логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Македонски Културно информативен центар во Истанбул

ЖАНЕТА ВАНГЕЛИ„Архивски документи“

Истанбул, 8 мај, 2026, 19 hИзложбата „Архивски документи“ на професорката и ликовна уметница Жанета Вангели е продолжение на програмските проекти за 2026 година на Националната галерија по нејзиното презентирање во македонскиот КИЦ во Загреб и Белград минатиот месец. Овој проект ќе биде реализиран во македонскиот Културно информативен центар во Истанбул со поддршка на Министерството за култура и туризам. Изложбата ќе се отвори на 8 мај 2026, во 19 часот. Пред публиката ќе се обратат директорот на Културно информативниот центар во Истанбул, Диме Ратајковски, кураторката на изложбата, Маја Крстевска и директорот на Национална галерија, Али Синани.Националната галерија продолжува со промоција на македонската култура и современата уметност во Република Турција. По минатогодишното претставување на група современи македонски уметници во Културно информативниот центар во Истанбул, добрата соработка со македонските Културно информативни центри продолжува и оваа година.Изложбата „Архивски документи“ е прво самостојно претставување на Вангели пред турската публика и содржи 41 дело во техника принт на плексиглас и аудио материјали.Архивски документиПредизвик е да се пишува за ваква голема и значајна уметница, провокација е изборот од нејзиниот творечки, уметнички фундус да се преточи во соодветна приказна. Жанета Вангели, професорка и големо име на светската ликовна сцена, нѐ воведува во дел од архивските документи преку визуелната уметност, преточена во дигитална слика, фотографија, текст и звучна уметност.Оваа нејзина изложба е, всушност, една сублимација на главните интересни зони кои се во нејзиниот фокус, кон една метафизичка манифестација во време-просторот што таа го сведочи. Низ четиридецениското творештво, преку архивските документи, Вангели несомнено евидентира различни претстави на духовна слобода и привлекува внимание кон доживувањето на времето, поканувајќи ја публиката да го почувствува сегашниот миг преку проекција на доживеаното. Оваа непоколебливост низ ликовниот говор, ја претпоставува позитивната мера на препознавањето на посветеноста. Соодветното разбирање на моментот, на изложбата се толкува како виртуелно читање на прикажаната сцена, предмет, лик... уредена и приспособена со значително мотивирана желба, изразено вистинско присуство во композицискиот систем.На еден друг начин е спротивставена тенденцијата на илустративен модел, накратко сликите ја поврзуваат реалноста со перцепцијата. Јас ќе посочам дека сликите се присоединуваат на различни начини – тие се отворено перфекционистички, но и преокупирани од спонтаноста. Во исто време, мора да се нагласи односот на мистиката со аргументите кои се воздржани, но сепак длабоки и нетаинствени. Просторот во којшто ние живееме со сите средства е поврзан со визијата на свесноста, а создадено е чувство на традиционална рамнотежа.Хармонично организираниот простор резултира со визуелна композициска сразмерност, особено во симболичните и асоцијативно моделирани површини. Вангели е уметница која без разлика дали станува збор за објект, плотер уметност, аудиоуметност или фотографија, е мотивирана од желбата да го максимизира или минимизира прикажаното, во корелација со основниот објект, приспособен на површината.Нејзината независност дава богат придонес кон историјата на слободата и со целосна задлабоченост ја развива уметноста кон конкретна фактичност. Ќе го наведам делото „Алтруистичка перница“, претставено на оваа изложба, кое на плотер принт ја развива историјата на одредена уметничка логика со модифицирана мајсторска сторија.Маја Крстевска, Виш кустосИзложбата ќе биде поставена до 15 мај 2026./cp/ps/Mail/Downloader?uid=41224&d=t.mk&u=kalina.premin&contentSeed=d1047&pct=23d18&c=yes&an=DefaultMailAccount&disposition=inline&fp=INBOX&dhid=attachmentDownloader&ai=0&attachmentID=ii_mmvx3s2w1
Gloria, 2025БИОГРАФИЈАЖанета Вангели е родена во Битола, Македонија, во 1963 година. Дипломирала на Државниот факултет за ликовни уметности – Штеделшуле во Франкфурт/Мајна во 1988 година. До 2008 година работи како независна уметница. Од 2008 година работи како професор на катедрата за сликарство и трансмедиумски практики на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Вангели е мултимедијална уметница која реализирала самостојни изложби во Скопје, Битола, Белград, Франкфурт/Мајна, Келн, Њујорк, Стокхолм, Аделаид и Хангжу.Таа учествувала на многубројни групни изложби и филмски фестивали, меѓу кои 4th International Digital Art Triennial, SYMBIOSIS, Qiantang Bay Art Museum, Хангжу, 2025; The 10th Silkroad International Art Festival, Shaanxi Provincial Museum of Fine Arts, Ксиан, 2024; Precision Hits, Town Hall of Neapolis, Солун, 2024; AAMA, 19th Asian, African and Mediterranean International Art Exhibition, Qingdao Art Museum, Кингдао, 2022; AAMA, 18th Asian, African and Mediterranean International Art Exhibition, Qingdao Art Museum, Кингдао, 2021; Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 1970-тите и 1980-тите години, Музеј на современата уметност, Скопје, 2021; Bienal di Curitiba, Museo Oscar Niemayer, Куритиба, 2017; Recorded Memories, Museum für Photographie, Брауншвајг, 2013; The Inner Ear, Museum of Modern and Contemporary Art, Риека, 2012; Gender Check, Museum für Moderne Kunst Stiftung Ludwig Wien, Виена, 2009; 1st Berlin Photography Festival, After the Fact, Martin Gropius Bau, Берлин, 2005; 50th International Art Exhibition, La Biennale di Venezia, Macedonian Pavillion, Венеција, 2003; Blood & Honey, Kunst der Gegenwart, Sammlung Essl, Виена, 2003; In den Schluchten des Balkan, Museum Fridericianum, Касел, 2003; 59.Mostra Internazionale d'Arte Cinematografica, Венеција, 2002; After the Wall, Moderna Museet, Стокхолм, 1999; Aspekte, Positionen, 50 Jahre Kunst aus Mitteleuropa 1949-1999, Museum Moderner Kunst Stiftung Ludwig Wien, Виена, 1999, итн.Нејзините дела се дел од приватни и јавни колекции, како во Музејотот на современата уметност, Скопје, Националната галерија на Македонија, Скопје, Музејот на модерна и современа уметност, Риека, Центар Андре Малро, Сараево, Sammlung Jan Andreas Müller, Франкфурт/Мајна, Stadt Frankfurt am Main, Amt für Wissenschaft und Kunst, Франкфурт/Мајна, Shashoua Collection, Лондон, Museo Toni Benetton, Тревизо.



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная