логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

„Патување низ боите - Јубилејни триесет години творештво“

На крајот од 2024 во атмосфера на загревање на претпразнично расположение со задоволство ве информираме дека на 16.12.2024 (понеделник), во 19ч ќе се отвори изложбата на ликовниот уметник и професор Башким Меџити во објектот Чифте амам на Националната Галерија. Изложбата претставува одбележување на 30 годишното творештво на академскиот сликар Меџити и носи наслов „Патување низ боите - Јубилејни триесет години творештво“. Сликарскиот опус ќе го претставиме со седумдесетина слики изработени во комбинирана техника, акрил на платно.

Творечкото патување на Меџити се одвива низ неколку циклуси, од најраната младост, дипломирањето на Факултетот за ликовна уметност во Приштина, до неговиот сегашен ангажман како редовен професор на Државниот универзитет во Тетово.

Портрети и фигурации, 1991 – 1998

Во првата фаза на својот творечки опус, Меџити се фокусирал на изработка на портрети и фигурација. Неговиот пристап е индивидуален и длабоко прецизен, досегајќи до фасцинантна импресија и индивидуализам со силна емотивна порака. Тоналитетот е јасно изразен, како и придушената анимација на перспективата. Фигурацијата во современата уметност претставува динамичен и комплексен феномен. Кај Меџити таа е оформена со чувство на сликовитост во преносна смисла. Преку неа тој ги истражува идентитетот, општествените односи и колективната наративност. Како средство за визуелна комуникација, фигурацијата овозможува приказ на човечката форма и неговата симболика, дава простор за дијалог меѓу гледачот и уметничкото дело. Компилацијата е помеѓу фигурата, просторот и емотивната состојба. Во античката уметност фигурацијата имала клучна улога, што значи дека од раните цивилизации до современата уметност приказот на човечката фигура бил централен мотив кој поминувал низ различни стилови и епохи, приспособувајќи се на промените во техниката, материјалите, како и на концептуалниот пристап.

Сликарството на Меџити тука е втемелено во јасна ликовна композиција чиј основен елемент е портретот, или фигурата, и буквално кореспондира со ситуацијата или случката што ни ја пренесува преку своето дело.

Експресионистички пејзаж и скулптура, 1998 – 2014

Во оваа фаза исклучителен и разнолик е интересот на Меџити за експресионистичкиот пејзаж, каде што преовладува хармонија во палетата што се втопува во целината на прикажаната сцена. Студиозно и во јасен манир ги одразува волуминозноста и густината на тоналитетот, со што пејзажите стануваат глетки со природна убавина. Тој со голема леснотија го интерпретира одблесокот на светлината, при што студиозно ѝ приоѓа на темата воздигнувајќи ја до јасен експресионистички израз. Креативноста е моќно изразена, како и субјективноста на ликовниот израз. Во пејзажите е нагласена вредноста на емоцијата, втемелена во топлиот колорит на заднината, прикажувајќи ги мотивите од неговиот роден крај.

Во текот на овој период Меџити покажал интерес за скулптурата. Изработил историски фигури во реалистичен стил, на кои секој детаљ е прецизно и пропорционално разработен, изразувајќи завидна хармонија и стабилност во нивното обликување.

Апстрактен експресионизам, 2014...

Линијата како најстара форма на изразување во историјата на цртежот, Меџити ја користи во своето сликарство како доминанта, за да ни овозможи јасен приказ на избраниот мотив. Одлика му е јасен, снажен колорит, рамномерна исполнетост на целата површина на платното. На моменти се придржува до традиционалните мотиви и прави спој со модерното, во насока на функционалност на делото. Воден од потребата за истражување на лирската апстракција и на рационалната свест, и стремејќи се кон доживување на емоцијата, тој интуитивно ги обликува, со спонтани, експресивни потези. Всушност, со сликарската гестикулација нѐ води кон саканата стилска синтеза со индивидуална промена. Поттикнува рефлексија преку боите, кои внесуваат перцепција на ниво до конкретната појава. Апстрактните слики понекогаш се дефинираат кај авторот како потези кои не постојат во стварноста, туку само како емотивен потег остварен преку боите. Колажот на линиите при средбата со платната на Меџити, за разлика од предметните слики, има т.н. отсуство на содржина, што е главно тежнение токму во експресионистичкиот израз на апстрактното, а модулот е потребата од нивно читање. Авторот нѐ води низ емотивно патување и главната цел му е преку платното да ни ја долови природата, меѓутоа не онаква каква што е, туку каква што е низ погледот на неговата палета со бои. Тој сега има нов пристап кон платното и претежно се насочува кон идејата, а боите му се дијалог помеѓу смислата на животот и изразувањето на најдлабоките чувства. Растоварен од предметниот простор, ја напушта свесната проекција на сликата, непосредно нѐ пренесува во творечкиот импулс на емоционалното прочистување. Користењето на четките и шпаклите го насочува кон препознавање на специфичните форми, при што постигнува ефект на препознатлива стварност.

За самото отворање ќе биде подготвена соодветна монографија со пригодни осврти за неговиот сликарски пат, изложбата ќе трае до 16.01.2025 а куратор на проектот е Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија.
/cp/ps/Mail/Downloader?uid=40007&d=t.mk&u=kalina.premin&contentSeed=d1381&pct=3235d&c=yes&an=DefaultMailAccount&disposition=inline&fp=INBOX&dhid=attachmentDownloader&ai=5&attachmentID=f_m4l7l3143



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная