Љубовта бара дискреција, а дискрецијата, пак, е уметност. Ако не сте запознаени со уметноста на љубовта, тогаш не знаете како да љубите. Љубовта не гледа на недостатоците на својот ближен. Таа ги простува грешките, ги толерира лошите навики…
Избегнува да критикува. Несреќна е за сарказмот. Ги растура сомневањата. Не прифаќа клевета. Таа не пресудува или јавно разобличува.
Ги покрива сите недостатоци на љубезен и храбар начин… Љубовта, преку нејзината едноставност и искреност, не е свесна за злото. Кристално е јасна како вода од чистото езеро. Ниту еден жесток бран на зло или измама не може да ја нарушат.
Оној што љуби е најголемиот победник во духовната битка. Тој победува користејќи насмевка и љубезност.
Старец Ефрем Аризонски