Писмо како реакција на колумна во весникот Дневник, и во други дневни весници во врска со манастирот св. Јован Бигорски
Но ете вие зборувате за видливото но ајде да зборуваме за невидливото. Во невидливото е соджана силата на манастирот. Илјади луѓе привлечени од силата на љубовта: синови, татковци и ќерки се спасуваат од недостатокот на љубов во современиот свет а во прегратките на Црквата. Не удирате онаму каде најмногу боли- чувствата на верниот народ. Зошто во вашиот текст а во други слични на вашиот ни нудите мед залиен со капки смртоносен отров? Очајот е најстрашната болест ( невидлива). Прашајте ги психијатрите, од таа болест заболените, накрај престанува да им се живее, и тие посегнуваат по животот.Тоа ли сакате да очајуваме? Ширете оптимизам а не црнила. Од чие име зборувате? Во име на верник, или во улога на проценител на старини? Разберете осигурувањето носи мала утеха на оној кој е ранет во срцето. Прашајте ги историчарите на уметност, колку слоеви на фрески едни над други се наоѓат на ѕидовите на нашите стари Цркви и манастири? Кога фреските ќе избледнеле од времето Црквата не се колебала да ги прекрие првите со вар и да наслика нови, зошто тоа е мисијата на Црквата да биде и да покажува вистински образ и образи-икони, според кои и ние ќе се уподобуваме, и живееме.
Уште еднаш ве молам заедно со моето семејство, размислете што правите? Го уривате угледот на Црквата, ги обвинувате епископите за се на светов, за колите, свеките, парите, бавноста... Ги терате луѓето да губат надеж во Црквата која постои да дава надеж, утеха, тихо пристаниште, а каде ќе одат, што им нудите? Кога Црквата ќе се покаже како загрижена мајка вие и тогаш не престанувате, и тоа не ви е по мера. Треба ли да штрајковаме пред вашата редакција, треба ли да поднесуваме дела пред уставен суд, дека вака се кршат чуствата и слободите на голем дел од народот? Не, не, не тоа не е начинот на Црквата, на нејзините верни чеда. Црквата молчи молејќи се, таа врви низ ова време....Пари , пари, пари само тоа ли е важно? Не живее човекот само од леб, ве молам не трујте ни ги залаците.......
Драган Г.со своето семејство.