Тропар на светиот
Гаврил Велички
30 декември / 12 јануари
Глас 8
Голем украс на епископите, убавина на светителите,
правило на монасите, слава на пустиниците,
дарител на милоста, светилник на расудувањето.
Откако дојдовме верни, да го прославиме учителот на кротоста,
љубителот на Божественото, премудриот архиереј,
великиот светител и отец, Гаврил епископот Велички,
и новиот Лесновски чудотворец.
Ѕвезда, која ги просветува помрачените и ги озарува сите верни.
Затоа, пристапувајќи кон гробот на неговите мошти,
со љубов да ги целиваме и да повикаме: свети над светите,
не престанувај да Го молиш Христа Бог,
да се спасат душите наши.
Извор МПЦ - ОА
Тропар
на св. мач. Анисија
Како облак што впива влага од земјата,
така ти девственичке се напои,
од вистината на Животот.
Разбирајќи дека треба да се соблече стариот човек,
во руво на светлина душа ти засветли,
а на човечкиот род крвта,
како ново семе ја подари.
Моли се о девојко света,
да оздрави душата мека
со спознание на Пресвета Троица.
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче
Православен календар за 12/01/2024
ТРОПАР
Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.
Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.
Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.
Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.
ПреминПортал
2024 лето Господово
Од Верскиот календар:
Житие: Светата маченичка Анисија
Родена е во Солун од угледни и богати родители, воспитана во Христовата вера. Рано остана сираче и целата се предаде на богомислие и на молитва во својот дом. Побудувана од Христовата љубов често велеше: „О лажен животу на младите, зашто или соблазнуваш или се соблазнуваш. Подобра е староста, но тага ме обзема заради должината на времето коешто ме дели од небесните“. Потоа сиот свој имот го продаде и им го раздаде на ништите, а самата живееше од трудот на своите раце. Држеше строг пост, спиеше многу малку и непрестајно лееше солзи на молитва. Кога ќе ја совладаше сон, си велеше себеси: „Опасно е да се спие кога мојот непријател бдее“. Во тоа време свирепиот цар Максимијан издаде проглас дека секој може да убие христијанин кога ќе го сретне, без суд и осуда. Еднаш оваа света девојка излезе за да оди в црква. Тој ден беше незнабожечки празник на сонцето. Некој војник ја виде убава во лицето, па ? пријде со нечиста желба и ја праша за името. Таа се прекрсти и му рече: „Јас сум слугинка Христова и одам в црква“. Кога дрскиот војник ? пријде поблиску и почна да ? зборува безумни нешта, таа го оттурна и му плукна во лицето. Војникот ја удри со меч под ребрата и ја прободе. Оваа Света девица пострада во 298 година. Христијаните ја погребаа чесно, а Бог ја овенча со маченички венец во Своето Царство. Над нејзиниот гроб подигнаа црква.