Две нови изданија на Кумановско-осоговската епархија (30.03.2015)


Со благослов на Митрополитот Кумановско-осоговски, г. д-р Јосиф, Епархискиот црковно-образовен совет објави два нови наслови во својата библиотека: „Азбука на православниот живот“ од свештеник Димитриј Каплун и „Подвигот во нашиот живот“ од св. Исаак Сирин. И двете книги претставуваат добро четиво за оформување на црковна христијанска свест и духовност.







На неколку километри од градот Трикала, во сенката на свештените карпи во близина на Метеори, беше посведочен еден потресен податок. Икона со свештеното изобразение на Архангел Михаил зографисана пред 5 години од страна на иконописецот отец Панајотис Певкис, излева капки на благоухано масло, кое на чудесен начин не ѝ штети на изобразбата...















Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, на 28 спроти 29 март 2015 лето Господово, во храмот "Рождество на Пресвета Богородица" во Скопје, ќе се служи сеноќно бдение, со почеток во 22.00 часот.
























