логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 img_0255-copy


Треба да се знае од опит што значи Црква денес, кога многумина ги мешаат поимите – не разликувајќи што е Црква, а што црква како храм Божји. И уште, не разликуваат што е Црква, а што хуманитарна организација, патриотско здружение, фолклорна група и сл.

Веруваме во Една, Света и Соборна и Апостолска Црква. За Црквата нема дефиниција. Таа е опишана како Тело Христово. Односно ние – како Нејзини членови, сме Телото Христово, а Господ е Нејзина Глава. Всушност Таа е самото Божјо Предание на човекот. После вознесението на нашиот Госопод Исус Христос, а посебно од светата Педесетница кога Тој им го испраќа Светиот Дух на апостолите, кои пак, ги ракополагаат првите епископи, се овозможува ова свето Предание преку светата тајна свештенство да остане и да се пренесува до ден денешен и до крајот на светот и векот.

Епископот е икона Христова во Црквата, односно тој е на место и во обличје Христово како глава на Црквата. Без него неможе да постои Црковното собрание, а надвор од тоа собрание не постои Црква. Надвор од тоа Собрание, можеме да зборуваме за некакви собири и друштва – хуманитарни, фолклорни, патриотски или спортски, но не и за Црква. Затоа храмот во кој што се собира народот го добива називот црква. И уште нешто, во пишан текст зборот Црква се пишува со голема буква кога се мисли на Телото Христово, а ако е со мала, се мисли на храмот – објектот.

Епископот ја има полнотата на светотаинската благодат и не можеме да ги примиме Божјите дарови како што се Евхаристија, Крштение, венчание и сл. без негов благослов или на од него овластениот свештеник. Ниту еден свештеник, во нормални околности, не може да служи Литургија или друга света Тајна без благослов од епископот, па макар и да е и поучен или посвет од него.

Светите отци велат дека надвор од Црквата нема спасение, таа е како кораб кој плови, а кормиларот е Христос, и сите ние што влегуваме во него се спасуваме. Надвор од Црквата нема спасение, и секој кој што ќе биде крстен, а подоцна и се исповеда и се причестува, односно редовно учестува во светотаинскиот живот на Црквата ќе биде спасен. Токму затоа треба да одиме во црква, бидејќи Црквата како Тело Христово според Св. Игнатиј Богоносец – постои и живее, а со тоа и ние во Христа, а со единствена цел и ништо помалку или повеќе – спасението во Него, во слава Божја, сега и овде.

Многумина велат дека Господ е насекаде и можат да се молат секаде, па и дома. И тоа е точно и многу потребно. Господ е насекаде, но самиот Христос, неговите ученици и последователи ги упатува да одат и во храмот и таму на светата Литургија, да се молат заедно и да ги сведочат Христовата смрт и воскресение, во Светиот Дух. Односно, светата Литургија ни овозможува уште еднаш да учествуваме во севкупниот Домострој на нашето спасение во Христос, во севкупниот Негов живот.

На светата Литургија се причестуваме со Светите Христови Тајни. Нашата насушна потреба е примањето на Телото и Крвта Христови преку кои сме живи. Ако не се причестуваме, иако биолошки живееме, ние сме духовно мртви – живеме како бесловесни суштества водени од своите нагони и страсти. За да се причестиме треба да присуствуваме и учествуваме на Литургија, во Црквата.

Кај некои луѓе постои погрешно мислење дека не треба да се оди во црква, туку дека е доволно дома да се запали свеќа, да се запали кандило, да се помолиме и да се одбележи денот. Но како тогаш, ако не одиме во црква ќе сме духовно живи? Оти таму Господ, преку причестувањето со Телото и Крвта Негови, ни се дава Самиот Себеси за живот и спасение. Најважно наше дело е исполнувањето на Христовата заповед за причестувањето т.е. соединувањето со живиот Бог, на заедничкото Собрание.

Самољубието, егоцентризмот, самодоволноста, индивидуализмот не се христијанска особина.

Наша задача е да се чистиме од самољубието, гордоста и самодоволноста, ама заедничарејќи и помагајќи си еден со друг. Дали тоа можеме да го направиме сами, дома, живеејќи во еден свој нереален свет, кој што ние си го креираме за себе? И дали гледате како несвесно се обожаваме самите себе? И наместо да се трудиме да растеме во Господа, ја храниме својата суета и гордост преку ситните човечки потреби кои станаа наше основно задоволство. А кога ќе излеземе надвор, во реалниот свет, се губиме. И сите ни пречат. Не за друго, туку само затоа што незабележливо сме станале егоцентрични и самодоволни. Затоа ни треба и сила и лек.

Господ ни заповеда: шест дена работи, а седмиот посвети му го на Бога. Секоја недела треба да се собереме во Црква и да се причестиме со Телото и Крвта Христови. Дали раната на болниот се исцелува ако само еднаш и нанесеме мелем? Или од време на време? Или пак болниот се исцелува преку упорност во трудот да оздрави и редовно примање на лекот? И што е со нас ако е така? Зар болниот не го користи лекот додека не оздрави, односно ние – нашата болна, падната состојба, нема да се трудиме да ја исцелиме преку редовен духовен подвиг и причестување во Црквата?

Треба да се прави разлика меѓу национални, патриотски, културни, хуманитарни, фолклорни, спортски и слични собири, од собирот во Црква. Луѓе кои никогаш не се исповедале, не се причестиле, не го прочитале Евангелието, кои не чуле за догмите и каноните, молитви, па не дај Боже и неверниците, неможат да ја водат Црквата. Црквата не треба да се сфати како организација каде ќе се искаже својатата патриотска или друга настроеност. Патриотизмот може да се искаже на било каков друг собир и во кое било друго друштво. Нема потреба тоа да го правиме и во Црквата. Зашто Божјиот народ се собира во Црква за да Му служи на Бога и да Му принесува дарови и духовни жртви за сите луѓе и за нивното спасение без оглед на нивната националност.

Една од првичните идеи за создавањето на Црквата во дијаспората била за зачувување на нашиот национален идентитет, и вистина е дека и така може да се одржи тој идентитет. Но пред се, улогата на Црквата во дијаспората, а исто како и на сите други Цркви е една – да го сведочиме идентитетот во Христа. Црквата не е оганизација од овој свет. Црквата е живото тело Христово овде, на земјата, Црквата сме сите ние – православни христијани.

Господ ни заповеда сите да сме последни и слуги на сите, нашето место секогаш да е последеното место, а не како фарисеите, кои избирајќи ги првите места во светот и световните организации очекуваат пофалби и поздрави на јавните места и по улиците. Друго пак е прашањето, колку сме навистина спремни да ги носиме одговорностите и консеквенците од позициите за кои се бориме во Црквата. Св.ап. Јаков, братот Господов, вели да не бараме големи чинови, затоа што со тоа добиваме и поголема одговорност, а со тоа и поголема осуда (доколку должноста не ја спроведуваме во целост). Дали ние барем во дел се држиме до кажаното од Господа? Или пак целта, која повторно ќе ја поврзам со нашето его и сужбата на него (егото) – место на Бога, ни е во реланоста друга? Па и кога одиме во Црква.

Црквата е наш воспитувач, Христос е пастирот кој треба да не води низ животот. Затоа што целта на нашиот живот е боговподобување – да станеме слични со Христос, синови Божји по благодат, и ништо помалку и повеќе од тоа. И само тоа треба да го бараме. Цркавата е таа која ни помага полесно да го трасираме патот до целта – Господ. Затоа и реков дека таа е наш воспитувач или во случајот со нас возрасните – превоспитувач. И потешко ни е нам, кои црковното воспитување и образование како деца сме го изгубиле, односно промашиле. Сега, по автоматизам се наметнува и следното прашање: Кај се и што прават нашите деца, денес кога веќе на секој еден од нас ни е совршено јасно кој владее со овој свет. Затоа, да не отстапуваме од Црквата и нејзиното учење.

Децата секоја недела треба да ги носиме на Литургија и да се причестуваат, секако по благословот од духовникот, свештеникот. И запаметете, Светата Причест не е винце и лепче, туку Пречистото Тело и Крв Христови. Децата тоа го чувствуваат, па дури и во мера поголема од онаа која ние можеме да ја сфатиме. За нив тој чин е возвишен. Тие ќе сакаат да се причестуваат и ќе се воспитуваат, затоа што Црквата е таа која не учи колку е благ Господ и колку е лесен јаремот наш со Него.

Црквата треба да ја разбереме како заедница од видот на едно духовно семејство, зошто само преку неа ги запознаваме нашите ближни. А се додека ја поимаме како некоја засебна институција, која има власт и некакви закони кои наметнуваат правила на однесување, а не како место каде ќе заедничариме со Бога (а Бог е љубов), на Господ ќе гледаме како на суров и страшен властодржец. Секогаш кога имаме можност да не ја пропуштаме и да се поучуваме, па и дома, на словото Божјо, а преку редовно читање на Светото Писмо и делата од Светите Отци на Црквата.

И да не судиме повеќе. Пред извесно време дојде девојче в црква на Литургија. Беше облечено непристојно, и наместо на тоа да и се укаже со благ збор, веднаш беше остро искритикувана. Повеќе не ја видовме во црква. Што со тоа постигнавме? Загубивме душа, а го одржавме редот. Во името на мртвото слово (збор, ред), погубивме жива душа.

Да не ги судиме другите, зошто осудата носи кон поделба, која пак ствара омраза во нашите срца. И тогаш целта е згрешена, напразно одиме во Црква, ако со осудувањето остануваме надвор од благодата и надвор од Бога. Ако видиме некој дека греши, да му помогнеме. Да се потрудиме грешните да ги направиме подобри, а не да ги исфрлиме. Така ништо не сме постигнале, освен што, во и онака возгордеаните наши срца, сме внеле јад и мака.

Господ, преку светата тајна свештенство ни го даде и духовното водство за да не се раководиме сами во духовниот живот и да грешиме. И токму затоа да не чекаме, што поблизу да стасаме до духовниот отец, зошто таму треба да сме, до него. Тој не чува од сето зло на овој свет, а преку благодата која му е дадена преку Светиот Дух не води и пази. Понекогаш доволно е само да не види и знае што ни се случува. Исто и ние, доволно е да го видиме и веќе ни е полесно.

Денес, кога ни е наметнато темпото на времето кое не гази, не секогаш можеме да стасаме и да бидеме на Литургија онаму каде таа ја служи нашиот духовник. И за тоа има начин, со негов благослов можеме да одиме на служба и до поблиската црква. Но има и такви што немат духовници, се исповедаат кај различни свештеници, што секако не е појава за пофалба. Менувајќи ги духовните оци нема да донесеме духовен плод. Не е погрешно ако одиме на Литургија и во други цркви, важно е само да се има благослов од духовниот отец и да е Црквата Православна.

12-ти јуни, лето Господово 2015

Извор:прохор Блог



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная