Скопје, 29-ти март 2015 год.- храм на св. Јован Крстител, н. Капиштец на празникот на
Светиот апостол Аристовул
Свети Силуан Атонски
Душата којашто се предала на волјата Божја, лесно ја поднесува секоја неволја и секоја болест, затоа што и во болеста таа се моли и Го созерцува Бога: “ Господи, Ти ја гледаш мојата болест. Ти знаеш колку сум грешен и немоќен. Помогни ми да трпам и да Ти благодарам за Твојата благост.” И Господ ја олеснува болеста, и душата ја чувствува Божјата помош, и се радува пред Бога и Му благодари. Ако те снајде некоја неволја, тогаш размислувај: “Господ го гледа моето срце, и ако Му е угодно, тогаш ќе ми биде добро и мене, и на другите.” И така, твојата душа секогаш ќе биде во мир. А ако некој ропта: “Тоа не е така, а тоа не е добро”, тој никогаш нема да има мир во душата, дури и ако пости и многу се моли.
На 29.03.2015 година, вo петтата недела на Великиот Пост кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на Светиот апостол Аристовул во храмот посветен на св. Јован Крстител, во скопската населба Капиштец, свештеникот Славе Костадиновски во сослужение на ѓаконот Слободан Сарделиќ отслужи Божествена Литургија.Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата отецот произнесе празнична беседа.
Колку убава интервенција на природата
Преминпортал (к.т.)