Почетокот на црковнословенската глаголица (буквица, но и Кириловица) е ист со почетокот на македонската азбука: а, б, в, г, д. Но, на црковнословенски јазик буквите имаат свои имиња: А = аз, Б = буки, В = веди, Г = глаголи, Д = добро, итн. Глаголицата започнува вака: Аз (јас) буки (букви) веди (знај) глагол (говори) добро (добро) – што во превод би значело: „Азбуката знај ја и говори ја добро“.
Постојат неколку толкувања на оваа акрофонија, и некои ја преведуваат како: „Јас ги знам буквите. Словото е наследство [достоинство].“, или: „Јас Бога (Словото, буквата) го знам. Говори добро [делувај добро]“. Речник на пет црковнословенски зборови Приидите – дојдете, пријдете (пример: Придите поклонисмја – дојдете да се поклониме). Иже – кој, кои (пример: Иже херувими тајно образујуште – Ние кои херувимите тајно ги изобразуваме) Јегда или Егда – кога (пример: Јегда снишел јеси к смерти – Кога си се симнал кон смртта) (Ј)елици – кои, сите кои (пример: Јелици во Христа крестистесја –Сите вие кои во Христа се крстивте) Воззвах – повикав (пример: Господи возвах к Тебје – Господи повикав кон Тебе)
Милош Дрпа
Извор: http://agapi.mk/az-buki-vedi-glagoli-dobro-jest/
Извор: http://agapi.mk/az-buki-vedi-glagoli-dobro-jest/