Свети Игнатиј (Брјанчанинов): За пазењето на себеси
Кога ќе се разбудиш – слично на оној кој очекува сите луѓе да се разбудат од мртвите – насочи ги мислите кон Бога, принеси Му ги како жртва на Бога првите и најдобри помисли во умот, додека сѐ уште не примил никакви суетни впечатоци. Во тишина, многу внимателно, изврши сѐ што му е потребно на телото кога ќе стане од сон, прочитај го вообичаеното молитвено правило,


Светата Гора Атонска, таа небесна монашка држава, што Пречистата наша Мајка ја прими во своја грижа, е благословена со нејзини бројни чудотворни образи, кои ја сведочат особената богородична милост врз ова место. Но, според нејзиното благоволение, најголем благослов се излеа од познатата нејзина икона „Достојно Ест“, која сега го краси протатонскиот храм во Кареја...
Денес бешe многу радосен ден за семејството на Ведрана. Сестрата на нејзината мајка денес, по дванаесет години брак, родила девојче. Тоа беше и причината поради која госпоѓата Добра утрината така брзо замина од домот. Господинот Трпелив се врати порано, па заедно со децата испече убав колач за да го прослават ова убаво случување. Сите беа весели и никој не ја спомнуваше утринската лутина на Пркос.
Основна цел на постот е очистување на душата и телото на оној што пости. Василиј Велики го нарекува постот „лекарство, кое го искоренува гревот“. Најпрво, постот ги очистува телесните чувства и го умртвува сластољубието. Додека стомакоугодувањето и слугувањето на својот желудник го хранат плотското беснеење и животинските инстинкти, постот, напротив, ги совладува плотските желби и ги успокојува телесните движења, како што учи свети Григориј Палама.
Сепак знаејќи дека таму ќе добие утеха, но немајќи со што да му заблагодари на Светителот, немаше никаков дар да му понесе, ниту пари да остави покрај иконата таа ги соблече опинците во подножјето на ридот и боса тргна накај манастирот.
Учителот кажа:
Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто напуштил, а не знае како да си дојде на себеси, како да ги поврати почетната сила и благодат што ги поседувала душата. Не знае како да си ја поврати полнотата што ја изгубил.
Покајанието е завет со Бога дека ќе водиме еден нов живот. Покајанието е извор на смиреноста. Покајанието е неотповикливо одрекување од секоја желба за телесните добра. Покајанието е самоосудувачка мисла и грижа за себеси без грижа за надворешните работи. Покајанието е ќерка на надежта и порекнување на безнадежноста. Покајникот е осуденик кој не е лишен од чест. Покајанието е помирение со Бога по пат на вршење на добри дела, спротивни на претходните гревови.
Односно, ти проштевам, но од сега па натаму ќе треба да го правиш ова, и она, и она – и веднаш започнуваме со советите, забраните, епитимиите, строгостите, така што на крај другиот зачудено прашува: „А што беше таа благост, добрина и насмевка кои ми ги покажуваше на почетокот? Тие убави фрази – ела кај нас за да почувствуваш нешто убаво? Каде е тоа убавото?“ Ние сме во Црквата и многу пати сме налик на оној поголемиот син од параболата, кој што бил добриот син, но немал никаква врска со татко си,
Не знам како се случува тоа, но повеќето од нас влегуваме срамежливо во Црквата и после само 2 месеци ни се чини дека сме го проголтале целото црковно знаење и почнуваме да мислиме дека сега ќе го спасиме светот! Сега ќе ги променам луѓето! Сега ќе го осудам злото, лошите луѓе ќе ги направам добри! Кој? Ти, кој што пред малку си влегол во Црквата, или ти, кој што навистина си влегол пред многу години, но сѐ уште не си ја вкусил лично татковската љубов?
Вие сте во Христовата Црква секогаш кога подигате човек скршен од болка, кога давате милостина на сиромашните, кога посетувате болен. Вие сте во Христовата Црква кога се молите: „Господи, помилуј ме!“ Вие сте во Христовата Црква кога сте добри и трпеливи, кога не се гневите на својот брат, иако тој ги повредил вашите чувства.
Вeликитe eрарси, стoлбoвитe на правoславната Црква, умeeлe да ги сoeдинат вo свoјoт карактeр крoткoста и рeшитeлнoста, крoткoста кoн правeднитe и пoкајницитe, а рeшитeлнoста кoн нeпoкајанитe крвници. Eдна нeдeла, пo свeтата служба, царoт Иван Грoзни сe приближил кoн митрoпoлитoт Филип за да дoбиe благoслoв. Митрoпoлитoт сe прeправал дeка нe гo глeда царoт и глeдал вo икoната на Спаситeлoт.
























