Архимандрит Рафаил Карелин: ДАЛИ ЈОГАТА Е СПОИВА СО ХРИСТИЈАНСТВОТО?
„Значи, енергијата на вашиот организам има одредена структура. Тоа е, може да се каже, структура обележена со вашата индивидуалност. Ќе наведам пример. Постојат различни крвни групи. Ако на човекот му се даде крв која не е од неговата група резултатот може да биде најжалосен: туѓата крв за него ќе се претвори во отров кој ќе го убие. Од каде можете да знаете како вашата енергија, која поседува одредена структура, ќе делува во другиот организам?


Доаѓа староста и смртта, човекот посакува да ожнее нешто од својата нива, но никаков плод не наоѓа. Само понекогаш во неговиот грешен живот имал намера да направи некое добро дело. И човекот жали што го проживеа својот век не здобивајќи добри дела за идниот живот.
Љубовта бара дискреција, а дискрецијата, пак, е уметност. Ако не сте запознаени со уметноста на љубовта, тогаш не знаете како да љубите. Љубовта не гледа на недостатоците на својот ближен. Таа ги простува грешките, ги толерира лошите навики…Избегнува да критикува. Несреќна е за сарказмот. Ги растура сомневањата. Не прифаќа клевета.
„Кога ќе слушнете за постот не плашете се од него како од страшен војвода: тој не е страшен за нас, туку за лошите духови. Ако те обзел лошиот дух, покажи му го лицето на постот, а тој окован со страв и врзан како со железни синџири ќе стане понеподвижен и од каменот, особено кога ќе ја види со него и неговата другарка молитвата.“ Затоа и Христос вели: „Овој род се истерува само со пост и со молитва“ (Матеј 17, 21).
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и покровителка на родот христијански. Од историјата на Црквата и искуството на многу светители знаеме дека, таа со своите мајчински молби пред својот Син, испросила милост за своите безбројни грешници, многу заблудени ги извела на вистински пат, на илјадници болни им го повратила здравјето,
Голема е Тајната на Црквата, зашто самата таа е една сеопфатна, света сетајна на Богочовекот. Тајна, којашто може да се сфати само однатре, со живот низ нејзините Свети Тајни и добродетели на Светиот Дух, и тоа во рамките на она што при тој благодатен живот и подвиг ни се открива. Затоа, потребно е да се знаат догмите и каноните на Црквата, добро е да се
Нашиот Спасител, Господ Исус Христос, има кажано за Светата Тајна Причест: „Вистина, вистина ви велам: Ако не го јадете Телото на Синот Човечки и не ја пиете Крвта Негова, немате живот во себе. Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. Зашто Моето Тело е вистинска храна, а Мојата Крв е вистинско питие. Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, ќе живее во Мене и Јас во него. Како што Ме прати Живиот Отец и Јас живеам заради Отецот така и тој што Ме јаде Мене, ќе живее заради Мене“. (Јов. 6, 53-57)
Човекољубивите дела не се самоцел на нашето служење. Во Делата на апостолите, кога народот гладуваше, а апостолите се грижеа да ги нахранат, видоа дека тоа ги назадува во пренесувањето на Словото. Така, апостолите им го доверија ова значајно служење на седумте ѓакони, така што да продолжат самите тие неуморно да проповедаат.

Во молитвата не е најважно нејзиното времетраење, туку нејзиниот интензитет. Молете се барем пет минути, но за тоа време предајте му се на Бога со љубов и копнеж по Него. Можно е некој да се моли цела ноќ, а некој друг само пет минути, па петминутната молитва сепак да биде над онаа сеноќната. Ова, се разбира, е тајна, но тоа си е така.
Нo тoа разбирањe нe e личнo ниту пoсeбнo, нe e самo личнo и oригиналнo, туку тoа сe пoклoпува сo разбирањeтo на ситe свeтии. Бидeјќи, кoи сe свeти, акo нe бoгатитe вo вeрата и вo љубoвта? На нив дарoви на разбирањe сe тајнитe Бoжји заради нивната вeра и љубoвта. Прoвeри гo твoeтo разбирањe сo нивнoтo разбирањe, па акo видиш разлика, знај дeка ти нe си вo правo.
Првото доаѓање на исповед повеќе има карактер на присоединување на човекот кон Црквата. Тогаш најчесто се исповедаат и простуваат најтешките гревови што нивните сторители ги одделуваат од Црквата. Гревот е егзистенцијално промашување, раскинување на нашата заедница со Бога, а не просто некој законски престап. Понатамошното одење на исповед има повеќе карактер на духовно раководство, што на сите ни е неопходно потребно.
Дошло до значајна промена во начинот на кој се подразбира прогресот. Во нашето западно општество, како и во сите таканаречени „традиционални" општества, прогресот обично се третирал духовно, односно се сфаќал како внатрешен прогрес. Од ренесансата наваму, прогресот стана надворешен прогрес, што подразбира насобирање само на материјални добра. Дојде до трансмутација, обезвреднување
Пред да почнеш да се молиш затвори ги очите и замисли си: дошол Исус повторно, Судот завршил, Господ ги избрал луѓето и си заминува со нив, а ти си останал и ги гледаш како се оддалечуваат.























