„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.
Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само едно обично етичко подобрување за да станеме подобри луѓе.
Од друга страна пак, од Евангелиетои од светите Отци ни е предадено дека цел на нашиот живот не е човекот да стане подобар од она што е – поправеден, повнимателен, повоздржан. Потребно е и тоа, но не е тоа главната, конечната цел за којашто сме создадени од Создателот.
Која е таа цел?
Обожението“.
„Душата на човекот, создаден според образот и подобието Божјо, копнее да се соедини со Бог.
Колку и да е морален, добар човекот, колку добри дела и да прави,ако не Го најде Бог, ако не се соедини со Него, не се успокојува.
Зашто Самиот Бог ја вложи во него таа света жед, божествениот ерос, копнежот за соединување со Него, за обожение“.
Извадок од книгата:
,,Не знаете од каков Дух сте"
fb Православие.Мк †