Скопје, 28-ми март 2015 год.- Во параклисот на Соборен храм, на празникот на Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:
Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии, презвитер Зоран Копчаревски отслужи заупокоена Литургија.
Свети Силуан Атонски
Некои спорат околу верата, и нема крај на тие спорови. Воопшто не треба да се спори, туку само да се моли Бог и Мајката Божја, и Господ без нашето спорење наскоро ќе нè просветли. Мнозина ги изучиле сите вери, но вистинската вера не ја познале како што треба. Оној кој во смирение ќе се моли на Бога, да го просветли Господ, нему Господ ќе му даде да познае колку многу Он го љуби човекот. Горделивите луѓе мислат дека можат сè да постигнат со умот, но Бог не им го дава тоа. Ние Го знаеме Господа. Он ни се покажа Себеси преку Светиот Дух, и душата Го знае Него, и се радува и се весели и е спокојна. Во тоа е нашиот свет живот.
Преминпортал (к.т.)