да повторуваш:
-Ме отпуштија од работа, ме отпуштија од работа! Немам пари!
Ќе се вгледаш во себе и ќе кажеш:
-Не, мене не ме вознемирува отпуштањето, туку безумната неувереност, која ја чувстувам. Проблемот не е во тоа, што немам пари, впрочем не гладувам и пари нешто останаа, но, јас се плашам, исполнет сум со неверие, недоверба, јас чувстувам осаменост.
Знај, дека крстот воопшто не ти помага тебе да се насмевнеш, релаксираш, тој предизвикува болка, за да продолжиш да размислуваш за себе. Тогаш кога ти ќе се восредоточиш и ќе ја достигнеш зрелоста, ти ќе сфатиш, што всушност те вознемирува. Токму тогаш ќе признаеш:
-Благодарание на тоа собитие, на тој крст, јас појмив, што не го љубам Бога. Јас појмив, што постои океан на бесконечна љубов на Бога кон мене, а јас не сум пробал ниту една капка од тој океан. Заради тоа чувстувам безмерна недоверба. Јас разбрав, мене ми недостасува љубов, а не пари, ми недостасува нежност, а не храна. Крстот, кој Господ ми го прати, ми помогна да го сфатам тоа.
А ако ние не сакаме да го примиме дадениот крст, тогаш викаме, негодуваме и хулиме. Поминуваат години, а ние не можеме да стекнеме духовна полза. За жал ова може да се види и во манастирите и во верните семејства и во парохиите. Тоа е во мене, во тебе, во секој од нас. Годините поминуваат. Понекогаш ќе погледнеш на луѓе, кои во текот на многу години одат во Црква и си мислиш: На што се научи тој човек во текот на толкуте години? Зарем сите тие бденија барем малку не ја украсија и неговата душа?
.Да, се случува и така, затоа што крстот сам по себе не благотвори. На него е неоопходно да се погледне до Христови очи, со погледот Христов, за да задува на тебе оној ветер на Христа на Крстот. Треба да се дојде близу до Него, кога Он беше таму, на Голгота и да се земе ритам од Неговото срце, Неговиот свет, Неговата мудрост, Неговата светост. Тогаш задолжително ќе произлезе нешто добро.
Во спротивен случај, веројатно, ќе произлезе тоа, што ми го раскажа мене мојот другар, 85-годишниот монах, во момент на откровение. Неговите зборови ме натераа мене да го засакам уште повеќе. Тој рече:
-Верувај ми, онаков каков што бев кога стапив во манастир, таков и останав. Со истите страсти, со истите грешки, со истите слабости, со истиот карактер.
Тој не мамеше, тоа не беше смиренословие, и јас го видов тоа. Јас високо ја оценив чесноста на мојот другар, затоа што тој не прикажуваше непостоечка светост, не глумеше светост, не правејќи се свет, тој говореше вистина. Конечно, тоа не беше апсолутна вистина, затоа што во текот на својот живот тој направил одредени чекори, се изменил на добро, се изменил со помош Христова, но, тој искажа зборови, кои многу кажуваа.
Јас видов: во манастирскиот храм на ѕидовите висат икони и кога монасите одат во храмот, ги целиваат еднаш наутро и вторпат-после ˶Всјакое дихание˝, ги целиваат пред да се причестат, кога одат на вечерна, пред почеткот на Повечерието, односно 7-8 пати дневно. Ги гледаш нозете Господови, рацете на Богородица, бојата се излупила и говориш:
-Колку целивања, толку прегратки! Зарем тој бакнеж, таа галба ништо не изменија во тебе? Зарем тие не те изменија тебе, не те направија посмирен?
Може да се случи тоа и да не те направи посмирен. Се зависи од тоа, како ти ќе пријдеш кон светиот, кон Пресвета Богородица, кон Господа. Ако, на пример, целивајќи ја иконата, си думаш во себе:
-Кај мене сè е добро, јас станав богат. Гледам, дека сум душевно богат и не оскудувам во ништо. Така што целивајќи ја иконата, се чувствувам достоен да го правам тоа.
Ако продолжиш во тој дух и не ја појмиш својата реална состојба, не ја увидиш вистината во себе, ќе се симнеш од умот. Не се залажувај, кажи ја правдата, кажи што чувствуаш, за што размислуваш, што си претставуваш себеси, кон што се стремиш. Ако успееш нависитна да се видиш себеси и да се помириш со истото, тогаш ќе се смириш и нема да се симнеш од умот.
Еден човек ми пиша и ме замоли за помош, затоа што тој имаше помисли, кои го симнуваа од умот, и тој сакаше да го заврши животот со самоубиство. Јас сосема едноставно му одговорив. Го започнав своето писмо вака: Зарем ти не разбираш дека си нормален човек? Пред да станеш свет, должен си да поимиш, што е тоа човек. Човекот носи во себе апсолутно сè.
–Но, тоа боли-ми напиша тој мене.
-Токму така, тоа е крст но, зради тоа ти го говорам тоа-тоа е крстот на самопознанието, крст благодарение на кој го согледуваш своето ˶јас˝.
Но, најмногу од сѐ тој најде поткрепа во реченицата дека и јас често пати се чувствувам така.
-И вие?
-Да и јас! И многу други луѓе, не само јас, туку и светите за тоа говорат, пишуваат за тоа во своите книги, рассудуваат за тоа, го исповедуваат тоа, го прифаќаат тоа.
-Но, тоа е невозможно, што човекот би мислел и чувстувавал нешто такво, -ми одговори тој мене-што, на пример би посакал да извршиш зло. Возможно ли е, што мајка та би можела да помисли нешто лошо за своето дете? што би ѝ дошло на ум-како помисла, како некоја безумна мисла, да стори нешто лошо нему или на својот маж?
Мора овие кеси со нечистотија да ги земеме и да ги ставиме пред Христа и да Му кажеме Нему: -Еве, Господи, тоа сум јас! Прости ми! Дали ме љубиш таков, каков што сум јас?
Така што има мисли, кои не сведочат за ништо друго, а токму за ова-˶во беззаконија сум зачнат и во грев ме роди мојата мајка˝. Таквите мисли ни говорат нам за тоа дека саканиот човек е измачен со внатрешни противречности. Но, не означува ли Црквата светтост? Да, светоста ја гледа реалната природа, реалното тление, кое живее во тебе. Треба да се помириме со тоа. Треба да се земат тие кеси полни валканици, да се стават пред Христа и да му се каже Нему:
-Еве, Господи, тоа е мојата вистинска слика, тоа сум јас! Прости ми мене Господи! Ме љубиш ли ти мене, таков како в што сум?
Така треба да се говори. А, што, ти почнуваш да подукрасуваш, да сокриваш? Вистината за нашата душа? Затоа и се мачиш. Верувај, конечно, огромна среќа се сокрива во раскривањето на нашето вистинско ˶јас˝. Така што поентата не е во тоа само да се раскрие егото, туку во тоа што ти си собрал храброст тоа да го сториш.
Јас исто така му напишав на тој човек: ˶Сите ние се вариме во ист котел, сите мислиме едно те исто, сите ние сме еднакви.˝
Сѐ е многу едноставно. Доволно е да си припомниш, како се исповедаш. Тогаш ти ќе сфатиш, кој си ти всушност (освен ако, нели не си свет, не знам). Но, кога ти последниот пат се исповедаше, зарем говореше за свети нешта, за нетварниот свет? Ајде де, раскажи, каков беше нетварниот свет, кога ти го виде него последниот пат? Ти не го виде? Разбирливо. Ниту јас не сум го видел. Но, јас говорам за тоа, што некои луѓе, гледајќи на нас, понекогаш, силно се уплашени, изумени се и создаваат совршено лажна слика. Гледај, како некој млaд човек те слуша тебе и зборува:
-Леле, тука бе сите се совршени, што да правам? Ако јас ја откријам својата душа и раскажам сѐ што јас чувствувам, тие ќе побегнат оттука! Па тие се свети!
Не, тие не се свети. Тие се нарекувааат инаку, така впрочем Христос ги нарекол, а не јас: лицемери, фарисеи и лажци.
Ние сите се обидуваме да ги делиме на луѓето на категории, и ги градиме своите односи согласно тоа. ˶Овие луѓе се-добри, а оние се-лоши, ние сме во ред, тие не се во ред˝,-си мислиме ние, но доаѓа Христос, гледа, дали сме се зеле едни со други за раце и дали се добива од тоа словото ˶единство˝. Он ни говори:
-Вие, добрите и лошите, се сеќавате ли на молитвата, која Јас ја произнесов на Елеонската гора? По се изгледа дека лошите подобро паметат за тоа, бидејќи ги подаваат своите раце и велат: ˶Ние сме скитници и скверници˝. А вие, добрите, можете лида ги подадете своите раце? Подајте ги своите раце, вие, добрите, светите!
-А-а-а!-зборува оној другиот. -Јас не можам да се допрам до тебе!
И тогаш Христос говори:
-Отче небесен, те молам Тебе, сите тие да бидат едно!
Сите да станат љубовни, соединети, збратимени. Да се оддалечат од човечката злоба, а не од луѓето, туку од нивните пороци.
Христијаните говорат, што тие иако се од овој свет, сепак живеат во другиот. Но, тоа не значи дека јас, бидејќи сум христијанин, дека сум чист, а сите останати се наоѓаат во калта. Напротив, јас сум подлабоко во калта од сите, бидејќи самиот сум еден очаен грешник. Зошто? Па, еве на пример, завчера јас слушнав, како еден мој сосед се дереше и се караше со друг сосед. Тој извикуваше хулни зброви и се сквернавеше себеси, се покажа себеси во својата вистинска боја. Додека пак јас, за разлика од него, сѐ држам во себе. Мојот дом е прибран, нема ништо видно во мојата гостинска соба, сѐ е суетливо скриено под тепихот, но, кога ќе го подигнеш тепихот ќе здогледаш на подот залпени гуми за џвакање, изгасени цигари, непристојни слики, сѐ и сешто! Еве што се наоѓа во душата на сите луѓе. Тоа е и наш крст. Ќе се осмелиш ли да го подигнеш тепихот и да погледнеш, што се наоѓа внатре во тебе, ќе се осмелиш ли да си го кажеш тоа на самиот себеси?
Еден свештеник ми раскажа, како тој се обидува да го измени мислењето, кое што го имаат изградено за него другите луѓе. Луѓето мислат, што целата традиција на Црквата е собрана во нас, што ние сме нејзини носители, што најдоброто што постои и се движи-дека сме ние. Но, тоа не соодветствува на реалноста. Барем не за мене. Јас не претставувам автентично пројавување на традицијата.
Луѓето размислуваат поинаку и јас секогаш сум должен да го помнам тоа. Тие доаѓаат кај мене и јас немам право да зборувам со нив остро, непријателски и немам право да се гневам, раздразнувам и нервничам. Должен сум да се потрудам да станам подобар и ако засилено се подвизувам, можеби и ќе го постигнам тоа. Но, едно е да се обидувам да станам како светите, а друго-постојано да се притворувам свет, создавајќи кај другите душевни трауми, комплески, нервози. Што значи дека ако ти постигнеш да изгледаш благочестив однадвор, а одвнатре останеш иститот, колку и да го гушиш своето ˶јас˝, тоа задолжително ќе се пројави.
Ќе ви раскажам една случка. Кај мене дојде еден човек. Тој неодамна се раздели со својата девојка и многу страдаше.Тој ја сакаше, но таа не сакаше да го види и тие се разделија. Ми рече, дека сака да се подготви за причест. Се причести, зеде просфора, а по 10 минути ме најде и ме запраша:
Батјушка, зошто таа не ме сака веќе? Што се случи со неа? Што?
Еве за што тој цело време размислувал! Јас би бил должен да му кажам:
-Па ти само што се причести! Однесувај се соодветно! Кликни на типката, за да се притвориш барем малку свет! Во крајна мера, не зборувај за сите тие работи, животни, биолошки, емоционални, изврши насилие врз себе!
Но, ако тој не го сака тоа? Не го сака. Имено, тој ја кажа вистината. Всушност тој рече:
-Јас се причестив, но повторно мислам за тоа, бидејќи јас сум човек...
Затоа, јас сè на сè, и реков нему:
-Седи, седи, успокој се!-Затоа што тој, во краен случај, беше искрен.
Можеби ќе ми возвратиш мене: Зарем не е нужно да се оттргнеме од нашите проблеми и да се потрудиме бар малку да се приближиме на Бога? Нужно е но, тоа не може да се случи, ако си лицемерен. Треба да се биде чесен во својата борба, да се вгледаш во своето јас и да го прифатиш нелицемерно. Во спротивен случај кај луѓето возникнуваат многу проблеми, со кои се справуваат свештениците, психолозите, психотерапевтите. Потоа со тие луѓе се полнат болниците и психитјатриските диспанзери. За да не се допушти ова, потребно е едноставно да бидеме колку што може повеќе реални, бидејќи има ˶прегратка˝, која не чека. А ако се плашиш од некој духовник, оди кај друг од кого не се плашиш. Отвори ја својата душа, но, најпрво отриј си ја во себе...Засакај ја својата измачена, болна душа-каква што е и мојата душа...
Ајде едноставно да му кажаме на Христа:
-Ние сакаме да станеме поискрени и пред Тебе, и во своите меѓусебни односи. Единствено, што ние може да направиме-е да ја откриеме својата душа, за да влезе во неа повеќе светлина, така што од крстот на меѓучовечките односи да се роди-нешто слатко, да се роди љубов. Тогаш ти ќе сфатиш дека никој тебе не те отфрла. Нашиот Бог е полн со љубов кон нас. Ти посакувам тебе, да умееш да претрпиш сè, што Он ти праќа, за да можеш да почувствуваш, како во твојата душа расне увереноста, дека Он бесконечно те љуби тебе.
Архимандрит Андреј Конанос-Од разговор со слушатели на радио.
Извор: http://www.pravoslavie.ru/put/77321.htm
Понаши: М. Белева
5- ти април, лето Господово 2015