логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

            По летните туристички миграции и лични патувања, со задоволство ќе ви претставиме едно уметничко освежување на тема патување во креативен контекст. На 11 септември 2025 (четврток), во Мултимедијалниот центар Мала станица ќе биде отворена самостојната изложба на уметницата Калиопи Трпчева, во 20 ч. Поставката ќе биде достапна за широката публика во текот на две недели.
Концептот на „Патување“ (проект – изложба) на Калиопи Трпчева е прикажување на уметниковите чувства преку ликови – портрети и фигури, а воедно е и експериментирање на мешавина од материјали, каков што е колажот и во сликите и во илустрациите. Насловот на изложбата – „Патување“ – сам по себе сугерира симбиоза на најважните вредности во животот, како и во уметноста. Со своите дела, како и во животот, Калиопи изнедрува продуховеност, промисленост и доследност, зрачејќи притоа со „уметност на радоста на животот“. Токму затоа, посебно би ја нагласиле „поврзаноста со детето“ на секое човечко битие, како нешто најдлабоко во секој од нас. Детето во човекот никогаш не мирува. Колку и да порасне, да се образува и да се труди да стане успешен, во својата душа човек останува немирно и наивно дете. Понекогаш се враќа во минатото и сфаќа дека сè се променило, но колку и да пораснал, во нeго секогаш постои тоа искрено дете што ќе живее вечно и кое ќе го тера да оди понатаму, ќе му зборува дека ништо не може да го запре и дека сè е можно.
Калиопи Трпчева е фасцинирана од процесот на изработка, кој претставува спој на хартијата и други материјали (златни ливчиња, салфетки, весници...), кои во тој процес се изедначуваат со бојата и стануваат една целина во сликите. Во постапката на создавање на илустрацијата следиме процес на вметнување на нови и нови цртежи, експерименти од дигитални четки и повторно, преку повеќе цртежи, составување на една конечна илустрација. Портретите и фигурите се одраз на уметниковите чувства, сеќавања од минатото, однесувањето, начинот на кој се доживуваме себеси во еден период од животот, своевидно патување низ животот. Во своите дела Калиопи Трпчева ни пренесува среќа, мир, тага и детали од секојдневието, а градот и куќите кои се претставени, се просторот и движењето на мислите, талкањето низ улиците со сопствените мисли, или, пак, темели на љубов, со кои ни го пренесува движењето низ времето на постоењето. Изворноста и едноставноста ги покажуваат човековата инспирација од животот и богатството на акумулирани сознанија, емоции, ставови и визии. Од оваа акумулација на податоци креативноста дава варијанти на отелотворение на човековиот дух низ творечка активност што се еманира во форма. Со искуството што го поседува, сликарката мошне умешно создава ликовна симбиоза. Кај Калиопи заживува ракопис што потсетува на детски цртеж, форми и предмети што се урбани генерациски постулати. Благодарение на сето тоа, енергијата проникната во овие дела, кои се прикажуваат за првпат, лесно го пронаоѓа вистинскиот пат до реципиентот и поведува на патување во вистинската смисла на зборот.
Родена на 16 март 1987 година во Кочани, Македонија, Калиопи Трпчева е сликарка и илустраторка. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на професорот Благоја Маневски, отсек сликарство и насока моден дизајн кај професорката Лира Грабул. Додека активно се занимава со сликарство, таа интензивно работи и со илустрација, особено за книги за деца. Уметнички пристап ја спојува илустрацијата во нејзините слики на платно, создавајќи живи и имагинативни композиции. Има учествувано на повеќе ликовни колонии во Македонија, како и на групни изложби.


Куратор на изложбата е Горанчо Ѓоргиевски.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

08/09/2025 - понеделник

Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија; Преподобен Титој; Свети Зер-Јаков;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Преподобен Пимен Велики 9 септември/ 27 август 2025

Тропар на св. Преподобен Пимен Велики 9 септември/ 27 август 2025

Учителу на смиреномудрието, противнику на осудувањето,лекару на страстите телесни и духовни,сјајна ѕвездо на преподобните, надеж за сé во Христа положуваше,

Тропар на св. Христови маченици Адријан и Наталија  8 септември/26 август  2025

Тропар на св. Христови маченици Адријан и Наталија 8 септември/26 август 2025

Благословувајќи го бракот о Господи,апостолот за Христа и Црквата ни прозбори,мажот преку жената може да се спаси,според тие зборови Адријане...

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј (пренос на мошти)  7 септември/25 август /2025

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј (пренос на мошти) 7 септември/25 август /2025

Благата вест ширејќи се по земјата,се изли и од устата твоја дури и до Индија, о Вартоломее апостоле Христов,на крст...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная