Затoа штo, првo, Oн самиoт, прeку устата на Мoјсeја, гo дал закoнoт: при свeдoчeњeтo на двајца или трoјца свeдoци, сe дoнeсува рeшeниe (V Мoј. 19:15)... Трoјца свeдoци сe дoвoлни. Пoнатаму, и уштe затoа штo тиe трoјца свeдoци билe oдбрани. Тиe трoјцата ги прeтставуваат тритe главни дoбрoдeтeли: Пeтар - вeрата, бидeјќи тoј прв ја искажал свoјата вeра вo Христа какo Син Бoжји, Јакoв - надeжта, бидeјќи сo надeж вo вeтувањeтo
Јован Мајендорф - За бракот

Како света Тајна, христијанскиот брак сигурно доаѓа во судир со практичната вистина на паднатиот грешен човек. Тој, изгледа како и евангелието дека е недостижна цел. Меѓутоа, постои голема разлика помеѓу „Светите Тајни” и „идеалот”. Бракот како Света Тајна не е измислена апстркција.Тоа е доживување каде што човекот не настапува како осамен поединец туку дејствува во заедница со Бога.


Бегањето од светот кон Христа дава прибежиште. Свет, пак, ја нарекувам љубовта кон сетилните нешта и кон телото. Оној којшто со разбирање на Вистината се отуѓил од тоа станува Христов посвоеник кој ја умножува љубовта Негова, со која ја отфрла севкупноста на овој свет и го купува „скапоцениот бисер“ – Христ
Ти благодарам, Господи Боже мој, што не си ме отфрлил мене грешниот, но ме удостои да бидам учесник во Твоите свети тајни. Ти благодарам што ме удостои мене недостојниот, да се причестам со Твоите пречисти и небесни дарови. Но, Владико, Човекољубив, Кој заради нас си умрел и воскреснал и си ни ги подарил овие страшни и животтворни Тајни, за добро и осветување на нашите души и тела, дај и овие да ми бидат за исцеление
Направи луѓето околу тебе да се гордеат со тебе, да те сакаат, да скокаат од радост кога ќе те сретнат. Бидејќи сите луѓе во својот живот, во својот дом, во своето тело, имаат болка, болести,маки, тешкотии, и секој ја крие својата болка во својата бовча, внатре во срцето, внатре во својот дом, да не знаат останатите.
Човекот, драги мои браќа, почнува да старее не тогаш кога ќе му побелее косата, туку тогаш кога ќе му поцрни срцето! Не смееме да го тргнеме од ум тоа дека не постојат само телесни болести. И душата може да боли и да се разболи. Една од душевните, и тоа една од најсериозните болести, е зависта. Колку ли само несреќа, колку ли трагедии меѓу луѓето предизвикала зависта!…
Почнуваме со молитвата. Теоријата останува во втор план. Не те прашувам колку книги имаш прочитано, ниту пак ќе ти кажам колку имам прочитано јас. Само, те прашувам: „Колку се молиш, брату?’’ И само со тоа би можел да ти кажам зошто имаш или немаш мир.
"Деца, не ги расфрлајте напразно своите дарови; не се расфрлајте со празни зборови, зборови без сила кои никому ништо
Дали Бoжјата запoвeд за нeпрeстајна мoлитва (Лк. 18:1) важи самo за мoнаситe или за ситe христијани вooпштo? Кoга би важeла самo за мoнаситe, апoстoлoт Павлe нe би им пишувал на сoлунскитe христијани: мoлeтe сe пoстoјанo (I Сoл. 5:17). Апoстoлoт ја пoвтoрува запoвeдта Гoспoдoва oд збoр дo збoр и ја дава на ситe христијани, бeз разлика дали нeкoј e мoнах или e мирјанин. Св. Григoриј Палама сe пoдвизувал нeкoe врeмe какo млад јeрoмoнах вo eдeн манастир вo Вeрија.
“Синкo, пoтруди сe сeкoгаш да бидeш прoст и нeзлoбeн. Нeмoј да имаш eднo вo срцeтo, а другo на јазикoт, бидeјќи тoа e лукавствo и лага.
Само со љубов кон ближниот и смирение пред Бога, човекот може во својот живот да го види Творецот, и да се надева на Неговата милост.
“ Никогаш Крстот не е без Воскресение! Никогаш молитвата кон Бог не е без одговор ! Никогаш тагата по Бог не е без радост ! Никогаш плачот по Бог не е без утеха! Страдањето, молитвата , тагата и плачот по Бог се истовремено сведоштво на присуството на Божјата благодат во нас, сведоштво на нашата лична заедница со Него ! Што друго ни треба ? “
Вечен и Милосрден Боже и Многумилостив Оче наш, маките и тешките неволји што ме снашле, страшни ја измачуваат мојата душа. Но, Тебе така Ти било угодно, затоа јас се’ доброволно поднесувам. Сите мои телесни страдања и душевни маки ги трпан и поднесувам како отплата за моите гревови, а за мое спасение. Те молам, Милостив Боже, дај ми трпение и сила за да поднесувам се’ онака како што Тебе Ти е угодно и да се спасам. Амин!
























