логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Васил Василев
Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025
Даут пашин амам, отворање на 17.10.2025, 19.00 ч.Почитувани со особено задоволство ве покануваме на отворањето на изложбата на Васил Василев насловена „Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025“, на 17 октомври 2025 година (петок), во 19 часот во објектот Даут пашин амам.Скулпторскиот опус на Васил Василев е еден континуум на темелни, истрајни и инвентивни истражувања. И покрај тоа што неговиот развоен пат се движеше од конкретни фигуративни облици, до сведување на фигурата на знак, основните параметри не се променија, како и односот кон објектот. Без оглед на одредени стилски поместувања во ракописот, зависни и од матрицата на непосредни или посредни инспиративни доживувања, неговиот ликовен опус дозволува да се дефинира низ варијациите кои се одвиваа внатре во една усвоена и со време доградувана и надградувана ликовна синтакса.Асоцијативните вертикали, дел од последниот циуклус на Василев, се резиме на сите атрибути на неговото обликовно размислување, преведени и пренесени со минимални формални содржини, со концентрирање на оние круцијални севкупости на негово дело: конкавни и конвексни, мазни и рапави, темни и светли површини, содржини на растот на нивното вертикално градење, наизмнично сменување, мултиплицирање, до затворање во рамка. Рамката е начин на потенцирање, истакнување, но и смирување на разиграната, ритмична обликовна, структурална шема во јадрото, онаа слична постапка што се јавува уште во неговите дела од осумдесеттите години (Ритам, 1983), сега со еден позатворен статички ритам и посимплифицирана форма.Значи, ликовната структура на делата на уметникот од почетокот на седумдесеттите години, континуирано се движи до најновите негови остварувања. Во нив се содржани и цртежот и релјефот, архитектонското редење на тогаш понагласени волумени, како и пиктуралните примеси (главно во згаснати тоналитети со патина на дрвото).Асоцијативните вертикали се надоврзуваат на вертикалите од седумдесеттите години (Каријатиди). За разлика од поранешните вертикали кај кои формата често ја градеше по принципот рамна површина волумен, сега, од една страна ја симплифицира формата, но, од друга ја усложнува со слоевитата архитектоника или пак со релјефно разиграните површини.Комбинацијата на скулптура и релјеф, но и пиктуралното третирање на материјалот со меки тонски премини и светло-темни градации или звучна колористичка игра, се дефинирани и со движењето на линијата. Линеарната арабеска датира од почетоците на неговото творештво, присатна е во сите негови дела и се јавува со варијабилен интензитет и улога: некаде го иницира формирањето на обликот, некаде ги бележи, разграничува формите, некаде го нагласува волуменот, а некаде ја иницира колористичката игра на релјефните сегменти. Секако, таа ја има една од примарните улоги во формирањето, во обликувањето на делото. Звукот на линијата, цртачките елементи, кои ја затвораат или отвораат формата, како и играта на светло-темното, ги доловува со различна обработка на материјалот, ја збогатува скулптурата со внатрешна виталистичка енергија до степен кога сугестивното реално, се трансформира во асоцијативно, делото станува знак со повеќезначенски конотации. Го зацврстува сведувањето на мотивот на почист облик, приклонувајќи се, во некои ситуации, кон симетричната хармонија на композицијата или, пак, барајќи го редот во дискретните ритмови на волуменот.Развивајќи ги можностите на новите изразни форми во контекст на неговиот однос кон материјалот и начинот на неговата транспозиција, во најновите дела, Василев остварува еден особен вид на ликовен израз кој неспорно комуницира и со неговите претходни творечки фази, сега базиран врз позгусната коегзистенција на линијата, на понагласени колористички сегменти, на шематичноста на линеaрните, релјефните и колористичките ритмички стилизации.Овие испреплетени облици, прецизно градени, напластени дрвени форми, во нивната сложена разновидност, во варијабилната низа на асоцијации (од чисти геометриски до асоцијативни флорални мотиви), во себе носат карактеристики на едно, медитативно и наместа ирационално расположение кое го емитуваат неговите спонтани игри на архитектонски градените асоцијативни вертикали. Патоказот во барањето меѓу идеализираното и животното, е насочен кон проблемско и загадочно, кое во последните дела добива епилог на траење, како блесок на трагата на возбудата. Експресивно зајакнати психолошки состојби се манифестираат во изразот на внатрешната архетипска снага и нејзиното распространување, во големиот бран на декоративните геометриски созвучија.Главниот ефект сега го презема целосноста на масивот на вертикалата со своите внатрешни кршења во наизменичното сложување на формите, во нагласената и незаобиколна игра на светлоста и на сенките. Воглавно, потиснувајќи ги облините, наклонува кон поостри геометризирани плохи (правилни парчиња дрво) кои ги напластува вертикално или создава врежани, издлабени одвојувања на формите во самата нивна релјефна поставеност. Таков пристап како да му служи на авторот да се ослободи од органската врзаност за волуменот, од укрупнување на формите и нивното волуминозно навлегување една во друга, префрлајќи се на микро план на ситнење на елементите во градењето на композицијата, што го доведе до дескриптивната сликовитост на обликот, го насочи кон цврстината на скулптурата, облиците ги сведе на некои основни елементи мултиплицирани и модифицирани низ слободната интерпретација. Во нив најде извор на системски интерпретации на неограничената моќ на мозаичното поставување или дефинирање на сегментите од целината, кои се движат од вдлабнати, цртачки организирани форми, преку суптилни тетоважи во вид на арабеска, колажно поставување на помали мозаични форми, до редење, умножување на исти или слични форми и до нивната разбранувана, разиграна поставеност во различни насоки.Викторија Васева Димеска, историчар на уметност



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

15/10/2025 - среда

Свети Андреј Јуродив; Светиот свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина; Светите маченици Давид и Константин;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Дионисиј Ареопагит 16 октомври/3 октомври 2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Дионисиј Ареопагит 16 октомври/3 октомври 2025

Ревнителу за вистината, Дионисие,ученику на великиот Павле, трагачу по бессмртноста, помазанику Христов,тебе мудрост Господ ти подари

Тропар на свети Андреј Јуродив 15 октомври/2 октомври  2025

Тропар на свети Андреј Јуродив 15 октомври/2 октомври 2025

Гласот на Твојот апостол Павле услишувајќи го-    ние јуродствуваме заради Христа -    твојот слуга Андреј беше јуродив на земјата заради...

Тропар на св. Христови свешт-мч Кипријан и Јустина  15 октомври/2 октомври  2025

Тропар на св. Христови свешт-мч Кипријан и Јустина 15 октомври/2 октомври 2025

Бог кој срцата ги испитува ве најде достојни, за виша мудрост, о свети маченици Кипријане и Јустино, Кипријан свети го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная