Најава за Деветтиот по ред Меѓународен филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности
“ БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ ”
Деветтиот по ред Меѓународен филмски фестивал за културни, духовни и хумани
вредности - “Богородичен Покров“ кој се одржува со благослов на Архиепископот Охридски Македонски и на Јустинијана Прима г.г.Стефан, и е единствен од ваков жанр во нашата држава, годинава се одржува Оn Line од 30 Ноември до 07 Декември 2024. година.
Во програмата на фестивалот се прикажуваат филмови посветени на културното, духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови.
Фестивалот е основан 2016. година и досега е поддржан од 12 Амбасади во државата и бројни стопански субјекти.
Почесен Претседател на Фестивалот е проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, професор на Богословски Факултет “Св.Климент Охридски” во Скопје, автор на многу трудови од доменот на богословските науки и поранешен амбасадор на Р.Македонија во Светата Столица, Ватикан.
Програмата на фестивалот, која е во прилог, се состои од 11 филмови, обезбедени со подршка на Неофит продукција и Добротворен фонд Познание од Русија, од Vision продукција од САД, Прва ТВ од Србија, Coolture продукција од Србија, Trinitas TV од Романија, Vistafilm од Чешка Република и Канал 5ТВ од Македoнија.
Интернационална премиера на Фестивалот “Богородичен Покров” годинава имаат филмовите: “Утрински ѕвона” од Србија и Чешкиот филм “Štreit: Фотографирам, значи постојам”.
Генерални покровители на Фестивалот се, традиционално, Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, благодарение на големата поддршка на г-динот Амбасадор
г-дин Сергеј Баздникин, а годинава и на митрополитот Иларион /Алфеев / со 2 негови филма и Европскиот Универзитет од Скопје, кој секоја година доделува бесплатно школување – четиригодишна стипендија за највредниот волонтер на Фестивалот.
Медиумски покровители се МИА, Канал 5 ТВ, МТВ, Сител ТВ, ТВ Сонце, Алфа ТВ, Вечер, Нова Македонија, Премин Портал.
Основачи на Фестивалот се покојниот Коле Јовановски, инаку монтажер во МРТ и режисер , наградуван за бројни филмови, посебно за историјата на Македонија и МПЦ-ОА и Зорица Костовска, основач и директор на Фестивалот, поранешен пом.генерален директор на МРТ, 10 - годишен член на Меѓународната Академија на Телевизиски Науки и Уметности во Њујорк - Еmmy Awards, ТВ и филмски продуцент, дипл. дипломат и дипл. теолог.
Отворањето на Фестивалот е на 30 Ноември, сабота, во 21.00 часот со рускиот документарен филм “Трновиот венец”, во кој се прикажува историјата на Трновиот
венец на Спасителот - една од општохристијанските светињи поврзани со историјата на Страдањата Господови.
Линк на филмот на Youtube:
https://youtu.be/K-2ZUXMn6pw
Исто така, отворањето на Фестивалот е истиот ден и со филмот “Утрински камбани ” во 21.30 минути, со српскиот документарен филм, во кој тогашниот архимандрит Алексеј, а сега Eпископ хвостански на СПЦ, говори за пророштвото на о.Тадеј за манастирот "Св. апостол Лука" во Бошњане. После 20 години, во овој манастир пристигнува царската руска камбана тешка 15 тони, донација од православни браќа Руси.
Линк на филмот на Youtube:
https://youtu.be/woO_pZBb4R0
Затворањето на Фестивалот е на 7 Декември, во 21.00 часот со македонскиот документарен филм од Архвата на Канал 5 ТВ “Историјата на Црквата на Св.вмч. Димитриј” во Скопје.
Филмот е во програмата на Фестивалот во спомен и чест, по повод 118 години од раѓањето на првиот поглавар на возобновената МПЦ-ОА, г.г.Доситеј на 7 Декември 1906 година во село Маврово, во кој се прикажува неговото востоличување за Архиепископ Охридски и Македонски на 5 Октомври 1958 година во храмот “Света Софија” во Охрид.
Линк на филмот на Youtube:
https://youtu.be/kVj2FJIkzAI
Мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина и хумани врдности.
Организацијата е на Топ Ворлд ТВ продукција од Скопје, која е основана во 1994 година, а чија определба е да негува општествено доброполезни проекти за народот.
“БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ” – 2024 г.
30 Ноември – 07.Декември 2024 год.
FB страна: Филмски фестивал Богородичен покров
YT канал: https:// youtube.com / @topworld888
Отворање на Фестивалот
Премиера
30. Ноември/ Сабота/ Оn Line, Youtube
21.00 ч.
Отворање на Фестивалот
“ТРНОВИОТ ВЕНЕЦ” - руски документарен филм
Линк на македонски на Youtube:
https://youtu.be/K-2ZUXMn6pw
Во филмот се раскажува за историјатот на Трновиот
венец на Спасителот - една од општохристијанските светињи
поврзани со историјата на Страдањата Господови.
Каква е оваа светиња и која е нејзината историја?
Автор и водител: Митрополит Иларион (Алфеев)
Продуцент: Дмитриј Менделеев
Режија: Мариа Вилкасте
Продукција: Добротворен фонд “Познание”, 26 мин.
Русија, 2023 год.
“БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ” – 2024 г.
Отворање на Фестивалот
Премиера
30. Ноември/ Сабота/ Оn Line, Youtube
21.30 ч.
“УТРИНСКИ КАМБАНИ ” – српски документарен филм
Интернационална премиера на Фестивалот “Богородичен Покров”
Линк на македонски на Youtube:
https://youtu.be/woO_pZBb4R0
Според пророштвото на отец Тадеј, во манастирот "Св. апостол Лука" во Бошњане, после 20 години, пристигнува царската руска камбана тешка 15 тони, донација од православни браќа Руси. Во филмот се и мудрите поуки на тогашниот архимандрит Алексеј, а сега Eпископ хвостански, дека прво треба да се грижиме за своите души, зошто душата е поважна од телото...
Сценарио и режија: Дејан Вученовиќ
Прва ТВ продукција, 32.15 мин.
Србија, 2024 год.
“БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ” – 2024 г.
Премиера
01.Декември / Недела / Оn Line, Youtube
21.00 ч.
“ПЛАШТАНИЦАТА- Лице в лице”, американски документарен филм
Линк на македонски на Youtube:
https://youtu.be/R_GQPSEbe34
Ненадејната смрт на таткото на сценаристот и режисер на овој филм Роберт Орландо, поттикнала многу прашања кои барале одговори.
Тој го почнува големото истражување за барање на вистината за Плаштаницата, а со тоа и на смислата на животот. Со таа цел, тој патува и снима во Калифорнија, Њу Џерси, Колорадо, Вирџинија, Тексас, Италија, Израил. Одговорите од тие патувања се во овој филм.
Сценарио и режија: Robert Orlando
Продуцент: Jason Pearson
THE NEXUS PROJECT
Vision родукција, 74 мин.
САД , 2023 год.
“БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ” – 2024 г.
Премиера
02.Декември / Понеделник / Оn Line, Youtube
21.00 ч.
“БОЖИКНИ ПРАЗНИЦИ И ОБИЧАИ”- српски документарен филм
ТВ серијал “Приказни од Атос”
Линк на македонски на Youtube:
https://youtu.be/RDUVh1Z6Ouk
На Божик се одбележува раѓањето на Господ Исус Христос, Спасителот на светот.
Божик е денот кога Бог одлучил да се отелотвори за да човековот може да се обожи.
Во овој филм станува збор за обичаите на славењето на
Божик во Србија и на Света Гора.
Автор на серијата: Дарко Петровиќ
Уредник и водител: Душан Милосављевиќ
Режисер: Ненад Савиќ
Главен уредник: Јован Марковиќ
Продукција: Positive production, 32.45 мин.
Србија, 2022 год.
“БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ” – 2024 г.
Премиера
02.Декември / Понеделник / Оn Line, Youtube
21.35 ч.
“ВЕЛИГДЕН ВО ХИЛАНДАР” - српски документарен филм
ТВ серијал “Приказни од Атос”
Линк на македонски на Youtube:
https://youtu.be/Ew7gAwH0gUs
Во филмот се прикажува како се одбележува Страданието и Воскресението Христово на Света Гора од Велики Четврток до Велигденот.
Се чита и прекрасната беседа на Св. Јован Златоуст, т.н. Велигденска беседа.
Целата природа на Велигден се огласува, птиците, животните, па којотите а на крајот и волците почнуват да завиваат, и сите заедно со биењето на камбаните го слават Воскресението Господово…
Автор на серијата: Дарко Петровиќ
Уредник и водител: Душан Миловановиќ
Режија: Ѓорѓе Милосавлевиќ Гера
Главен уредник: Јован Марковиќ
Продукција: Positive production, 32.45 мин.
Србија, 2022 год.
“БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ” – 2024 г.
Премиера
03.Декември / Вторник / Оn Line, Youtube
21.00 ч.
“СВЕТИ НИКОЛА – Лицето на благоста”, романски документарен филм
Линк на македонски на Youtube:
https://youtu.be/X15gIjNPB0E
Речиси еден милион Романци го носат името на Свети Никола.
Зошто толку многу луѓе го сакаат и почитуваат како најголем меѓу светителите ?
Резултатите од испитувањата укажуваат дека 85% од моштите на Свети Никола се во Бари, а останатите мошти се наоѓаат во неколку цркви: во црквата во Лидо, Венеција и во Новата црква "Свети Ѓорѓија" во Букурешт. Филмот го прикажува патот на моштите на Светителот од Мира Ликијска до Бари, како и уметноста и традицијата на дарувањето за Божик, која е инспирирана токму од Свети Никола.
Продуцент: Sebastian Pană
Режија: Mara Ionescu
ТРИНИТАС ТВ Продукција, 54 мин.
Романија, 2023 год.
“БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ” – 2024 г.
Премиера
04.Декември / Среда / Оn Line, Youtube
21.00 ч.
“РИЗАТА НА БОГОРОДИЦА”, руски документарен филм
Линк на македонски на Youtube:
https://youtu.be/j81E8NzH7ks
Во изворитете марамата на Пр. Богородица се именува како риза, омофор или покров. Тоа не е покривка за главата, туку е горна облека која ја покривала главата и се спуштала до петите... Денес мал дел од Ризата се наоѓа во Успенската црква на московскиот Кремљ, друг - во лутеранската црква Св. Јован Крстител во Рим. Но, најголемиот дел се чува во катердалната црква на Божјата Мајка во Шартр, Франција.
Автор и водител: митрополит Иларион (Алфеев)
Продуцент: Дмитриј Менделеев
Режисер: Марија Вилкасте
Продукција: Добротворен фонд “Познание”, 26 мин.
Русија, 2023 год.
“БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ” – 2024 г.
Премиера
04.Декември / Среда / Оn Line, Youtube
21.00 ч.
“ЗА НАШИОТ ДОКТОР, А ПИСАТЕЛ”- српски документарен филм
Линк на македонски на Youtube:
https://youtu.be/u3bRBtF-xXI
Д-р Душан Радиќ е великодушен и благороден дух, хуманист, со бројни богоугодни дела. Останува без родители, а на 18 години му ја ампутираат ногата. На земјата бил кратко, но, оставил значајна трага. Посветена жена, големо семејство, бројни раскази, роман... Основал и библиотека во Врњачка Бања. Умира во 1938 година, на 46 години.
Продуценти: Милан П.Киќевац , Бошко Милосављевиќ
Сценарио и режија: Бошко Милосављевиќ
Симатели: Лазар Добриќ, Душан Поповиќ, Лазар Станивук
Завод за унапредување на оброзование и воспитување на Р.Србија, 30.32 мин.
Србија , 2023 год.
“БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ” – 2024 г.
Премиера
05.Декември / Четврток / Оn Line, Youtube
21.00 ч.
“ŠTREIT: ФОТОГРАФИРАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ ”- чешки документарен филм
Интернационална премиера на Фестивалот Богородичен Покров
Линк на македонски на Youtube:
https://youtu.be/3-q2kNyGTiM
FB страна: Филмски фестивал Богородичен покров
YT канал: https:// youtube.com / @topworld888
Чешкиот и светски фотограф, посветен главно на фотографии со хумани пораки, проф. М-р Jindřich Štreit до 2024 год. ги објавил своите фотографии во 98 книги, 104 каталози и 1565 самостојни изложби.
Неговата порака е дека секој треба да ја најде смислата на животот, тоа што го
надминува овој живот и дека човекот треба да работи на тоа.
Сценарио: Lubomír Hlavsa и Iva Hlavsova
Продуцент: Lubomír Hlavsa
Режија: Lubomír Hlavsa и Martin Štoll
Вистафилм продукција, 51 мин.
Чешка Република, 2024 год.
“БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ” – 2024 г.
Премиера
06.Декември / Петок / Оn Line, Youtube
21.00 ч.
“САКАМ ДА БИДАМ СВЕТЕЦ” - руски документарен филм
Линк на македонски на Youtube:
https://youtu.be/kPRQ-IqE3PU
Овој филм е во сеќавање на јеромонахот Јоаким (Виктор Салтиков).
Приказна за човек кој се преобразува во икона и се вивнува во висините во кои можеби ние никогаш нема да се вивнеме. За неговиот пат од осамениот тажен рај на кавкаскиот резерват, преку војната, смртта на пријателите, преку резерватот на Индијанците во Јужна Дакота, преку снегот на Арарат до црквата на руското село, каде срцето е полно и во чија судбина, сѐ е на свое место.
Продуцент, Сценарист и Режисер: Валериј Тимошченко
Продукција: Краснодарско филмско студио, под покровителство на Министерство за култура на Руската Федерација, 90 мин.
Русија, 2023 год.
“БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ” – 2024 г.
Премиера
07.Декември / Сабота / Оn Line, Youtube
21.00 ч.
ИСТОРИЈАТА НА ЦРКВАТА “СВ. ВМЧ. ДИМИТРИЈ” – СКОПЈЕ , македонски документарен филм, Архива на Канал 5 ТВ
Линк на македонски на Youtube:
https://youtu.be/kVj2FJIkzAI
Во спомен и чест, по повод 118 години од раѓањето на првиот поглавар на возобновената
МПЦ-ОА, г.г.Доситеј на 7 Декември 1906 година во село Маврово, Фестивалот го затвораме со филм во кој се прикажува неговото востоличување за Архиепископ Охридски и Македонски на 5 Октомври 1958 година во храмот “Света Софија” во Охрид. Филмот е снимен по повод 800 години постоење на Црквата “Св. вмч.Димитриј” во Скопје и 120 години од нејзиното преосветување на храмот, а во неа се наоѓа и гробот на г.г. Доситеј. Соговорник во филмот е проф. др. Јован Белчовски, поранешен декан и проф. на Богословскиот факултет “Св. Климент Охридски” во Скопје.
Директор: Иван Мирчевски
Монтажа: Коле Јовановски
Сценарио и режија: Зорица Костовска
Продукција: Канал 5 ТВ, 62 мин.
Македонија, 2016 год.