логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Sv.Jovan.Krstitel.Otsekuvanjje1

Коментар на денешното евангелско четиво:   

 

           “Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание. Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не ја доживеал совршено.

           Во денешното евангелско четиво ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас. Страста е болна душевна сила, која преку покајание (преумување) треба да се преобрази во добродетел. Главна човекова страст е самољубието, која треба да ја преобразиме во Богољубие и човекољубие.

Во Ирод го препознаваме самољубието во сите три негови пројави: сластољубие, среброљубие и славољубие. Кај Јован Лествичник читаме дека човечките страсти често се судираат една со друга, односно една страст во соодветен момент ја потиснува другата. Така, и кај царот Ирод гледаме дека овие три страсти во исто време немаат ист интензитет и сила, и гледаме како посилната страст ја потиснува послабата. Имено, во моментот кога ќерката на Иродијада игра и со својот танц го задоволува неговото сластољубие, Ирод е подготвен да ѝ даде што и да посака, па дури и до половина од царството што му припаѓа. Значи, сластољубието во тој момент го потиснало среброљубието во него.

     Освен тоа, гледаме дека токму поради своето сластољубие Ирод го држи во затвор свети Јован, зашто овој го прекорувал дека не смее да ја земе жената на брат му. И покрај сè, ниту сластољубието, ниту некакво среброљубие, го принудиле да го убие свети Јован, туку само да го држи затворен, иако и понатаму се плашел од него, па дури имал потреба да го слуша и што говори.

Но, откако царот Ирод ѝ вети на девојката и ѝ го даде својот збор дека ќе ѝ даде сè што ќе посака, дури и половина од своето царство, таа, поучена од мајка си, ја бара главата на свети Јован Крстител. Иако се сневесели поради тоа, сепак, гледаме дека неговото славољубие не му дозволува да го повлече зборот што го дал пред гостите. Очигледно, најмногу од сè Ирод држи до својот збор, до своето јас, до својата гордост и високото мислење за самиот себе.

Значи, неговото славољубие и гордост го убиваат свети Јован Крстител, односно конечно ја убиваат и можноста за покајанието во него самиот. Очигледно, никој не може да му наштети на човек толку колку што тој може на самиот себе.“

Митрополит Струмички Наум

Monika Nikolovafb

 

 

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Марко 6:14-30
14. И цар Ирод разбра за Исуса, оти името Негово беше прочуено, па рече: „Јован Крстител воскреснал од мртвите и затоа стануваат чудеса преку него.”
15. Едни велеа: „Илија е!”, а други: „Пророк е, или како еден од пророците.”
16. А Ирод, штом чу, рече: „Тоа е Јован, на кого јас му ја отсеков главата; тој воскреснал од мртвите.”
17. Зашто сам Ирод прати да го фатат Јована, го врза и го фрли во затвор, заради Иродијада, жената на брата му Филипа, оти се ожени со неа.
18. Бидејќи Јован му велеше да Ирода: „Не ти е позволено да ја водиш жената на твојот брат!”
19. А Иродијада се озлоби против него и сакаше да го убие, но не можеше.
20. Оти Ирод се плашеше од Јована, знаејќи дека е тој човек праведен и свет, и го пазеше; многу работи вршеше од послушност кон него, и со пријатност го слушаше.
21. И настана погоден ден, кога Ирод, по повод на својот роденден, им приготви вечера на своите кнезови, војводи и старешини галилејски;
22. и влезе ќерката на Иродијада, играше и им угоди на гостите и на Ирода. Тогаш ? рече царот на девојката: „Барај од мене што сакаш и ќе ти дадам!”
23. И ? се заколна: ”Што и да побараш од мене, ќе ти дадам, дури и половината од моето царство.”
24. А таа излезе и ја праша мајка си: „Што да побарам?” Таа ? одговори: „Главата на Јована Крстител!”
25. И одеднаш, кога влезе при царот со брзина, се помоли, говорејќи: „Сакам уште сега да ми ја дадеш на табла главата на Јована Крстител!”
26. Царот се загрижи, но заради клетвата и гостите свои нејќеше да откаже.
27. И веднаш, откако испрати џелат, царот нареди да ја донесат главата негова.
28. А тој отиде, му ја отсече главата во затворот и ја донесе на табла, па ? ја предаде на девојката, а девојката ја даде на мајка си.
29. Учениците, пак, негови, кога разбраа, дојдоа и го зедоа телото негово и го погребаа.
30. И се собраа апостолите при Исуса, па Го известија за сe, и што направиле, и на што поучувале.



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2057
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2074
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 520
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

10/05/2026 - недела

Св. апостол Симеон; Преп. Стефан епископ Владимирски; Преподобен Јован Исповедник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная