логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Patot.na.podviznikot35

ПАТ НА ПОДВИЖНИКОТ

ГЛАВА ШЕСНАЕСЕТТА


За молитвата – втор дел

        Од претходното поглавје гледаме дека под молитва светите Отци не подразбирале повремена молитва, утринско и вечерно правило, ниту благодарење пред и по јадење; за нив молитвата значела непрестајна молитва – живот исполнет со молитва. „Молете се без престан“ (1 Сол. 5:17) е заповед што треба дословно да ја сфатиме.

Кога така ќе се разбере, молитвата е наука над науките и уметност над уметностите. Уметникот работи со глина, бои, зборови или музички тонови и според својата умешност му дава на материјалот форма, полнота и убавина. Но за оној што се моли, материјалот е самата жива човечка природа. Молитвата ја обликува таа природа, ѝ дава полнота и убавина – најнапред во самиот себе, а потоа и во другите.

Научникот го изучува создадениот свет и природните појави, а молитвеникот чекори кон Самиот Создател на сè постоечко. Неговата љубов не ја разгорува топлината на созданието, туку изворот на таа топлина; не животните функции, туку Изворот на животот; не сопственото „јас“, туку Оној што го создава тоа „јас“.

Уметникот и научникот вложуваат многу труд пред да достигнат зрелост во своето дело и никогаш не стигнуваат до совршенството кон кое копнеат. Кога би чекале да ги обземе вдахновение секојпат кога ќе седнат да работат, никогаш не би ги научиле ни основите на својот занает. Виолинистот, на пример, мора трпеливо да вежба за да ги проникне тајните на својот чувствителен инструмент. А колку ли е понежно човечкото срце од кој било инструмент!

„Приближете се кон Бога и Тој ќе се приближи кон вас“ (Јак. 4:8). На нас е да го направиме првиот чекор. Ако ние направиме еден чекор кон Господа, Тој ќе направи десет кон нас – Оној Кој го здогледал Блудниот Син додека уште бил далеку, се сожали, потрча кон него, го прегрна и го целива (Лк. 15:20).

Ако воопшто сакаш да Му се доближиш на Бога, мораш барем еднаш самиот да го направиш тој прв, несигурен чекор. Не уништувај се со очајание поради сопствената неспретност; не попуштај пред чувството на срам или несигурност; не бегај од потсмевот на непријателот кој ќе се обиде да те убеди дека твојата желба за молитва е смешна или плод на фантазија. Знај дека најмногу се плаши токму од твојата молитва.

Кај малото дете желбата за читање расте како што го совладува читањето; што повеќе зборуваме странски јазик, толку повеќе го љубиме. Уживањето во некоја работа расте со стручноста, а стручноста доаѓа со вежбање – а вежбањето станува наслада кога човек ќе созрее во делото.

Не мисли дека со молитвата е поинаку. Не чекај посебно Божествено вдахновение. Човекот е создаден да се моли исто како што е создаден да говори и да мисли, но за молитва е особено создаден: „Господ Бог го постави човекот во Едемската градина, да ја обработува и да ја чува“ (1 Мојс. 2:15). А каде ќе го најдеш Едем, ако не во своето сопствено срце?

Како Адам, и ти треба да плачеш по изгубениот Едем од кој си истеран поради својата неумереност. Облечен си во смоквино лисје и во кожни облеки (1 Мојс. 3:21), односно во распадливо тело што се мачи. Меѓу тебе и тесниот пат кон Дрвото на Животот стојат мрачните пламени на желбата за земно богатство; и само оној што ќе ги победи тие желби ќе јаде од Дрвото на Животот што е во рајот (Откр. 2:7).

Колку е тешка таа победа! „Адам прекрши само една заповед, а ти секој ден и секој час ги кршиш сите заповеди“, вели св. Андреј Критски. Како кај закоравен злосторник, така и од тебе молитвата мора непрестајно да се издига за да може да ги достигне висините.

Закоравениот злосторник често и не ја чувствува вината – се стопил со неа. Така е и со нас. Не дозволувај да се исплашиш од тврдината на сопственото срце – молитвата е таа што постепено ќе го омекне.
Тит Колиандер
Подготвил С.Стефковски



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 2130
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2416
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 4668
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

18/11/2025 - вторник

Св.мч-ци Галактион и Епистима

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 13 ноември/ 31 октомври  2025

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 13 ноември/ 31 октомври 2025

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 12 ноември/30 октомври   2025

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 12 ноември/30 октомври 2025

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 11 ноември/29 октомври  2025

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 11 ноември/29 октомври 2025

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная