Кој љуби нешто друго повеќе за во овој миг да биде таму, а не во недела на Литургија, на литургиското собрание овде, каде ве пречекува Христос, со Неговото Пресвето Тело и Неговата животворна Крв, тој нека нe зборува дека Го љуби Бог. Љубовта секогаш изискува конкретно сведоштво. Овој свет пее и зборува за љубовта, сите зборуваат за љубовта, но само еден Човек покажа вистинска љубов во овој свет, оти умре за оние што велеше дека ги љуби, и таа љубов не може никој да ја оспори. Сѐ друго е магла и измама. Затоа, многу е важно да се посведочи нашата љубов кон Бог во овој живот, овде.
Викарен Епископ Јаков Стобиски
Избор од фб профил на
Константин Вучковски