логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Ветрот на Јас – градот
Мерсине Вигипулу


    Денес бешe многу радосен ден за семејството на Ведрана. Сестрата на нејзината мајка денес, по дванаесет години брак, родила девојче. Тоа беше и причината поради која госпоѓата Добра утрината така брзо замина од домот. Господинот Трпелив се врати порано, па заедно со децата испече убав колач за да го прослават ова убаво случување. Сите беа весели и никој не ја спомнуваше утринската лутина на Пркос. Така што ниту тој мораше да се оправдува. Кога Ведрана му предложи да прошетаат, прифати со радост. Тргнаа заедно. Беше попладне. Пркос тоа го сметаше за навистина добра прилика да ја праша својата другарка нешто што го интересираше подолго време.

    - Кога дојдов во Ти – градот, дознав дека едно дете го нарекуваат ветер оти брзо трча. Дали е тоа вистина?

    Ведрана се изненади и се состега да му одговори.
    
    - Е...да, вистина е.
    - Кој е тоа?
    - Ма не е важно! Сите деца трчаат брзо.
    - Јас сакам да го запознаам и да се натпреварувам со него! Дали се сложуваш да организираме трка?
    - А ако те победи?
    - Нема шанси да ме победи!
    - Немој да бидеш толку сигурен! Да претпоставиме прв да стигне на целта и да те победи. Дали ќе се израдуваш?

    Пркос застана.
    
    - Па не би се радувал баш толку! Веројатно воопшто не би ми се допаднало да  ме победи пред сите останати деца.
    - А ако ти победиш, што добиваш со тоа?
    - Освен тоа што сите ќе ме фалат, ќе добијам и титула «Ветер на Ти – градот».
    - И што со тоа? Мајка ми говори дека треба да избегнуваме, да не фалат и слават, оти тоа го чини човекот горделив.
    - А зар во вашите игри и натпревари никој не победува?
    - Секако дека победува! Нам смислата на играта ни е да се радуваме. Не ни е важно кој ќе победи. Така оној кој ќе изгуби нема да се нервира, а оној кој победува нема да се прави важен.
    - Но, јас многу сакам да се натпреварувам во трчање!
    - И мене ми се допаѓа трчањето. Зошто тогаш сè уште седиме? Сакаш да трчаме?
    - Сакам!
    - Ајде тогаш да уживаме во она што го сакаме!

    Почнуваат да трчаат. Во почетокот трчаат еден покрај друг со лесен и воедначен ритам. Трчаат низ Ти – градот и одат накај нивите. Откако стигнаа до реката, Ведрана предлага да застанат малку. Пијат вода и се одмораат.

    - Прв пат трчам зошто ми се допаѓа, а не за да победам.
    - Зар не е прекрасно? Кога трчаш со леснотија, се радуваш на природата. Дури и ветрот не те шиба, туку те милува по лицето.
    - Сакаш да трчаме покрај реката?
    - Сакам! Да успориме уште малку, бидејќи има многу камења!
    
    Трчаат полека и во воедначена брзина. Покрај нив жубори река. Пркос се насмевнува на Ведрана. Ја посматра додека трчаат, така вита го потсетува на пердув носен од ветрот. Почнува да забрзува, а таа за да биде покрај него, го прави истото. Пркос уште повеќе забрзува. Девојчето и понатаму е токму покрај него. Колку и да брза Пркос, таа не заостанува. Е, таман работа да не можам да го престигнам ова гранченце! - размислува момчето. Се напнува со сета сила за да ја престигне. Нешто подолу, зад некои стени, треба да завртат. Еве ја неговата голема прилика! Сакајќи да ја престигне, влегува во кривина под така остар агол, така што се најде пред неа. Ведрана за да не налета на него, скокнува на страна и паѓа право на карпите.

    - Ведрана, Ведрана!

    Колку и да ја повикува, тааа не го слуша. Без свест лежи на камењата, а црвено поточе од крв тече низ нејзиното чело. Пркос се наведнува над неа и безуспешно се обидува да ја врати во свест. Крвта и понатаму тече. Опфатен со очајание, гласно довикува:

    - На помош, на помош!

    Наместо одговор, му се враќа оддекот од сопствениот глас.
    Го подига девојчето во раце и оди накај водата.
 
    - Те убив Ведрана, те убив!

    Очите му се полнат со солзи. Буица врели солзи му течат по образите. Го вади појасот од нејзиниот фустан и ѝ ја врзува главата. Крвта помалку тече.

    -Ведрана, отвори ги очите! Отвори ги очите, да го видиш твојот себичен другар, кој посакуваше триумфи и победи!
    
    И ги трие рацете. И зборува и плаче.

    - Крени ја раката Ведрана, крени ја и удри ми шлаканица, но не еднаш, туку десет пати! Не десет, туку дваесет, сто пати! Направи го тоа, затоа што залужувам многу, премногу шлаканици!
    
    Одеднаш, насреде плачот се сети на Богот на својата мала пријателка. Бог кој се наоѓа и на небото и на секое место. Клечејќи, го подига погледот кон небото и почнува да Му говори:

    -Боже мој, Ти се гледаш и се слушаш. Ти ги познаваш нашите мисли, и добрите и лошите. Знаеш со колку лукавство сакав да победам. Никој неможе да се сокрие пред Тебе. Гледаш колку сега се каам за злото што го нанесов на мојата другарка. Те молам Боже, направи ѝ да биде добро! Само Ти можеш да ја спасиш. Ти ветувам дека ќе се потрудам да се променам. Никогаш повеќе нема да се обидам да победам на подол начин. Единствено што Те молам е Ведрана да оздрави!

    Говори и плаче. Прв пат во животот плаче поради љубов и болка. Како што плаче, така од очите му паѓа копрената која ја имаат сите жители на Јас – градот. Иако плаче, неговите очи прв пат јасно го гледаат сиот сјај на боите и светлината. Дури му се чини дека сјае лицето на Ведрана облиено со крв. Во еден момент приметува дека таа ги отворила очите.

    - Ведрана, жива ли си? Кажи барем еден збор!
 
    Полека подигајќи ја раката, таа ја допира неговата.
    Пресреќен, Пркос ги крева рацете кон небото.

    - Ти благодарам, Боже мој! Сега сфаќам дека си Бог на сите луѓе. Не правиш исклучоци. Си ми простил и мене, голем себичник и си ја слушнал мојата молитва. Повторно ја барам Твојата помош. Дај ми снага да можам Ведрана да ја однесам до Ти – градот!

    Многу полека и внимателно тој ја подигна и носејќи ја на рацете, стапнува од камен на камен. Патот е напорен и неговата другарка, иако потсетува на гранче, сепак не е толку лесна. Ова е најтешкиот момнет во неговиот живот. Без обѕир на тоа, прв пат знае дека веќе не е сам, оти го чувствува Божјото присуство. Чекори и мисли на Него. Постојано разговара со него, и тоа го исполнува со надеж и храброст. Повремено застанува да здивне, па веднаш продолжува. Прв пат не мисли на себе. Животот не Ведрана е единствено што го интересира. Срцето силно му чука. Потта му тече. Нозете повремено му клецнуваат, па се плаши дека ќе се сруши. Непрестајно го моли Бог за помош и чекори. Еден момент во далечината ги приметува првите куќи. Двајца луѓе кои работат во блиската нива го здогледаа и трчаат да му помогнат.

    - Фала Ти Боже! - шепоти седнувајќи на земја.
    - Знаеше дека веќе немам снаги и ми прати помош. Сега разбирам дека без Тебе не можеме ништо да постигнеме!

Извор: „Из Ја Града у Ти Град” (издание на Беседа-Нови Сад 2007 година)

    Подготви: Маја Белева

 25.06.2019

 Друго:

 

 

  • http://www.google.com/search?q=%D0%9C%D0%B8%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B8+%D0%92%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D0%BF%D1%83%D0%BB%D1%83&sitesearch=preminportal.com.mk

 

 


   



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная