Со благослов на Митрополитот Кумановско-осоговски, г. д-р Јосиф, Епархискиот црковно-образовен совет објави два нови наслови во својата библиотека: „Азбука на православниот живот“ од свештеник Димитриј Каплун и „Подвигот во нашиот живот“ од св. Исаак Сирин. И двете книги претставуваат добро четиво за оформување на црковна христијанска свест и духовност.
Влегувањето во храмот започнува со молитва. На Бога не Му е угодна секоја молитва, туку само онаа која е произнесена со вера, разбирливост и правилна состојба на духот. Според тоа, пред да тргнеме за прв пат во својот живот да одиме во православниот храм, потребно е да се запознаеме со азбуката на православната вера. Оваа книга е напишана за оние, кои штотуку го пречекоруваат прагот на православниот храм, подготвувајќи се да го примат светото Крштение или имаат намера за прв пат да пристапат кон Исповедта и светата Причест. Во неа авторот се потрудил накусо да ги изложи најосновните сфаќања на христијанската вера. На крајот, бидејќи не е можно да се опфати неопфатното, оваа книга не може да претендира кон целосно изложување на догмите на Православната вера. Нашата задача е многу поскромна – да го пресретне читателот на прагот од храмот, да му подаде рака и најдобронамерно да му ги отвори вратите во светот, каде што Небото слегува на земјата, каде што се простуваат гревовите и каде што Бог се сретнува со човекот.
(од воведот во книгата „Азбука на православниот живот“)
Извор;: кумановско- осоговска епархија