логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Zarko.sv.Mihail

13. октомври 2024 година
Свети свештеномаченик Григориј Ерменски
(XVI Недела по Педестница)
(Лука 6, 31-36; зачало 26)

            Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Благочестиви христијани,
Денешнниов евангелски текст говори за само едно нешто, нешто што многу едноставно го прифаќаме, но од друга страна, многу тешко го спроведуваме во секојдневното живеење. Се работи за милосрдието Божјо покажано кон нас, и Божјото барање од нас да го покажеме милосрдието и кон нашите ближни. И тоа не само кон оние кои не љубат и кои ни се пријатели, но и кон оние кои ги сметаме за непријатели.
           Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои единствена љубов од која како плодородна река истекува милосрдието кое за сите мудрости од овој свет е лудост, зашто од христијаните се бара љубов совршена, љубов нелицемерна, љубов не само кон пријателите, но и љубов кон непријателите. Господ Исус Христос најнапред ни дава едноставна порака, кога вели: "Како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив!" (Лк. 6,31) Секој си го сака и почитува својот живот и интегритетот на својата личност и нормално е да очекува и другите да го почитуваат тоа. Но, во христијанството, во Христовата божествена наука, љубовта не завршува тука, тоа е само почеток на милосрдието, зашто Христос прашува: "Ако ги сакате оние, што вас ве љубат, каква вие наградата? Зашто и грешниците ги сакаат оние, што ги сакаат нив. И ако им правите добро на оние, што вам ви прават добро, каква вие наградата? Оти и грешниците го прават тоа." (Лк. б, 32-33)
          Тоа значи: ако чекате да ви се направи добрина, па да возвратите со добрина, со тоа не правите никакво добро. Зар Господ чека луѓето да заслужат да ги огрее сонцето, па тогаш да му нареди на сонцето да грее? Зар родителот чека детето да заслужи да јаде, па да го нахрани? Секако дека не. Бог прв настапува со Својата љубов и Своето милосрдие. Ако ги љубиме само оние кои нас не љубат, ние само сме трговци што прават размена - јас ја давам мојата љубов, но очекувам од мојот ближен да возврати на љубовта. Ако правиме добро само на своите добротвори, не сме ништо повеќе од должници кои го враќаат долгот. Милосрдието не е добродетел која само враќа долг, туку добродетел која постојано задолжува. Исто така, и љубовта е добродетел која постојано задолжува, а не чека возвраќање, или како што вели свети апостол Павле: "Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистина се радува, се извинува, во се верува, на се се надева, се претрпува." (1. Кор. 13, 4-7)
           Љубовта кон оние што нас не љубат е само првата лекција во бесконечната област на љубовта. И правење добро на оние што нам ни прават добро е само почетно училиште во долгата редица на вежбите во добротворство. И давањето на заем на некој што заемот ќе го врати не е зло, туку добро. Но, тоа се само првите мали чекори кон величественото добро кое дава и не очекува враќање.
           Но, Господ Исус Христос вели: "Љубете ги непријателите свои." Љубовта кон непријателите е тешка и во денешно време многу ретка, но не можеме да кажеме дека таква љубов не постои. Љубовта кон непријателите е реткост, но сепак постои. И златото и драгите камења се ретки, но постојат и токму затоа се толку вредни. Житијата на светиите, животописите на оние кои на овој или оној начин Му угодиле на Бога се вистинска ризница на бисери и драги камења кои сведочат за дејственоста на вистинската хрис­ тијанска љубов - љубовта кон ближните, но и љубовта кон непријателите.
         Љубовта кон непријателите е необично тешка и практично неизводлива за оние кои се далеку од Бога и не добиваат од Бога сила и поткрепа за да ја спроведат на дело. Иако се чини тешка и недостижна, заповедта да ги сакаме своите пријатели, но и непријатели, не е неможна. Бог никогаш на луѓето не им заповеда нешто што не е можно да се исполни. Заповедите Божји се тешки за оние кои наоѓаат секакви оправдувања за да не започнат со добродетелен живот. Само оние кои се далеку од животот во Црквата и со Црквата ги сметаат Божјите заповеди за тешки и неможни. Оние, пак, кои го слушаат словото Божјо, сите вие тука, добро знаете дека нема препрека во животот, дека нема искушение кое не може да се реши со Божја помош. Кога паѓаме, Бог не подига, кога сме во очај - Бог ја крепи нашата душа и ни дава сили да продолжиме понатаму; кога се радуваме за некое добро дело и Бог се радува со нас и ја прави нашата радост неизмерна поголема.
          Бог е промислител на нашиот живот и сите Негови заповеди се остварливи за нас. За нас е важно да знаеме дека заповедите кои ни се дадени од Бога се остварливи и ако посакуваме добро за себеси и за ближните, треба да ги исполнуваме. Како што болниот со вера и послушност прима лек од рацете на лекарот без разлика дали лекот е благ или горчлив, така и ние, слаби и заблудени, сме должни со вера и послушност да исполнуваме се што ни заповеда човекољубивиот Лекар на нашите души и тела; Нашиот Бог и Спасител, Господ Исус Христос и да Го прославиме заедно со беспочетниот Отец и животворниот Дух, секогаш, и во сите векови.

Амин.

 Preminportal (k.t.)

 

Жарко Ѓоргиевски:19. мај 2024 година - Свети праведен и многустрадален Јов

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

https://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%96%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE%20%D0%83%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B8%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8&ordering=newest&searchphrase=all

 

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2058
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2075
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 520
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

10/05/2026 - недела

Св. апостол Симеон; Преп. Стефан епископ Владимирски; Преподобен Јован Исповедник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная